30 па нагоре, но нормално не би ја нарекла идеална, туку возраст на која јас мислам дека мозеби ке бидам спремна за таков чекор. секој си има своја "идеална" возраст, иако и тоа за кое мислиме дека идеално мозеби и не е
Стросната граница дефинитивно е поместена. Ако порано било срамота на 29, 30год. да си немажена сега Каролина е предвесник на новата мода. Кога подобро ќе размислам и така е. Бракот е за цел живот, треба добро да се процени со кого вреди да се помине остатокот на животот а и тоа да биде стабилна личност со веќе изградени ставови. Значи, на кого кога му е пишано, нема правила. Познавам пар што се венча пред еден месец (и двајцата 46-годишни и ова е прв брак за двајцата) и сите беа среќни за нив, без претходни притисоци од нивните семејства. Повеќе сме под притисок на општеството и што другите мислат за нас, но не сум застапник на теоријата да си во брак по секоја цена. Свој леб јади, туѓо гајле не бери!
Реален пример за погрешно детерминирана старосна граница: Кај повеќето прочитав дека се врти околу 25-тата година. Јас имам речиси 25. При здрава свест и чиста совест тврдам дека не знам да перам, пеглам, ручек да правам, дете да чувам, маж да трпам, кревет да местам, за дома да гледам пред да се обезбедам себе си. Ви изгледам ли според овие карактеристики дека сум подготвена за невеста? Секако дека да, нели љубовта беше важна. Погоре нешто прочитав и за најповолна возраст за рожба. Медицинава дозволува и на 45 да станеш мајка. Желбата и потребата за потомство се важни. Идеална возраст за брак е кога ќе се чувствуваш доволно зрела за прифаќање на сите права и обврски што ги носи бракот, а не кога ќе мислиш дека е редно зашто сите прават така, зашто роднините ве тераат или зашто мора деца да се изродат со време.
За мене нема ИДЕАЛНА возраст за БРАК која кога ќе се почуствува спремна,познавам жени кои се сега разведени,а омажени на 19,21 па дури и на 25неможејќи да се најдат себеси се одлучуваат на развод,Не оспорувам има и девојки кои се омажиле на истите години па се сеуште во брак.Треба само да почуствувате кога сте подготвени
Па убаво за Вас, навистина. Ама зошто мора се да биде по обратен редослед, од оној кој некако понормален а и полесен е. Ова понормален сепак се согласувам е релативно. Ама секако е потешкиот пат, признајте им го тоа на овие девојки Феминки. Нека не брзаат, нека уживаат во животот, несакаме фрустрирани индивидуи. Нека се изнаживеат за три животи, па потоа нека создаваат нови животи. Нека завршат формално образование, нека се вработат, нека си изнакупуваат милион скапи парфемчиња и очила, нека изшетаат милион тури за секој празници.. и послем сами заситени од се, ќе посакаат нешто што се вика поинаква димензија и смисла на постоењето - семејство. Ете јас, невелам е исправно, постапив така, имам 34 години, веренички прстен.. Научив што е битно во живото, таа ука не се добива на 20 години и сега секој проблем го очекувам како предизвик. Постојат стравови да, ама за нив да не даде бог на никој дом да тропнат. Тука годините не играат никаква улога. Значи според мене ако може да се избира што подоцна брак. Ама секој како избере, и ако не избере брак и семејство, јас само барам модус за полесен и поквалитетен живот.
^ Не сакав постот да изгледа како убедување сите да се испомажат млади оти мене ми се погоди така, туку се дадов за пример дека и на што се смета млади години за брак, човек може да е зрел за тоа. Во темата ,чекање на се, баш реков дека ако двајца можат да си стават кров над глава, да се одговорни самите за тој кров, што значи вработени, тогаш ако сакаат да се мажат спремни се за одговорноста. Има многу важност и тоа каков е парот,оти јас си реков ако се мажам повторно на 21 пак би со овој маж. Зошто си го знаев каков е, какви сме двајцата, што сакаме од животот и еден од друг, дека нема ниту тој да ми попречи ниту јас нему. Пример дека нема да ме чува како ан'ма дома, па и ден денес да ја имам таа слобода да тргнам на викенд, со другарки, и тој да ме носи на аеродром и да ми рече убаво да си поминеш, имаш ли доволно евра за џепарац (истрениран ) Да се осамостоиме саглам и создадеме нешто наше, заедно ни успеа за побргу отколку посебно да сме терале со години. Дека обратно сме терале од традиционалното, тоа за вереничкиот прстен на шега беше секако. Нели, ако не сме се изнаживеале на младите години поради обврски, сега можеме да си дозволиме, а макар што јас се жалам почесто, ама не се земам сериозно, дека стареам, сепак сеуште сме млади да ги уживаме, а не верувам дека од шетање по топкава ќе се заситам некогаш, без разлика колку години имам. Признавам, да, може потешкиот пат е, само не сум го изодила другиот па да споредам. Јас сум сакала најнормално како и сите на тие години, да не се фрлам во озбилниот живот уште на 18, ама јас немав избор. Кога треба сам да се снаоѓаш на тие години за една година 10 ти се чинат. Значи пак се врти на тоа да не се годините во прашање за брак, туку кој кога созреал и е спремен за тоа.
драга имелда кога те читав навистина преубаво ми дојде и драго ми е што се уште постојат луѓе кои сметаат и кои стварно се увериле дека коцките во животот наеднаш не може да се наредат туке се со тек на време! искрено те поздравувам
29-30-31 Во главно коа ке осетам дека сум спремна на таков чекот,иако не верувам дека ке биде тоа пред наведениве години
идеална возраст за брак е кога ти ке се почувствуваш спремна за обврскии ред други работи ама секако да биде над 24 г па нагоре,зошто да не си го изживееш времето во младоста слободно и како што сакаш,туку со обврски и секако со влијание на сопругот
Идеална возраст за брак? - Кога и двајцата ке се чуствуваме спремни и сигурни ,годините не играат ама баш никаква улога -
Ме утеши. Не знам дали ова тема е погодна за ова што сакам да прашам, ама дечко ми е помал од мене( 5 год)и ми зборува за брак...а јас сакам, се чувстувам спремна,но ми е страв од него и за него...да не ме изневери , да ме смени за помлада, да не се покае, (иако доста има поминато и излегување и девојки ) и му го имам кажано ова и ме уверува дека тоа нема да се случи не знам .....дали да се опуштам и да прифатам или...инаку планира(ме) догодина тоа да се случи учте малку да порасне п.с.инаку воопчто не се познава дека е помал сите велат дека сме ги смениле годините
Зависи олку е спремен дечко ти, колку има поминато во животот, ако си му прва озбилна врска тогаш нема шанси да е спремен за брак, можеби мисли дека сега ти си жената на неговиот живот, но јас би те советувала да почекаш уште некоја година, за тебе е таман според годините како што гледа, ама за него е уште рано , 20 години е премногу рано за машко да стапи во брак, верувај ми, ова ти го кажувам од искуство и безброј случаеви знам, размисли си добро пред да направиш голем чекор во твојот живот, за да не се покаеш покасно
Дефинитивно е индивидуално, иако сепак мислам дека околу 30 години е најидеално. Постојат многу работи кои треба да се видат, изживеат, завршат, за да личноста созрее и емотивно и во секој друг смисол и да влезе спремна во брачни води. Пред некој ден правев муабет со 22 годишна мајка, која е во супер брак но ми се жалеше дека и фали собирање со другарки и искачање по дискотеки. Јас имам 31 и тие работи ми се изживеани... ова чисто како мал пример од многуте за спремна и неспремна.
Сите сме различни, од различни средини, со различни очекувања, желби и можности истите да се остварат, и за сите не важат исти правила. Што фајде ако се чека 30 со намера да се изживеат многу работи, да се стекнат многу искуства, да се дојде до одредена зрелост и стабилност ако немаш можности или желба пример да се образуваш, да излегуваш, да шеташ, да бираш, да менуваш...туку си седиш дома, уживаш во домашните обврски и сонуваш за маж и дете а плус имаш и човек до тебе со кој сакаш да минуваш по тој пат... Да не е само почетна љубовна еуфорија каде се оди со глава во ѕид додека околу тебе вриштат аларми за опасност, инаку доколку сте спремни, озбилни и свесни донекаде во што се впуштате и го прифаќате истото со радост, тогаш нека ви е со среќа...
Има само прерано, а тоа според мене е под 18 години. Прекасно нема, ниту идеално. Откако една личност ќе созрее и ќе биде психички подготвена да стапи во брак, (бидејќи нели брачниот живот носи, не само убави моменти, туку и обврски и проблеми) а воедно и бракот е она што го посакува, тоа би било идеално време за стапување во брак. Има најразлични луѓе. Има луѓе кои практикуваат долги врска, а избегнуваат брак, или пак други кои исклучиво целат кон брак. Тоа универзално гледано. За мене идеална возраст би била после 27-8 години. Прво да си ги остварам зацртаните цели, а за брак има време.