Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за брак?

Дискусија во 'Брак' започната од lavce, 7 март 2010.

  1. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Сериозно !? Па колку може некој да има поминато на 20 години,ако ти се точни годините што си ги напишала 25 тогаш тој има 20, а машко на 20 да има многу поминато хммммм. Ајде да речеме и дека има “ Многу“ поминато, си размислила ли за процесот на стареење?
    Земиго предвид и фактот дека емоционално денес покасно се созрева.
     
  2. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Нема идеално. Едноставно кога и двата партнери се подготвени за следниот чекор. Тоа се чувствува.
    Единствено, сметам дека не треба да биде пребрзо. Треба да се поминат некои работи во животот, да се изгустираат потполно пред да се премине на брак. Најлошо е ако по извесно време кај еден од сопружниците почне да се јавува чувство дека избрзал, не проживеал доволно, заради другата личност. Затоа, се во свое време ;)
     
  3. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    јас лично би сакала да се мажам во период од 23-25 години ова е личен впечаток, исто важи и за идеална возраст да се има дете затоа што е мајката млада :)
     
  4. maja1234567

    maja1234567 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    За мене идеални години се од 24 до 28 но сега нашите врснички некако премногу избрзуваат и многу рано мајки стануваат, а што виделе тие од животот?! НИШТО!
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Многумина се прашуваат кога е вистинското време, односно вистинската возраст за да стапнат на лудиот камен и притоа да живеат во хармоничен брак која нема да заврши неславно по некоја година. Сите луѓе се различни и сите созреваат со различна брзина. Апсурдно е да се постави старосна граница која се однесува на сите луѓе.

    Но, ако се зборува за мнозинството луѓе, тогаш според статистичките податоци не е мудро да се стапи во брак пред 30 години, на таа возраст се смета дека луѓето се најподобни за брак.

    Според статистсиките на Центарот за контрола на болести на САД, бројот на бракови склучен пред 30 години, кои пропаднале е огромен.

    Иако до пред некое време се сметаше дека Македонците се постабилни на тоа поле сепак статистичките податоци од минатата години покажаа рекордно високо ниво на разводи. Минатата година во Македонија имало 1753 разводи.

    Понекогаш луѓето стапуваат во брак од многу погрешни причини: финансиски причини , бременост, бегање од дома... Комбинирањето на една лоша ситуација со уште една грешка никогаш не е мудра одлука. Пред навршувањето на 30 години се случуваат две многу важни работи, а тоа се развивањето на фронталните или челните лобуси, а другата е враќањето на Сатурн.

    Фронталните лобуси се дел од мозокот на цицачите, и се наоѓаат во предниот дел од мозочните хемисфери. Тие може да се развијат во секое време на возраст меѓу 18 и 24 години. Кај мажите, тие се развиваат подоцна и кај нив тоа е подраматично. Фронталните лобуси се центарот на нашето емоционално постоење и личност. Со нивното развивање лицето е во можност вистински да ги сфати концептите на долгорочната обврзаност, и последиците. Покрај тоа, лицето развива свои чувства во врска со овие концепти.

    Во суштина, не е физички возможно момчињата на возраст од 20 години да сфатат како се чувствуваат за обврзувањето за цел живот. Втората голема промена кај луѓето се случува на возраст од 27 - 28. Таа се вика „Ритуалите на премин“ или „Враќањето на Сатурн“. Според многу култури тогаш е вистинскиот почеток на зрелоста, ова не е физиолошка промена, туку духовно будење. Тоа подразбира прифаќање на себеси и способност на луѓето да се фокусираат на она што тие сакаат да го прават со својот живот.

    Пред да се обврзете дека ќе бидете со некого и ќе го сакате и во во добро и во зло до крајот на животот, најпрво треба да се обврзете дека ќе се сакате себе си и во добро и во зло до крајот на животот.
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    [СДК] Сакам да кажам...

    Кликам на активни теми, кога гледам нападнати од теми со свадбарска тематика :D .
    Сноу, веќе знам што ќе му посакам на Дедо Мраз :) .

    Туку што е толку таа желба на девојките што побрзо да стапат во брак (ова општо, не само за тебе Сноу)
    Секој ден ми се појавува по некоја нова невеста на профилот, сите колешки од факултет и пола другарки ми се испомажија :o
    А ги гледаш и тој и таа невработени, или е врската кратка, не го ни знаат човекот, или се влечеле со години па веќе немало смисла, што ќе кажеле комшиите (да, да и тоа го има) или веќе тоа било следно по дипломирањето, со бебче имало обврски, вака без работа- досадно, со бебче подруго е :o (да, да и тоа го слушнав).
    Јас добра, еве си измешав турско кафе и нес и учам, се надоградувам.
    Не планирам да раѓам бебе само за да си створам обврски на овие години, сакам прво да се реализирам, да можам да го погледнам утре во очи тоа дете и да знам дека сум му овозможила нешто, а не да го праќам по белиот свет да работи се и сешто, оти дома нема услови за живот.
    (овде не мислам на сите тие шетања по Америка и Германија финансирани од родителите)

    Само не ми е јасно кога околу вас гледате толку многу промашени животи и бракови, како толку лесно и зенесено влегувате во истиот и верувате дека се ќе биде поинаку, а и најголемиот лаик по математика гледа дека веројатноста да биде поинаку е никаква.
    И после партнерите се буделе како странци едни покрај други- па како нема да се будат кога се лажат меѓусебно и после, ааа, не било баш така како што збореле.
    А да пробавте прво да живеете заедно дечки, да се запознаевте, да видевте дали си одговарате?
    Туку заборавив, не може така, што ќе кажат комшиите, живееше со него невенчано- шшшшш[​IMG]
     
    На vesni4kaaa, rossonerka, nela.oh и 22 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.386
    Допаѓања:
    250.080
    [СДК] Сакам да кажам...

    Сеси те цитирам тебе за да се надоврзам на темата :) .

    Јас пак, покрај експанзијата од венчавки и невести на профил, го приметив и хејтањето за истите.
    Прво, девојките од 18 - 20 години се мали за брак, несозреани, деца, кои не знаат за себе да се грижат, а камо ли за бебиња. Мажите исто.
    Девојките од 20-25 апсолутно не се брак, тие мора да се надоградуваат, да завршат факултет. Девојките над 25 години пак не се за брак, тогаш мора да се реализираат за да можат еден ден своето дете да го погледнат во очи.
    Девојките после 30 години се реализирани, способни за деца, ама имаат превисоки критериуми, па никој маж не е совршен, не може да ги сфати ниту пак да ја прифати нивната кариера.
    И да не набројувам, ама од овие изговори глава боли. Зарем е смешно и незрело девојка од 25 години да стапи во брак, да има дете?
    Јас се прашувам која е идеалната возраст, па да не наидуваме на вакви коментари дека демек бракот не е од љубов?! Па нели од љубов не се живееше?

    Идеално време не постои, идеален партнер не постои. А на 25 годишна возраст ако не си доволно созреан и спремен за брак, тогаш јас губам контакт со реалност. Побогу каде живеам.
    А за услови, па ви се молам, па зарем секогаш би биле идеални, како на почеток. Има примери каде што парот кога се венчале биле со одлични работни места, приходи, па основале семејство, па по неколку години останале без работа. И сега што, според овие коментари треба да се разведат, детето во дом, и ќе чекаат пак за да основат семејство. Нема совршени услови, ако чекаме, се плашам дека и никогаш нема и да ги има. Реалноста е таа, а во неа се среќаваат семејства кои започнуваат без ниту еден вработен, во меѓувреме, им се раѓа детенце, родителите имаат мотив за кого да се бораат, наоѓаат работа и по неколку време имаат одлични приходи и семејство.

    Животот е борба. Не знаеш дали догодина ќе имаш работа или не. Тргнувам од себе, моите имале кога сум се родила, па немале, па пак имале. Собраа сили и пари за да ми понудат образование какво што посакувам. Во меѓувреме татко ми смени неколку работни места во текот на тие 24 години, се бореше само за нас, за ние да имаме нормален живот. Заедно со мајка ми, тие се моите херои, затоа што секој ден се борат за нас, а не само пред да стапат во брак. Не си поставувајте вакви услови, нека ви бидат цел, ама не и пречка.

    Упорноста и квалитетот кога тогаш излегуваат на површина. Чекањето често се покажува како крајно непродуктивно и изгубено време. А за стапувањето во брак секој си има свои причини. Кој од долга врска, кој од кратка, ако мисли дека ја пронашол вистинската личност, со среќа нека му, па дури и на 20 години. Љубовта и подршката од партнерот имаат некоја магија, која ти дава сила да се бориш во животот. Не лишете се од нејзе, имајте некого до себе, полесно е да се надминат сите неуспеси, а најубаво се слават сите успеси.
     
    На joelle, ludoto19, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.163
    Допаѓања:
    156.501
    [СДК] Сакам да кажам...

    ^ Ако сте среќни со своите одлуки,нема зошто да ве провоцираат туѓите. Никој ништо не очекува од вас, ако сте убедени дека не ви значи туѓото размислување за разлика од овие што сакаат да се мажат, нема потреба да се ужаснувате од идејата дека некој се мажи на некои си години. Сме дискутирале на темава соодветно,но теоретски каде и јас изнесов ужаснати постови со некои си мои аргументи чисто за да ја поддржиме дискусијата каде ревносно си бранев свои размислувања кои се исти како и вашиве(ама потенцирам во теорија ако зборуваме про и контра),ама тука веќе на СДК зборуваме за случаи од животот. Не сме вадени сите од калап, навлегуваме во зона на релативности,а цело време зборуваме за понаквост од масата. Со ова испаѓа дека треба да создадеме маса која ќе е усогласена со нашите размислувања со цел да бидеме прифатени. Биди *мажот* што ќе пркоси и ќе живее по свој критериум.

    Ако создадеме една коехзија, практично одиме во обезвреднување на се што носи различност и прогрес.
    И онака еволутивно не сме облагородени да умееме како да отскокнуваме, во суштина сме примитивци сите, зошто пак на сила да наметнеме вредности и навики кои ќе бидат едни и единствени?! Можеби за тие луѓе аргумент е - вие сте незрели во секоја смисла (што во голема мера и е точно) или имањето деца на помлади години овозможува поздраво потомство и низа други аргументи. Како ќе се косиме со истите?! Никако.
    Нека прават луѓето онака како што се чувствуваат среќни. Доволно се гушиме во некои вештачки норми, доволно зборуваме за исправното и погрешното, доволно кршиме табуа расфрлајќи се безобразно со секс и се што нуди истиот, мислејќи дека така сме понапредни и дека тоа е правиот начин на кршењето табуа,а сепак тонеме го говна катадневно со други суштински побитни работи. Да сублимирам, нека живеат како сакаат и како што се среќни,тоа е правиот избор. Се што носи фрустрација не е во ред. Остави да погреши за да научи. Во животот се греши безброј пати, само треба да имаш храброст под број еден за да пробаш од ново и да не се плашиш од туѓото мислење кои и да ти се изборите се додека не повредуваш и убиваш луѓе.

    И овие и ние живееме во бајка. Овие се убедуваат дека нивната врска е беспрекорна,а можеби и не е и е заснована на цврсти столбови,а дел од нас сањаат за некоја голема љубов која не постои ни во книга на Спаркс,а нечија е замисла е млатње празна слама од типот ме третира као права дама и ми носи појадок у кревет,а за друга е се запознавме на луд рок концерт и тоа беше љубов на прв поглед...Мхм. Кое пак е исправното и кој на крајот го има опипливото во раце каде веќе е ствар на прагматизам?!

    Така што, не се оптеретувајте по овие прашање,не бар во реалниот живот. Ако се потрудите да наметнете некои си норми, поверојатно е дека ги поткопувате вашите битки. Оставете секој со своите можности да процени она кое нему му одговара. Умот чувајте го за себе. Ако нешто научив во последниве месеци,тоа е. Не сакам никој да биде несреќен, но некои луѓе едноставно така одлучуваат, некому ќе отвориш очи и на крајот ќе чекаш благодарам кое уствари не ни треба да го добиеш затоа што сам си дал помош,а да речеме дека можеби ќе ти се одбие од глава,пошто од некого ќе направиш човек и ќе ти собере тоа што можеби тебе ти припаѓало.

    Мисија ми е само да се одучиме да реагираме онака како што реагира масата,по инерција и навистина во пракса да биде она, не ми е битно што мислат другите. Можам само да го бранам своето мислење кое го делам со вас,тука, но во реалноста, никогаш нема да го кажам никому. Можеби еден ден тие моми кои се омажиле ќе имаат и кариера и деца и маж и прошетан свет, јас ќе имам кариера и ... толку,а можеби и неа нема да ја имам, заради високите очекувања во светот кој можеби и нема што многу да понуди или има,но Македонија,моите одлуки, светот,можностите нема да ми го дозволат истото.

    Ништо не е гаранција за ништо. Ова е безвредна ствар за да си ги замарате умчињата кој и како направил и одлучил у животот.
    Ништо не е црно-бело. Можеби мојата,вашата љубов која ќе ја сметаме за вртоглава ќе биде погрешна зошто е запацување у фадр фигр,ама оди па разубеди се дека не е љубов кога ќе ти цуцне на душа! :D Можеби кариерата ќе ни биде обичен референт у некое фирмиче,не дека е лошо,ама за така амбициозни цуци тоа е и мал и лесно достапен залак! :!:
    Се занесуваат и тие,се занесуваме и ние,ама кој како ќе ја нареди на крај... тоа е друго.
     
    На Ordinary, Libera и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Пред малку се логирав и гледам дека мислењето ми е преместено поради надоврзувањата на Јуле и Лилит.
    Се согласувам со дел од постовите и на двете, ама мојот пост не беше за во оваа тема, туку моментална инспирација за време на пауза меѓу учење и реакција на акцијата на експанзија на свадбени статуси и фотки на ФБ и моите чувства во врска со тоа, а не за тоа која е идеалната возраст за брак.

    Имам уште многу да пишувам ама сега немам концентрација, сакав само да кажам дека мислењето ми беше за во Сакам да кажам, затоа што тоа сакав да го кажам во ситните ноќни часови бидејќи сите активни теми беа за свадби, и се што гледам во последно на фб и по порталите се свадви, свадби, свадби :^) , а за темата има многу да се зборува, сепак секој има различни амбиции, цели, желби и секој различно го сфаќа животот, а некој не го ни сфаќа туку си прави “како што е редот“ и не му ја мисли многу.
    Дали е така најдобро тој си знае, иако не би сакала да имам таков мозок и да живеам во заблуда.
    Иако свесна сум дека некој мисли дека и моето мислење и коментари за истите се тешки заблуди, ама нејсе...
    Ќе се навратам пак можеби на темата, сега имам страшна главоболка и не можам да се сконцентрирам.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.386
    Допаѓања:
    250.080
    Сеси па затоа и реков дека ќе се надоврам на твојот пост :)
    Впрочем во целиот пост се опишувам всушност себеси, која сеуште не сум расчистила со себе.
    Теоретски, тврдам дека можно е да се постигне се, ако се сака со вистинскиот партнер. Но ете и јас се плашам да направам таков чекор. Себично, не знам, ама пред се, се ставив себеси и моето надоградување и реализирање. Самата одложувам, самата поставувавм рокови и искрено не знам дали е тоа во ред, дали е правилната одлука. Дали некогаш ќе се создадат услови, не знам, неможам да знам. Понекогаш им се восхитувам на оние девојки кои не размислуваат дали им е завршен факултетот, дали се вработени, туку се препуштат на животот. Возраста, ја зедов како пример, која често е на тема. Дали 25 години се идеални или не? Дали на 20 си созреан? А на крај ќе видеш дека тоа и не било пресудно за успешен брак и основање на семејство. И не знаеме дале чекањето да се створат услови за да се има дете ќе бидат некогаш идеални, и доколку ги има, колку ќе траат. Да не се повторувам. Секој за себе, секој е со своја приказна.
     
  11. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Според мене за девојка идеална возраста би била 25 години,но не мора да значи. :)
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Кога ке бидат партнерите обезбедени со сигурна работа и место за живеење. Кога ке се во доволно долга врска, доволно добро се познаваат, и им се иживеани сите глупости, од манијачење по други, до пијанчење. :) Одредени години за тоа нема, кој кога се смета зрел. Ете според мене од 23 до 25 години е супер. Па и немора да значи дека ке мора да се има веднаш деца. :)

    Неможам да го сватам чекањето, демек да си поживеале уште малку. А нивен просечен ден е од работа дома од дома работа, и што е во ова живеењето? :?:
     
    На Mama25 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  13. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    според мене идеални години за брак 24-26 но секако доколку и двајцата добро се познаваат и ги имаат сите услови за заеднички живот а не како некој се зимаат и после 3 4месеци се развеле .....
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас па знам супер бракови кои одлично функционираат а се резултат на многу кратки врски.
    Знам и разводи од 10годишни врски.
    Должината на врската не е гаранција за добар брак. Не е исто гледањето 3 пати во неделата со живеење со некој. А и стандардна работа при долгите врски е созревањето на партнерите во различни насоки и нивно одалечување. Па останува врската, а таа станува навика, се повеќе се губи љубовта. И на крај свадба и развод, а мислиш биле цел живот заедно.
    Така да врска е едно, брак е друго.

    А и кај мене ја има таа експанзија од бракови, сите одат на свадби, цел фб е преплавен со свадби.
    А и кога ќе размислам врсници ми се по 25-6 години, дипломирани, дел магистрирани, повеќето со работни места. Па зш бе да не се мажат/женат? Нема вајда да чекаат да станат дел од оние 30 милионери во Македонија.
    Јас не гледам позитивно само на оние бракови на млади девојки и момчиња несозреани кои молат на коленици да се оженат/омажат. Мислиш стварно во декември е крај на светот па не сакаат да умрат без листот венчаница во документите.
    Не зависно од дал имаш 20, дал 25, дал 30, дал 40 години во сите возрасти има луѓе кои го сметаат за светост бракот, луѓе за кои бракот е зафрканција, луѓе кои бракот е затвор, луѓе кои не почитуваат потпис и кои би живееле цел живот во вонбрачна заедница ако е возможно во оваа наша трачарска Македонија.
    Како созреваш, како раснеш така идеалната возраст за брак ја менуваш.
    Идеална возраст нема, идеален брак нема, идеален живот нема.
    Зборот идеален ми е најголем проблем во темава.
    Зашто за мене идеално не постои.
     
    На JuLleE, esperansa777, srcekrsacka и 12 други им се допаѓа ова.
  15. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Се е индивидуално,секој прави онака како што му одговара...само да се разбереме како што е кажано во погорниот пост нема ништо идеално...и од каде таа идеја дека таканаречената идеална возраст за брак автоматски би значела идеален брак.Секој човек си е приказна сам за себе..побитни работи за еден брак да функционира како што треба се најпрво љубовта,почитта,разбирањето и искреноста а возраста не игра баш некоја улога.Во реалноста имаме секакви примери ако некој човек се чувствува спремен за брак на 20 години,ако има услови зошто да не...или пак спротивно, некој сака да заплови во брачните води на 40 години пак зошто да не...кои сме ние да им судиме и на едните и на другите.
    И уште нешто,незнам зошто разводот се сфаќа се уште како нешто трагично..јас сум среќно разведена потрагично ќе беше за мене да останам во тој брак. Животот оди понатаму... :)
     
  16. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    ...кога ќе созреат двајцата партнери и кога ќе бидат задоволни од сопствените достигнувања-тогаш може да се стапи во брачна заедница која би била здрава средина за партнерите и нивните деца(во иднина).Дотогаш,личните незадоволства,комплекси на пониска вредност и несигурноста(финансиска,емотивна)и те како ќе си го земат својот данок.Тоа е битно,возраста е релативна работа.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Повеќето го гледаат како ропство и јас затоа што сега работам, ама утре кога ќе имам деца, маж, сметки за плаќање, нема да има време за викенди, шетање, одмори, се ќе се сведува на работа - дома. Ако остаанм без работа за мене времето нема да запре, сметки ќе се трпаат. Од тој аспект се плашам , иако сум одговорна личност, вредна, способна, сепак никогаш не се зане во оваа наша држава. Ме мачи несигурност. И затоа сите сакаат да се “изнаживеат“ затоа што кога ќе се омажат , јас од жените кои ги знам едвај врзуваат крај со крај. Ако и двајцата се невработени, какво шетање. Абе од куќа нема да излезе многу јасно. А да имаш среќен брак, свој стан, добра работа, кола, да одиш на одмор, да имаш за децата, тоа сите го сакаме, а го можат само 20 % од младите. Во провинција е уште полошо. Џабе волја за работа и труд кога ти даваат 8000, 6000. Идилата тука паѓа во вода. Љубовта ќе трае 1 год. а после со празни џебови?
     
  18. zWaTuShKo

    zWaTuShKo Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
  19. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    според мене најдобра возраст е 25-26 години :)
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Сите го квачат и трубат тоа - како никогаш немало да се наместат коцките, како не требало да се чека... јас си решив за себе.
    Јас ќе чекам.
    Не мора да се наместат, нека се поднаместат де.
    Животот бил тркало, денес си на врвот, утре на дното - и обратно.
    Епа јас сакам мојата стартна позиција да е близу врвот, или барем на средина. Па за понатаму, здравје.
    Нема да дозволам како Сизиф од старт да буткам нагоре, од калта. Наместо тоа, директно ќе си зјапам во ѕвездите. И ќе работам вредно на случајот.
    Не ме интересира што ќе каже ојле, дојле, Трајанка или Петкана.
    Дали ќе сум невеста на 27, 29, 30 или 35 тоа си е мој проблем.
    Т.е. - не ми е проблем.
    Ниту ме тангира, ниту ме потресува малограѓанштина и глупави муабети. Апсолутно никаде не ми се брза.
    Кога ќе имам стабилна и сериозна работа, исто и мојот дечко, ќе ги пуштам поканите.
    Наречете ме луда, тоа е моето мислење.
     
    На Hipica, rossonerka, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.