Идеална возраст за стапување во брак не постои,треба да си доволно зрел за таква одлука а тоа за некој може да е на 25,на 30, а за некој никогаш. Макар да сега често знам да речам дека јас со закон би забранила брак пред 30 години.
Се е индивидуално. За некој 25, за друг 35, трети на 40 им доаѓа време, а некои луѓе едноставно не се за брак.
Многу сте ми чудни бе со ова бројкиве конкретни извадени од ракав. Абе како успевате точно да анализирате кога е време за брак и кога одредена личност е спремна за истиот?! Секој си е за себе и со свои перцепции и гледишта, секој си организира и живее како му пасува нему, не можеш на никого да му наметнеш туѓ став за своја приватност и свое проживеано минато и искуства од истото. Но нели, сите обожаваат да генерализират за туѓото а жално и апсурдно е зошто никогаш не се запрашале себе си каков е нивниот живот всушност бидејки нели, немаат време да се фокусираат на истиот од решавање и анализирање на туѓ есап.
Секој си има желба и си замислува кога сака да стапи во брак,не мора да значи дека баш тогаш,но сите најубаво се знаеме самите кога можеме да дојдеме до тој чекор,затоа и темата се вика идеална возраст за брак,да си кажеме што мислиме.
Секој е посебна индивидуа со различни ставови, убедувања и принципи за животот. Идеална возраст низ призмата на броеви не постои. Кога коцките ќе се склопат од двете страна и ќе се почувствува взаемната енергија како целина во опстојувањето тоа е моментот што ја навестува потребата од брачна заедница меѓу партнерите. Некои одлуката ја носат на помлада возраст, некои подоцна го прават чекорот, ни никој не може да биде пример за генерализирање на возраста како идеален избор. Искуството, минатото, перцепцијата и се што го сочинува животот на една личност се доволни параметри за спонтана ситуација.
Идеална возраст не постои, за нас најважно што беше е да имаме решено станбено прашање, едниот од нас да е вработен и да завршам со образованието.
Идеална возраст,според мене,не постои.Пред неа треба да се стават некои други работи.Образованието да се заврши,да се вработи,да бидат и двете страни психички спремни на тој чекор,како и тоа да се самостални,да се подготвени за оформување на семејство.Од многу перспективи треба да се погледне и подготви за овој чекор. А и дел оставам и на тоа како е пишано. Како и сите ,така и јас секогаш си правев некои пресметки околу ова.Дека би се омажила после 25,26 години,тоа била идеална возраст според мене.Но сега од овој агол гледам дека тоа здравје ќе биде порано од ова.Но сеуште стојам зад тоа дека факултетот сакам да го завршам додека сум кај моите.Тој став го имам и им го посочив на сите,затоа што не би сакала никој да ме избрзува околу ова.А и јас самата психички не се чувствувам спремна за овој чекор сега,а тоа е многу важно.Но секако дека сум сигурна за него и сакам да биде он тој.
Идното лето планираме да стапиме во брак ако даде Господ. Јас ке имам 23 а тој скоро 24. Мислам дека е океј Зрела ке сум
Никој неможе да знае и да си предвидува..И јас мислев ќе се омажам на 25,26 али ништо после баш дооолга врска прекинав.И луѓе супер ми е па и не би се мажила уште доста годинки, ама ете како е пишано така нека биде од дома само знаат да кажат едно внуче да видевме барем
Можеби многумина нема да се согласат со мене... 30 би рекла... Не само затоа што не сум во брак кој добро функционира. Имам братучетки кои имаат 31 и 29 год имаат врски, постојано се насмејани, среќни, заљубени. А јас со мојот 3 год врска во која беше мед и млеко на 22 години прифатив брак и сега ми важи она... Zivish, zivish.... Pa se udash...
Јас би се согласила,ем да проживиш и прошеташ ем да се подотвиш како што треба за тој предизвик во животот.
Кога ќе ја пронајдете вистинската личност за вас и сте спремни да делите живот со истата таа личност, тогаш е идеалното време за брак. Секако само не само во тинејџерските години, тогаш според мене ти треба повеќе простор за донесување одлуки, во врска со образованието дали ќе го продолжиш или не после завршување на средно , дали ќе работиш и сл. Сепак кој кога ќе си одлучи тогаш.
Не знам зошто, но уште од мала не си ја замислував сопствената свадба и како би изгледала во венчаница.. Не сум за брак, бар не оној црно на бело, а деца уште помалку. (Децата се повеќе се поврзуваат со брак, ако си земена мораш деца да имаш.. Зошто?) Еве, и да се земам еден ден, а тоа би било за едно 10-11 години, околу 30-тата, не би сакала деца. Кога и да сум се нашла во близина со мали деца, не сум знаела како да постапувам со нив, како да ги заиграм а и не сум ни сакала. Сигурно ќе кажете дека ќе го сменам мислењето кога ќе имам сопствено дете, но никогаш не би сакала. Чувствувам некоја одбивност кон целата таа идеја за брак и деца, и не верувам во скоро време тоа да се промени.
Јас колку што имам проживеано со маж ми низ овие претходни долги години заедно, немам проживеано ниту со другарки ниту со друштво толку многу убави спомени и прекрасни моменти кој што и ден денес кога ќе се присетам ме облева едно неописливо чуство. Ете.. јас со него се пронајдов да чекорам низ целата младост долги години, колку авантури, прошетки, денови, месеци и години сме проживеале авантуристички живот и една "здрава и нормална младост" необјасниво нешто. Што би рекла, да имам и друг живот него ќе го барам. После долги години изживеана и прошетана младост мегудругото и заедничко живеење денес сме една фамилија која што го очекува третиот член, убаво ми е, и убаво ми е било за ништо не жалам бидејки јас така си го замислував животот исто како и тој, тие заеднички желби и планови ни останаа на иста брановита должна со договор, компромис и секогаш разбирање. За да постигнеш нешто овие работи се клучни за нашата среќа и исполнување низ животот.