20/21/22/23/24 ! Сепак не сакам да му бидам баба на моето дете. А тоа за уживање демек што викаа да го поживиш животот па после да се мажиш,тоа можеш да го направиш и со мажот,да уживаш и ред други работи.Мислам дека нема потреба од многу чекање.
иделана возраст е кога на фраеро ке му се испушти цистерната и ти ке се подуваш ко балон,денес нема идеална возраст има идеална бременост за брак хахаха
Според мене 23, 24 години. До тогаш и школо ќе завршиш и факултет, и постдипломски можеш да запишеш, а и богами да прошеташ и да видиш многу работи. И јас сакам да му бидам другарка на моето дете, а не баба
Не мислам дека има идеална возраст за стапување во брак, сите различно созреваат, кој порано кој покасно, а има и такви кои цел живот си остануваат зелени во паметот Некој и на 40 години може да биде незрел за брак а некој со 24-25 одлично да се носи со улогата брачен партнер и родител. Сепак мислам дека стапувањето во брак пред 22рата година е сеуште преран период за една ваква сериозна одлука
Jas na 20 se omaziv a maz mi imase 30 mn mi odgovara ovaa razlika toj e povozrasen od mene znae da se odnesuva i normalnp da mi popusta ,,,, i sekogas znae da se strpi i da me poduci vo nesto
Јас имам 28 години а дечко ми 32.Наскоро планираме веридба.Воопшто не жалам што не се омажив помала.Студиравме и двајцата, завршивме факултет, двајцата сме вработени, шетавме и си правевме ќеф на душа, (не, немојте да мислите дека сме пребогати, колку ќе ни дозволеа можностите) и мислиме дека е време за нова страна од животот.Да го вратам времето, се би повторила од почеток и ништо не би менувала.