Повеќето ќе се сложиме дека нема правило ниту идеална старосна граница за брак, меѓутоа животот ни покажува дека сепак се се одвива во етапи, како и физичката така и психичката зрелост. Во животот човекот треба прво да искуси доста работи за да се спознае себе си па потоа да донесува големи одлуки. Затоа јас би рекла возраст барем 25 години.
Шо знам, за брак нема правила. На тоа се решаваш тогаш кога барем мислиш дека го имаш соодветниот партнер за истото и дека веќе си спремен/на за тој животен предизвик. Мада денес, конкретно, ако не останеш трудна на 16-17-18 год. и бидеш принудена на брак, нема да ти текне или ќе го избегаваш бракот до близу 30-тата, најчесто. Некако се помалку се склучуваат бракови на годините меѓу овие..
Според мене не постои идеална возраст за брак. Бракот е нешто што не се планира од напред, па да кажеш на колку години би стапил во брак, бидејќи никогаш не испаѓа според планираното. Сметам дека кога двајца кои се заедно се доволно сигурни дека остатокот од животот сакаат да го поминат заедно, годините не се важни. Сепак, потребно е да се колку толку зрели за да се одлучат на таков чекор, бидејќи браковите кои се склучуваат на млади години најчесто завршуваат со развод ( не во сите случаи). Но, кога двајца доволно се сакаат и одлучиле да бидат заедно цел живот, возраста не е важна.
Се согласувам со Барби, идеална возраст за брак не постои. Пред се треба да си пдоготвен за брак затоа што врска и брак не е исто. Ако двајцата партнери се сакаат и почитуваат и мислат дека се пдоготвени заедно да го споделат понатомошниот живот тогаш зошто да не независно од годините може да се и по 20 години двајцата партнери.
Како што и сама рече elovesм идеална возраст не постои, исто се согласувам дека врска и брак не е исто, но само не ми е јасно кога велиш ако се сакате? А, нели не е исто врска и брак, и сакањето во врска е едно а во брак е друго. Може во врска да се согласувате одлично а во брак да не се поднесувате. Јас мислам дека решението предбрачен заеднички живот да видите како функционирате заедно, да видиш дали те сака само налицкана или и кога си испотена, со мрсна коса и сл. Инаку идеална возраст со овој памет е помегу 28-32 години за жената, барем од оваа гледна точка со ова мое брачно искуство. Треба прво да се изживее и жената и мажот, па потоа да влезе во брак, а не се сакаме се ок и потоа да им текне да шврљаат на страна. Бракот нема да ти побегне и никако не треба да се брза, иако мажите знаат да брзаат за да те „врзат“ а потоа они да си тераат ергенски живот. Некој ќе рече а кога ќе рага? За едно, две деца колку што рагаме ние има време и после 30еттата, година, тогаш и физички ќе те личи да бидеш мајка. Мое мислење за причината за огромниот број на разводи е токму брзањето по секоја цена да се влезе во брак, бидејки девојката е под огромен притисок и од дечкото и од родителите што побргу да се омажи, особено ако ја поминала 25 етата, тогаш се палат сите аларми, а да не ја спомнувам тука и женската наивност што кога ќе се вљубат веднаш трчаат да се омажат. Па кога ќе ги запроси, толку се потресуваат дури ќе се онесвестат од тресење што искрено на такво лигавење се срамам што сум женско, каде е тука гордоста и достоинството? Зошто да припагаш ако ти предложил брак?
Според мене околу 30тата до кај 35год. После потешко е и за деца раѓање и за деца гледање. Сите мајки што ги знам кажуваат како им било полесно кога на 20 и нешто години трчале по првото дете отколку на 30 и нешто по второто. Сепак, секој спрема условите. Според мене лично освен ако не направат беља(бебе) народски кажано, пред 26-27 ми е како со сила прекината младост.
Тоа е повеќе во категоријата на психологијата, исто како што велиме дека пред 5 години било подобро, или дека до сега немало вакви лета, а всушност имало и тоа само пред 3-4 години. Секогаш она што поминало изгледа многу полесно. Инаку реално, баш околу трчањето по деца нама разлика дали е на 25 или 35, тек после 40-45 години може да има некоја разлика.
jas mislam, ama samo mislam koga ke ja najdes soodvetnata licnost so koja bi sakala da go pomines ostatokot od zivotot. mislam deka toa e idealnata vozrast a cifri ona na slepo site mozeme da nafrlame.
Според мене идеална возраст за брак е кога и двајцата партнери ќе бидат самостојни, независни од родителите и подготвени да стојат на свои нозе. Па дали ќе биде на 23 или 28 години е сосема сеедно.