Не би се сложила со муабетот... Не дека нема такви ситуации,ама ме нервира кога некој се живо става во еден кош! Не сите останавме бремени па одлучивме да се земеме, и не сите бевме невести со голееем стомак! Јас лично се мажив кога се почувствував сигурна покрај мм, на полни 26 години! Можеби за некој не се идеалните години за стапување во брак но мене ми беа доволни за да сфатам дека сум подготвена на тој крупен чекор наречен брак!
точно,нема идеална возраст.различни луѓе,различни карактери.а што таа дебата околу бременоста ?демек тоа е причина да те земе некој за жена ?ако е идиот и ако не те сака,има да те отера и тебе и бебето у триста пичке материне ,со извинение. демек ако затрудниш заради бебето те зема живи глупости
Нема идеална возраст за брак, едноставно треба да си доволно зрел и со трезвени размислувања да го направиш тој чекор. Тоа може да биде и на 20, но и на 35. Некој може и никогаш да не биде спремен за брак
Јас сум сеуште малечка за врска,не пак за брак,но сепак се дрзнав да одговорам. Мајка ми се омажи на 19,а татко ми тогаш имал 22.Премногу млади и според мене најголемата грешка во животот.Се венчаа затоа што беше бремена со мене.Мајка ми не знае што е тоа забава,друштво,другарки.Само што го завршила средното се венчала,а во 3 и 4 година средно постојано била со татко ми воопшто не излегувала со другарки.Ниту пак татко ми ништо не проживеал бидејки уште од својата седумнаесет годишна возраст работи,а и после беше во војска. Ме сакаат и мене и брат ми,ни пружаат се во животот,но како што забележав тие имаат голем проблем.Татко ми е мн нервозен бидејки му е здосадено цело време нас да не гледа,секоја ноќ да си доаѓа дома наместо да излезе.Меѓусебно не се разбираат.И мн се различни.Приметив дека мајка ми сега се кае бидејки мислела дека со него цел живот ке и биде совршено,но на татко ми се почнува да му пречи,сака слобода,ама сега толкава слобода каква што сака да ја има не може. Значи,лесно е да се направи дете и да се роди,лесно е да се потпишат документите за брак,но не секогаш личноста е подготвена и созреана.
најдобрата возраст за брак е прет 30 тата година нормалоно даси има време и за деца са се направи и живци оти колку старееме толку и живците ни попуштат
Идеална???Во мојот речник не постои таков збор,за било што и за било кој. Моето срце е мојот разум Прв пат водев љубов -кога Јас се почувствував спремна. Менував дечковци -кога тие врски веќе не ме исполнуваа. Се омажив -кога срцето кажа да (24 години). Сакав да пробаме да живееме заедно пред брак-тој не сакаше. До 30-те не се каев за бракот.А тогаш кога животот ми тргна по надолна линија ,и кога сфатив дека перницата секоја вечер ми е се повлажна од солзи....да се покајав. А не се разведов-зошто?Има милион причини и уште толку одговори. Како и да е ,си го носам животецов некако.Имам за кого да живеам,и тие ми се единствената нешто што е приближно до идеално. И нема идеална возраст за брак.Некој се одлучува на 18 некој на 30.Важно е да сте среќни и задоволни.
Мое мислење е дека за женско идеална возраст за брак е околу 25тата година. Девојката пред се треба да биде зрела за брак а не да се омажи на 18 кога мисли дека се што лета се се јади и да 40 години ќе и дојдат уште милион памети и дури тогаш ќе свати дека е неизживеана и ете ти развод. Според мене поголема веројатност за неверство има кај девојќи кои се омажиле многу млади и имале малку сексуални партнери.
Јас се верив со 27 години, а со полни 28 ќе влезам во брак. Незнам дали тоа е идеалната возраст за брак, ама сум сигурна дека го пронајдов идеалниот партнер
Зависи од идеалите, некои жени сакаат повеќе да си проживеат сами. Јас на пример сакам да имам дете на околу 24-25, а да се омажам околу 30 та година