Што мислите според вас која е идеална возраст за да стапите во брак со вашиот партнер. Јас мислам 25 - 26
Па мислам дека нема индивидуална возраст за брак, зависи од партнерите. Обично девојките чекаат за завршат факултет а машките да се вработат, па затоа е подобро партнерот да е некоја година постар, ама и ова не е правило. Во секој случај треба да се пази на возраста затоа што ние жените треба да раѓаме, па не е препорачливо многу да се чека. Имам другарки кои рано се омажиле но поради проблеми со забременувањето покасно родиле. Од таа причина треба да се внимава на возраста. Ама сепак секој со својата судбина.
...нема.Сепак тоа е индивидуално,секој си знае кога е спремен да стапне на лудиот камен,кога е спремен за поголеми обврски,за чување деца,сепак бракот носи огромни одговорности.Сепак мислам дека најнеидеално е на 16-17 години.Тогаш сеуште некое девојче не знае само јајце да си испржи,па не цело семјство да гледа.А за жал на тие години мислиме дека дечкото што го имаме во моментот е совршен,тој и никој друг,а каде е тука вистинската проценка на личноста?
Не може да се даде конкретна возраст, затоа што секој човек различно созрева. Според мене за еден пар да стапи во брак пред се треба да бидат и двајцата зрели личности, кои знаат што сакаат во животот, кои имаат свои ставови и принципи, кои можат да се соочат со предизвици, искушенија и проблеми, кои доволно го проживеале нивниот живот и стекнале искуство за да можат да оформат семејство и да одгледуваат нивни деца. Значи тоа се случува кај секој различно. Кога секој ќе успее да изгради сопствена кариера за да може да има основа со што ќе го издржува сопственото семејство. Значи не ги оправдувам оние кои не направиле ништо со својот живот, а веќе се спремни да бидат во брак, врз која основа? Како тие ќе ги одгледуваат нивните деца, со што ќе ги издржуваат, како ќе ги воспитуваат, кога немаат доволно проживеано ни самите... Најлесно е да родиш дете, но што потоа? Ако немаш можности да го одгледаш солидно, зошто да му го ставаш животот на ризик и од него наместо да израсне квалитетна личност да биде тоа некој кој ќе биде оставен сам на себе.. Ќе речете па и многумина израснале во неповолни услови и се здрави и прави, да точно е тоа, но ние сега живееме во 21век, учиме од грешките и се стремиме кон подобро, значи размислуваме потрезвено и сакаме да можеме на нашите деца што ќе ги имаме да им овозможиме нешто што ние сме го немале. Значи бракот не е само потпишување на документ туку огромна обврска која треба секој доследно да ја носи и испочитува. Се распишав многу, извинете на долгиов пост ама така ми дојде...
Па незнам која е идеална .. секој за себе си знае .. нема некоја конкретна мислам .. али по моиве планови јас би на 25-6-7 Не е рано ?
Пред да се мажам ,ако ме прашаше некој кога ек се мажам ,му велев ..после 25-тата година. И така и би! Се омажив на 26 години. Родив на 29 години. Ако ме прашате пак ...вака ке кажам..... Најубаво за женско е да се мажи на 24-25 години. На 26 години да го роди првото дете,а после на 29-30 години и второто и со то ада заврши,а после да се посвети сериозно на кариерата.Претпоставувам,овде дека до 24 год.ке заврши факултет. Не треба да се чека многу или како што слушам во последно време ...дека најубаво било да се мажеле после 30-тата hock: Лошо е ако се закасни многу..организмот на жената е најпродуктивен до 30-тата,башка што ке имаш и нерви повеќе и ке завршиш на време. Јас така мислам и тоа од искуство ,ама како што велеше баба ми ...човек се мажи/жени кога ке падне венец од Бога ,значи секој со среќата.
Немој да си оф-топик.... Не е баш згодно да се омажиш порано...ај ти што ке си незрела ,ама машките покасно созреваат ,па ке треба да му бидес мама!
Ако е толку постар...размислувај на 40 години од каде ке фаќаш швалер..пошто него нема да го бива! И доста !...ке не избришат админките!!
Кога ќе бидете самостални, работа стан пари и кога тој некој е оној кој ке ве трпи до крај на животот.
Откога ќе завршам факс и ќе се вработам, па уште некоја година да поуживаме па брак некаде околу 25 год. Таа е идеална возраст според мене.
Не знам немам некој посебен став, за себе..не сакам многу да чекам, сакам да бидам млада мајка..да си исчувам и внуци...до 25 години најкасно според мене
Гледам повеќето девојки рекле 25 години. Ама кога ќе имате 25 нема да мислите исто, ќе си викате: па млада сум, што се 25 години Јас летово ќе полнам 24 и тешко ми е да се замислам во брак и со деца. Според мене од 28 до 30 се идеални за брак.