Идеална возраст 18 години? Страшно! Да останеш бремена на 17 год не е идеално ,туку непромислено. Периодот на образување,изградување и издигнување во секој домен од животот, да го замениш со родителство не е во ред. Периодот во кој самиот си дете и да чуваш дете е апсурд. Тоа е удар и за родителот (иден баба/дедо) од едно дете,наеднаш треба да се грижи за три деца,впрочем толку млада особа не е ни спремна за тој чекор,особено ако двајцата идно родители се на таа возраст... Образувањето сам и во пакет со мало дете не е исто! Тргнувам по себе,да треба топрва да студирам не знам како би се снашла во сето тоа. Абортусот не е опција,но што е контрацепција знаат и деца од петто оделение. Јас родив на 25 години,имав дипломирано,магистрирано си земав породилно , сопругот вработен и имавме решено станбено прашање што значи дека според мои критериуми бев спремна да станам мајка. Претходно живеевме две години заедно додека бев на магистерски студии и немавме план за дете бидејќи знам дека не можам тие две работи да ги вршам истовремено. Идеална возраст е тогаш кога ќе бидеш способен физички,психички,финансиски да гледаш дете,а тоа сигурно не е на 17/18 години.
Да се стане мајка е избор! Не е задолжително ! Ако некоја останала трудна на 17 години со срека нека и е , со здравје да си го чува , ако некоја сака да роди на 35 години со срека нека и е и на неа, што има врска која кога ке роди ? Јас се откажав од мајчинството , едноставно тоа не е за мене , но што е битно тоа кога би требало да се стане мајка?? Има посебен закон за тоа или ???
Лошо си разбрала. Не е физиката таа која што ќе те спреми психички туку работата. Да бидеме реални ама на 18 години повеќето девојки не ни почуствувале работна средина, да исполнуваат работни обврски па да осетат малку и атмосфера на викање и попуштање. Да научат дека не се секогаш во право, па и дека некогаш дека треба да се остане смирен а не да се избувнува иако си во право а другиот греши. Тоа на 18 години извини ама не може да се биде спремен. Не е се розово како што изгледа па момчето кое сега ветува дека те сака на 18 години и кога ќе имате бебе незнам баш дали ќе те сака исто. Огромни се шансите да се остави или можеби да оди на тројка и да земе субвенции. Ако сме разумни треба и тоа да си го мислиме нели ? Ќе го пишев потполно ова истово и јас. Потполно се согласувам со тебе. Мене ми беше јасно уште пред да го напишам тоа вчера, дека мислењата ќе бидат поделени па тие што родиле порано повеќето си се правдаат, тие покасно пак ме подржуваат итн. Така е и во општеството. Некој си гледа од своите баби и дедовци кои правеле глупости на времето( баба ми на пример на 16 години родила) но не и се лутам бидејќи како прво си ја призна грешката години подоцна во разговор, а и времето било такво. Тешко било и образование да се заврши, а имало и тепање ако не разбирале материјалот . Важно е дека порано или подоцна си ја сватила грешката. Немало интернет, немало едукација. Македонија само што излегла од едно српско и бугарско. Пред тоа турска робија. И до ден денес се чуствува дека не било исто дали ќе бидеш под турско или под австро-унгарска робија. Можеби таа не е ни крива што немало образование па и не можела да одлучува. Успех било и ако се заврши прво одделение, а таа завршила и осмо и тоа во бугарско па српско школо, им додавале презимиња па наместо правото презиме им додавале наставки виќ итн. Затоа не е исто тогаш и денес и затоа не би требало да се споредуваме со баби и дедовци. Денес при интернет, образование, огромна можност да се учи и патува, авио линии и цел свет достапен за 24 часа некој да раѓа пред 26 години само како што напоменав и претходно само за да не и избега момчето, ми е несватливо и наивно. Секој си знае, но некој да рече дека е подготвен без завршено образование или дека ќе го учи на 35 кога детето ќе порасне ми е наивно и смешно. Па тогаш детето ќе има 17 години па мајката и детото ќе треба заедно на факултет да одат нормално ако преживее детето до тогаш. Познавам девојки кои надвор од Скопје не отишле ниту еднаш. Врска немаат како функционира светот и како изгледа надвор од Скопје. Реченица не знаат да врзат од што се писмени и начитани. Книги им е досадно да читаат, а времето си го пополнуваат со гледање на турски серии и таа на 18-20 години ќе се мажи и раѓа. Не дај боже таква да ми биде мајка. И потомството ќе си го упропасти. Што ќе научам од таква мајка? На тие години девојки учат, спортуваат и рекорди рушат, а овие со средно деца ќе прават, па после работа немало. Абе да сте вие газди и да ви дојде некој со 18 години и бебе што има дома би го примиле на работа? Би ја прашале ли таа мајка дали покрај онаа работа, дали знае и нешто друго да работи? Па и девојките од Ромската припадност веќе кои во минатото ги гледавме како раѓаат и на 14 години не го прават веќе тоа. Познавам многу кои изгледаат одлично, Учат и вложуваат во себе. Кај мене на улица еден ром стално поминува со количка и собира картони и шишиња по населба да преживее. Човекот е душа многу добар. Комшијата го прашува дали има деца и дали и тие му работат тој Вели имам две и тие се средно образование а јас собирам шишиња да им обезбедам образование. Сакам да имаат факултет и да не се мачат вака Веќе се поретко и поретко е сликата каде 14 годишна ромка со исцепана блуза и папучи од чик куманово носи дете по улица. Шутка не е тоа што беше. Видел некој какви куќи има. Како се носат. Ретко веќе има заостанат народ. Срамота е да се враќаме назад, Турскиве серии се виновни можеби за тоа, но младиве имаат секогаш избор нели
Имам и јас пример сличен на твојот кој го даде со девојката. Имав школска која беше број еден во основно, дотерано, средено, убаво девојче, фино со сите. Но, утна при избор на средно училиште, а потоа поради финансиска криза во семејство не можеше да се запише на факултет. Од таков капацитет, девојчето работеше за мали пари, едвај преживуваше во Скопје, потоа се омажи со дечко од внатрешноста. Но, во Скопjе им беше претешко финансиски, па се вратија во мал град да живеат. Ниту во Скопје врзуваа крај со крај, ниту во малиот град сега каде нема работа, ама па барем кирија не плаќаат. Кога ја сретнав со демоде сомот панталони, со облека во сите бои на неа, едно со едно не одговара се зачудив. Мислев дека од неа ќе биде нешто во животот, но девојчето остана без перспектива. Сега е мајка на едно дете.
Се согласувам дека е животно искуство плус . Но , во овој 21 век колку луѓе се со факултет а се без работа ? Сестра ми заврши факултет . За што ? За да седи дома цели 5 години ? Знам луѓе што и повеќе од 4 години седат дома . Но сепак ќе се запишам на факултет бидејќи ме влече јазикот и сакам да го доучам за себе си првично . Многу предрасуди во еден пост . Зошто да не преживее детето ? Да не ќе го убијам ако имам 21 година ? Или не дај Боже ќе го отрујам ? Не знам вие на колку години сте почнале некаде да работите или да помагате кај блиски во фирма , ама јас од мала го правам тоа . Се понашале рамноправно како со вработен иако ми беа родители , иако бев 10 годишна , иако не им барав плата за помошта која ја давав бидејќи никогаш не го сметав тоа за нешто толку големо за кое треба да ми платат не е којзнае колкава работа да носиш роба ( секако полесна роба ) од еден до друг дуќан , или да продаваш додека татко ти е на боледување од здравствени причини . Никогаш не побарав за ова да ми биде платено иако 2 месеци го менував татко ми после училиште на работното место . И од мајките на 18 години што родиле има што да се научи . На пример , најпрво основни работи да чита , пишува итн ., а и некои животни лекции . На пример , јас од сега го учам син ми да чита , му зборувам на 2 јазика ( македонски и англиски ) и знае неколку зборчиња да прочита и да изговара на англиски . Не е секогаш се во тоа на колку си родил . За да го научиш детето нешто , не треба да имаш диплома од државен или приватен факултет и да имаш 25+ години , туку треба да имаш диплома од оној животен факултет , да искусиш и вакви и онакви работи . Може не сум горда што родив на 18 , ама горда сум што не го абортирав бебето на 18 , па утре да си ја чукам главата во ѕид бидејќи не можам да имам деца . Фала му на Бога се роди здраво право бумбарче , и ден денес е такво здраво право и доста бистро дете е . Знам дека никогаш нема да се покаам што донесов одлука да бидам меѓу " заостанатите што прават финти за да го задржат дечкотл " , подобро така да ме мислат отколку да бидам современа и да родам на 40+ ( без навреда , знам дека некој се бори со неплодност и жал ми е што во оваа група има и такви аздисани кои не се изнашетале до 40-тата , но сега виделе дека отчукува часовникот па ајде на 40+ дете ќе раѓаме ) и да останам со едно дете само . Пред некој ден имав прилика да видам колку се сакаат брат и сестра . И доволно ми е таа поврзаност помеѓу нив да трае цел живот . П . С . Јас би го примила баш тој со 18 и бебе мало дома . Бидејќи и тоа бебе заслужува да јаде . Не ја знам приказната човекот кој станал родител на 18 нели ? Што би рекол Еминем : " Влези во моите чевли , само да видиш како е да бидеш јас " .
А толкава трагедија е ако "останеш " со едно дете" по сопствена одлука,а не од здравствени причини? Еве, јас на пример имам 27 години и сакам само едно дете и сега за жалење сум?
Одма со осудување бре, точно може не е физички и психички спремна на 18, ама не значи дека е немајка или нема што да му пружи на детето. Колку денес завршуваат факултет и ќоро и сакато, многу од нив не ми личат воопшто на академски граѓани. Од моето искуство барем. Знаеме во што го претворија факултетот, како беше некогаш и сега. Затоа и такви ни ги учат децата. Ама тие не ви сметаат, битно се со факултет. Не дека и јас спаѓам во таа категорија и ги бранам, туку имам разбирање. И секоја ли денес е со факултет и остварена на 25 години? Таман работа да се запишуваа сите, иако секој втор е. А да не зборам за тие што не можат да најдат работа на струка..
Не е работата дали ќе најдеш работа по струка или не туку дали си способен да гледаш , издржуваш и воспитуваш дете. Не е работата да родиш и да се ставиш на грб на родителите,па кај мора да гледаат деца,па и на финансиски терет да им се стаиш? Да родиш дете најлесниот дел од родителството, најтешкиот дел допрва доаѓа, а девојче/дете од 17/18 години не е способно само да се носи со целиот тој процес.
Јас станав мајка на 19. Па некои од 30 неможат на прст да ми се фатат. Се е до умот, љубовта, грижата.....
@Albertos во право си за секој збор.Сега се сетив на еден пример, за жал и тој ќе го сместам во неуспешни. Девојкава штотуку се запиша во прекрасно средно каде што децата се молат да ги примат.Многу сакаше да учи, немаше уште 15 години а беше премногу интелигентна. Се падна во вода кога најде еден дечко што немаше ни средно, работеше повремено тешки физички работи, постојано ја убедуваше дека треба да роди, сама ли ќе седи, истото и го викаа и неговите, затоа што наместо да излегуваат, тој ја запозна со нив, и го оболеа девојчето, секој ден по сто пати и викаа кога дете, и викаа дека само фрла пари за школо наместо да допринесе, и даваа примери дека сите имаат деца, и не знам како, успеа да ја легне, остана бремена на 14, до толку ја изманипулира и сега таа има 20тина години, неодамна роди 4то дете, маж и вика дека така треба, само неспособните оделе на факултет, таа остана со осмо и покрај законот дека секое дете мора да има средно, не знам што направија .Зима пензија и никогаш од Скопје нема излезено. Во меѓувреме, нејзините школски дипломираа, една нејзина школска стана професор, друга работи со мебел и дизајн, имаат и архитектки, има и школски со изложби, со бизниси, ама тие беа ментални, малоумни, немајки, беа злобни затоа што сакаа да ја спасат, и ког а и да се скара со маж и тој и вика-имаш дете, што бараш повеќе? И така со 4 деца, ништо не виде, ни децана сироти на еден одмор не ги однесе, ама битно не е јалова,сите роднини на маж и викаат леле ама се убави децана, супер сте, браво знаеш да мењаш пелени одлично, и толку и пропадна животот.Нејзините не ги ни гледа, секогаш тие таквите не се баш друштвени со сватовите.И кај и е убавината? Има 4 за да зима пензија, бидејќи со осмо никој не ја сака. Не знае ни јазик, нема ни диплома, затоа што маж и викаше дека се работи и без тоа. И за да биде најлошо, ја навредува дека нема пари, дека е проста, а сам и направи така. Не знам, ама гадно е.И да, плус не беше ни спремна да се породи, едвај преживеа.Кј е убавото?
@lilo па добро ако ти е убаво ок. Имам уште еден пример, девојка роди на твои години, и ветија дека ќе и помагаат за учење, за се, но кога стигна бебето сите околу него, ни беше наспана ни одморена ни сила имаше.2 недели се мачеше, тогаш немаше испити, ама се освести, зема поддршка од нејзините, и прво отиде на нотар, се откажа од детето, му го фрли на маж и и му кажа штом во мене свршуваше гледај си го! И 100 пати во бременоста проба да го абртира, но беше предоцна, намерно не одеше на преглед, не се хранеше, работеше тешки работи, на сите им викаше дека сака мртво да роди, сите негови познати ја правеа психопат, ама девојката сега е во странство, не учи мк, шета по европа, а маж и има бебе дома.Не е баш нај, ама и беше едина опција, бидејќи од доење, пелени, кашички немаше да заврши и да најде работа.
По чии критериуми? Сите за себе можиме истото да го тврдиме, без разлика на години. Самата кажуваш дека не е до годините, па и споредувањето со 30 годишна не е соодветен.
Што мислите за оние мајки што во име на слободата се откажуваат од децата и мажот заедно и што почнуваат нов живот далеку? Ептен беше осудувана мојата познаничка, но бидејки нема да судам, а и немам ни дете ни маж, сакам мислење...
Па добро јас се надоврзав на некоја што рече џабе факултетот ако не работиш по струка. А колку примери има што отпосле се вработиле, откако родиле, тогаш сфаќаш дека мораш да работиш за твоето дете. И сега одма да осудувам немајки се тие. Ако вие мислите дека се терет на родителите некои не мислат така. И од кај знаете дека мажот нема големи примања, или и него му се терет? Темава е слична на таа чекање на се, па после брак. Колку и да чекаш коцките да се наредат нема никогаш. Секогаш нешто ќе фали. Никое бебе не умрело за јадење. Се знае што е подобро, ама животот е круг, ништо не е сигурно. Таа неспремна на 18, а некои и на 30 не знаат чаша да измијат и да си ја кренат постелата. И нека биде спремна за дете на 30, може нема да има слога со мажот. И што му овозможила на детето тогаш...само страдање.
Јас имам среќен брак полн со љубов. Навистина детето го родив на 19 но со правиот човек. Имам и подршка од неговите. Отпосле завршив вонредно и факултет. Се гордеам со моите достигнувања. Ако има љубов и слога со саканиот тоа е совршено време. Сепак сум за полнолетство. Нормално е дека секој сака децата да му се омажат или оженат од кога ќе дипломираат. Но тоа е сепак судбина.... А има и случки ќе родат на 30 па разводи, трауми за децата......
Majkata ima idgovornost so donesuvanje na nov zivot da go odgleda deteto kako znae i umee barem do vozrast 18 god i da go pusti da samostojno se grizi za sebe.Shetanjeto niz svetot a ostavanjeto decata vo drugo gnezdo drug da gi gleda e neodgovornost.
Немам добро мислење Ако веќе решила да раѓа мора да превземе одговорност, зашто улогата на мајка е една од најтешките, затоа и толку се полемизира на темава. Прво биди спремен, па потоа основај семејство.
Не сум ја видела, сега според мене не е ок, не сум и јас по деца, ама заради што не сум спремна.Таа нотарски се откажа, т.е не му е мајка, само го роди и му го фрли на маж и, му рече барај помош од сите што ти викаа кога принова! И си замина, не ни доаѓа тука, никој не ја сака.Само ние што сме поблиски знаеме дека роди,го крие, не се ни замара. Што знам гадно ми е некако...И што кога ке порасне? @Kitten додека беше бремена 100 пати проба да го убие, не идеше по прегледи, не јадеше, посакуваше мртво да се роди мене ми е многу страв да имам дете, прво заради неуспешната врска, после заради вакви, многу ама многу ми е страв Му кажа на бившиот сам да си го гледа, и тој ја остави.Му посака да му почине, се најлошо
Се запрепастив. Ова е пример дека не секој е створен за да биде мајка. Едно е што сметаме дека на ептен млада возраст не треба да се имаат деца ама примеров е брутален. Има девојчиња кои иако родиле млади добро си го одгледуваат детето. Оваа девојка не заслужува никогаш да стане мајка, и покрај целото образование и шетање мислам дека нема да го замени фактот дека е лош човек. Свесно да се повредуваш и себеси и детето, да го мразиш и да го оставиш само зашто си неизживеан е вистински страшно.