Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за брак?

Дискусија во 'Брак' започната од lavce, 7 март 2010.

  1. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Од 30 нагоре, луѓе според мене многу си млад на 25 години да се мажиш, ама секој си знае за себе најдобро...
    Кај нас ако не се омажеш до 25 години, тогаш си стара мома...
    Како не! Кој го ебе народот ќе си правам што сакам во животот...
     
  2. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Според мене 27 е идеално :$
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Еве еден податок.
    Просечната возраст при склучување прв брак е 25.4 години за невестата и 28.3 години за младоженецот.
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не постои таква. Кога треба да биде ќе биде. Но онака кога фантазирам си викам за мене 27, за него 31. Но одма па помислувам дека и јас сакам да терам небрачно до 31. Ова не ми е ништо конкретно и зацртано.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Не си луда. Размислуваш ок. Можеш на 18 да се омажиш, ништо од животот да не видиш и да не бидеш среќна. Бев на свада кај другарка, с еомажи на 27 а мажот има 33. Леле абе на свадба не ја рецкаше, си дреме со другарите, Која брука, за 6 месеци му здосадила, а не па натаму. Ептен се виде дека нешто не им е во ред , ама тие си знаат. Ама се е тоа од страв демек ајде што ќе чека и ќе се утепа со некој. Кога покажав слика од него сите мислеа дека има 37 год и кажаа дека е како дедо. Абе треба да се одбере човек за брак, не се ова чевли, па ќе ги купам ама нема да ги носам.
     
  6. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мислам дека неможеш да знаеш. Под 26-27 години за женско ми е чудно да се стапи во брак. За маж воопшто да не збориме, прерано, но сепак кога ќе си дојде, ТОГАШ. Искрено да кажам кога бев мала си имав зацртано во глава дека до 24 сакала јас или не морам да се омажам :lol: :rofl: :$ :x Сега, кога ќе ми текне на тоа, смешно ми е, а некако добро се сеќавам дека бев убедена во тоа мое мислење. И всушност од тогаш кога го сфатив тоа дека мислењата ми се менуваат, живото се менува, случките во него не се одредив за тоа до кого, од кога, со кого, како.. |-) едноставно си викам дај Боже да е со правилниот, не си правам барикади во главата и не се ограничувам, мислам и дека никој не би ни требало да се ограничи за нешто такво.
    Инаку како ја отварам Фемина, ја отварам и оваа страна и прво што гледам на странава е следниов линк и прво што го гледам на Фемина е оваа тема, па си викам ајде да ја споделам со вас ! :) :D :D

     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Во последно време забележувам дека многу жени се мажат да речеме на 34, 35, кога веќе сите мислат дека готово е дека, нема да се омажи воопшто. Ама да се шета до 28 на пример, не е страшно. На 30 човек да се одоми. Само не треба луѓето сами да си набиваат комплекси и да се плашат дека ќе останат сами. Ако постои таков страв, се залетуваат за првиот што ќе помине и прават грешка.
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ние се веривме на мои 27 негови 29, а до свадбата ќе имаме 28 и 30. По мене, требаше порано да живееме заедно, а бракот и не е толку важен, односно потписот. Венчавката ми е важна и тоа многу, црквата ми значи. А другово, мање-више важно. Јас би дете едно да си родам, тоа ми е сонот сега за сега. Него-фала Богу, исто! ;)
     
  9. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Нема идеална возраст за брак. Нема идеална возраст за ништо, нема ништо идеално поточно. Поради тие идеали многу се заебале. Има нешто што се вика сигурност, нешто што ти кажува дека во тој миг или период си спремен за одредени постапки, превземање акции и тоа е единствениот показател за вистинското, во случајов идеално време за брак или било што друго.

    Како мала сакав да се омажам на 25 години али како изминуваат годините гледам дека е тоа само убава бројка на која многумина паѓаме како на крушка... Сакав да имам завршено факултет, да имам стабилна работа.. платичка ова - она.. но во сите тие мои фантазии јас заборавив едно.. живеам во МАКЕДОНИЈА!

    Сега размислувам..
    Во ред е да си постојат такви условчиња кај секој човек, но тоа е тешко изводливо за да биде пресудно. Затоа не се зборува и не се гарантира ништо пред време. Барем не од материјалните работи.
    Кога и двајцата ке посакаме да живееме заедно, да створиме семејство, да се знаеме кои сме и што сме , што очекуваме од животот заедно не би ми била важна бројката, дали ке бидам невеста на 21, 25 или 35....
     
    На Hipica и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Не постои таква. Кога треба да биде ќе биде важно е де биде со вистинсаката личност дали е тоа на 18 или 30 зависи кој кога се чувствува подготвен за тој чекор...
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    До неодамна си мислев па што е битно, ако некого сакаш... тралалала.... Сега не мислам така воопшто. Јас и дечко ми сме во врска речиси 6 години, се нешто друго е побитно од тоа да бидеме заедно, финансии, работа, факултет.... После една жолчна расправија во која сите ме советувавте да му раскинам јас седнав и самата со себе се пресметав, што како и до каде. Сфатив, животецов не е накопче, стисни пауза па плеј. Сега засега сме живи и здрави, но што во иднина, во општество во кое се повеќе парови се борат со брачна неплодност треба да чекам да дојде времето, да ги средиме финансиите, ахам, што ако чекам, за 5 години можеби ќе се земеме, па после треба да чекам уште 5 години да се констатир брачна неплодност и да започнам со вештачки начин на забременување, па успеси, па неуспеси, па стресови, ако успеам ќе родам на 35, на 50 моето дете ќе биде тинејџер а јас нема да знам да се носам со тоа, кога син ми ќе сака да игра фудбал со татко му нема да може бидејќи него ќе го мачи артритис, ќе бидеме стари дртала и нема да можеме да се носиме со нашите деца. А што е со големото семејство кое јас го посакувам, најмалку 3 деца, ако започнам да ги раѓам на 35 тешко дека ќе успеам да ги родам и тешко дека ќе имам сила. Затоа, јас ќе се верам на мои 25, ќе правам свадба на мојот 26ти роденден, бар таква е мојата желба а не верувам дека нема да ми биде исполнета ;) Да, млада сум и сакам да го поминувам животот со него секој ден, а не два пати во неделата, сакам да му родам 3 деца најмалку и да бидеме среќни. :D
     
    На Espadrila, Lepaaa, Nati.P и 8 други им се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    СО среќа ангел ти посакувам се најдобро иако искрено сум изненадена од оваа ваша одлука бидејќи го следев проблемот што го имаше со твојот партнер. се надевам дека знаете што правите и дека ќе работите на своите карактери. голем поздрав и секое добро
     
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Идеална возраст.Хмм,пред се сметам дека поважен е партнерот како ќе се погоди отколку годините.
    Некоја и на 18 може да има прекрасен брак,а некоја и на 30 да не и се насмевне среќата.
    Сепак сум за над 23/24/25 поради уживање во животот без обврски ,зашто бракот се знае дека носи голем број обврски.
     
    На Tanjamm и london-girl им се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Денес го прочитав ова и останав вака :o

    Раперот Били Ѕвер се жени за 10 години помлада девојка - Изгубив глава по малолетничка

    Заедно сме веќе една година и тоа што таа имаше само 15 години кога започнавме да се забавуваме воопшто не ми пречеше. Отсекогаш сум замислувал дека ако се женам сигурно ќе одберам значително помлада невеста. Таа сега има 16 години но е многу позрела од своите врснички, одлично се разбираме и живееме во голема љубов. Можеби некому му е чудно што ете изгубив глава по една малолетничка, но Марија е љубовта на мојот живот. Бебето кое што го очекуваме по неколку месеци ...

    OMG :fubar:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Па според мене мислам дека е најдобро некаде околу 20-та година :)
     
  16. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Јас сметам дека не постои таква возраст . Доколу немате некој посебен партнер до себе, некој што е како сите други, што е обичен во вашите очи, во срцето, дали доколу имате 25/26+ само за да не останете немажена ќе се земете со тој некој ? Хм.. јас никогаш не би направила таква грешка. Ако не си дојде тоа природно, само по себе, со човек кој навистина ви значи и му значите, не би стапила во брак само за да не зборат комшиите. Сепак сметам дека секој што има можност да учи, барем додека да се заврши факултет, не би требало да се стапува во брак, всушност мислам дека додека не се осамосталам нема да направам толку голем и важен чекор. Но џабе пишувам, едно е вака од оваа позција, а друго е кога ќе дојде до тој чин.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Идеална возраст нема. Никогаш не знаеш како ќе погодиш. Некои што се оженат и на 17 имаат среќа и на 30.
    Најважно, двете личности да бидат созреани и свесни што се носи бракот со него. После нема враќање назад кај мама да ми готви, да ми вари какао и да ми го мести креветот понекогаш. Некој може и на 18-19 да се почувствува зрел за брак и знам девојка што едвај чека да почне да си живее заедно со дечко и, уверена е дека ја сретнала вистинската љубов и искрено и пожелувам да биде така. А некои, и на 40 се како мали деца, што мора да одиш по нив и да им ги собираш алиштата.
    Разбирам дека има и девојки кои немаат шанса за понатамошно образование, родителите им се за никаде и одат со првата подобра прилика. Има и многу други случаи и тоа си е нивно право.

    Со самото тоа што се созреани, размислуваат како, каде, од што ќе живеат.
    Неможам да замислам како девојките кои се мажат на мои години како им е. Јас лично, би доживеала нервен слом. Едвај самата можам да се чувам, сакам да си се наспијам насабајле, арно што со дечко кандисав да се врзам. :emo:
    Деца, маж, пери, готви, не сум спремна и свесна сум дека ќе ми требаат уште многу години да посакам да имам фамилија. А како што сум комплицирана не верувам и дека ќе се оженам. :lol:
    Ама евентуално ако се најде некој да ме земи, ќе ме чека факултет да завршам и малце од малце да бидеме самостални. Факултет ќе завршам на 22 здравје, значи после факултет. А ќе сакам и да се вработам, Дај Боже, не би сакала за едни влошки да барам од мажот ми, да си имам свој денар и со тоа да придонесувам и јас нешто кон семејството.
     
    На Tanjamm и Emcee им се допаѓа ова.
  18. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    иако се омажив на 20 ( не бев бремена се омажив затоа што го сакам и имам разбирање се знаеме од мали а и подоцна имав некој испитувања на кои ми рекоа дека морам да останам бремена и сепак не се каам се раб за нешто лошо во врска со мојата матка,сега имам семејство кое ми значи најмногу) ама сепак мислам дека од 30 па нагоре е најдобро.мое мислење
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Па јас би рекла накај 30 да се врземе, одомиме. Сега плус минус 2 год ајде не менуваат многу, ама да не се претера.

    Времињата многу се сменија. Мајка ми вика дека во нејзино време после 20 год ги сметале за стари моми демек. Сега гледам многу примери дека жени се мажат на 30, 31, 29, и така. Ама пак е важно да биде човек среќен, да има добар брак, не е само да се омажи. Ако се омажиш млада не значи дека ќе имаш некој којзнае каков брак. Предност е што млада ќе родиш деца, па после ќе бидете како другари. Родители 40 год, деца по 22 на пример.

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
     
  20. Hestija

    Hestija Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Јас мислам дека идеална возраст не постои,кој како се осеќа спремен еве јас имам 24 и почнивам да размислувам на таа тема :) и би сакала да се случи во брзо време ;) ама на 20 год не го мислев ова така да секој различно созрева :)