Нема идеална возраст за брак. Тогаш кога се чувствуваш спремен и кога си сигурен дека остатокот од животот сакаш да го поминеш со таа личност, тогаш е вистинското време за брак. Сите сме имале некаква замисла за тоа на колку години би стапиле во брак, ама ретко на кого му испаднало така. Ништо не е по план.
порано планирав до 25 да стапам во брак ама верувам дека за брак треба лично да се одлучи дали сакаш со таа личност да го поминеш остатокот од животот. Како влав одлучува која девојка да ја земе за жена ? ја праќа со список за купување ако избере Веро, Рамстор или Тинекс ја откачува доколку избере Кам или стокомак одма и нуди брак
30 Na 30 se omaziv i od iskustvo ke preporacam. Na ovie god. si svoja licnost, znaes sto sakas i sto nejkes, skolo zavrseno, rabota najdeno, zabavuvana samostojno bez maska podrska, niza, niza drugi raboti zavrseni koj mnogu cesto sedat na pat na uspesen brak. Uste 3 zivota da imam pak na 30 ke se omazam.
Женско 30+ машко 35+. Па 21 век сме! Не е веќе како во времето на нашите баби и прабаби кој се мажеле на 15, 17 години. А, не е ни на нашите мајки 19, 20. Сега се е поинаку,па така и границата за стапување во брак значително порасна. За жал!
Според мене нема идеална возраст за стапување во брак. Некој е спремен на почетокот на 20-тите некој, во 30-тите некој никогаш. Личен избор. Само не ги оправдувам малолетничките бракови.
Потполно се согласувам дека нема идеална возраст, ниту можеш да го предвидиш тоа. Или ти не ќе си спремна, или тој... Или ете ќе се десат некакви си работи кои ќе те принудат да стапиш во брак. И јас си велам работа па брак, па деца... Ама не е секогаш како што си мислиме. Поважно од тоа на колку години е да стапиш во брак со права личност.
Кога бев малечка си планирав дека отприлика на овие години што сум сега ќе стапам во брак или ќе имам веќе изградено врска што ќе води кон тоа а јас моментално абер немам од нешто такво или да најдам некој да се промажам за месец дена па да си го исполнам планот Значи се зависи од околностите но не сум замногу рано стапување пример 18-20 ниту пак за 30+. Би рекла некаде од 23/24-28/29
Најверојатно кога ќе почувствувате дека љубовта в е доволно зрела за да ја крунисате..... Не постои идеална возраст според мене
На кој како му е арно и кој како си може, така нека си прави. Можеби некоја туѓа одлука е неприфатлива за мене. Можеби некоја моја одлука е неприфатлива за тебе. Не е ни важно. За сопствениот живот сами си одлучуваме.
Како мала многу сакав да бидам млада мајка, уште на 18 години сакав да се омажам и да родам бебе, имав многу голема желба за тоа. Меѓутоа со години се менуваат ѓебите и приоритетите наполнив 18 години, се вработив, земав прва плата, шетање трошење не ми паѓаше на крај памет за брак или деца. Oд денешна гледна точка да ме праша некој, ќе кажам индивидуално е, зависи од многу фактори а најбитно е дали ние сме спремни за тоа. Имам другарка која се омажи на 18 години, роди детенце на 19 ама сопругот нејзин, тогашен дечко имаше убава работа, убава плата, кола, свој стан и сама кажа во една прилика дека дечко и да го немал сето тоа и ден денес ќе биле дечко и девојка. И премногу е битна емотивната зрелост, познавам многу родители (од секоја возраст, буквално неизживеани тинејџери) не би да коментирам случки ама на 18 години ми беше на некој начин желба да шетам, уживам, купувам гардероба со еден збор да си ја изживеам младоста без утре да се каам за ништо или да сметам дека сум пропуштила нешто. Да се омажев со тогашниот дечко денес ќе бев тотално незадоволна од себе. Вака сметам го надминав тој период на шетање, лудување до ниедно време и сега вртам нова страна од мојот живот. Се шета и во брак и со деца не викам не ама реално ако направиме споредба воопшто не е исто. Така да многу фактори играат улога, со дечко ми сме разговарале многу пати и утре да се венчаме една соба имаме колку за нас ама зошто да се задоволам со толку малку и да трчам да се омажам што поскоро кога можам тоа да го сторам за една, две, три години да си заработиме за нова дневна, кујна, спална и сл. тоест да не заглавуваме со кредити? Полесно ако штедиме ќе заштедиме сега кога не сме во брак, отколку утре со деца куќа не се гради, тоа на сите ни е јасно. Многу добро знам како е да се оди во тренерка место со палто на школо, со патики место чизми и со 10 денари ужинка да се купува. Затоа никогаш не сум ги сфаќала оние кои трчаат во брак а притоа не размислуваат како и од што ќе се живее. Бракот барем за мене е сериозна работа, не е само за денес или утре туку ако трае сакам да траеме цел живот.
Јас лично пред да наполнам 28 години не би стапила во брак. Не дека ако пред тоа се чувствувам спремна за таков чин би чекала од инат до 28ка ама тоа е како сега гледам кон иднината. П.С. Тајната зад бројката во моето корисничко име конечно е откриена. (jk)