Само една забелешка,која често ја читам. Не треба да се изживее и прошета пред брак и деца. И после тоа и се шета и се живее,со деца.
Да кажев за женско до кај 27 (да може да роди дечиња) а за машко до кај 33 најкасно, ќе ме нападнеа феминистките со тоа koooj k*r si ti da kazes da ragja, ako i se ragja ce ragja стратегија. Затоа за минимална "штета" на форум и на јаве, избрав над 35 год возраст. Може не сум во право, не знам.
Според мене идеална возраст за брак е околу 30 години. Ем има време за создавање потомство, ем до тогаш и жената и мажот се образовале, па се вработиле, колку толку застанале на свои нозе што се вели откако се вработиле, па сигурно и заштедиле нешто за да имаат нешто свое, што се вели да можат да живеат еден удобен живот откако ќе се одлучат за брак, да не зависат од никого, за никој да не може да им се меша во брачниот живот и да можат да имаат и деца на кои ќе им овозможат еден нормален живот.
Да надополнам: фали уште да се заљубени голем дел бракови се од страв да не ги прегази времето а не треба така. Возраста е горедолу океј, во иднина ќе оди и накај 40ка.
Никогаш не би се омажила ради реда. Поарно среќно немажена, отколку несреќно омажена. Јас се омажив на 24 затоа што така сакав. И маж ми беше на истата возраст. Тогаш и го родив првото дете. Не шетам многу, ама и на постари години пак ќе шетам. Тогаш децата ќе ми бидат веќе возрасни. Не е исто да родиш на 30 и на 40.
Над 30 31 32.. Никогаш нема да подржам брак што е се земале заради детето направено несакајќи А шо е погрешно да роде на 35 знам многу жени шо на 33 34 станаа мајки и тоа прекрасни мајки шо зад себе имат и неколку илјади евра во банка заштедено а не изгубени случаи шо брак залажале да влучат заради дете
А ако се запознаеме после 35та год немаме право на дете? Не е црно, бело, него шарено. Животот е таков.
Индивидуално е, некој се осеќа спремен на 20 некој на 30 не се осеќа спремно. Така да секој за себе си знае кога е правиот момент.
Ја за сега имам став дека не се женам се додека не се осеќам дека го имам доволно проживеано мојот живот после бракот фактички почнуваш на еден начин да живееш повеќе за семејството и добиваш многу големи обврски така да некаде од 28-29 до 33-34.
Џанаците се осеќаат супермен и скокаат од згради мислејќи ќе летнат. Исто е и со мало дете кое осеќа дека може да вози точак без раце и паѓа. Исто е и со млади што осеќаат дека се спремни.
Какви бре 35, мислам дека после 20 е ок. Од причина што животот е краток. Не е никаков крај бракот барем за мене. Сестрами на 21 се омажи на 24 има две деца. Секаде прошетаа. Ниту бракот ниту децата и беа пречка за тоа.
27, ем прошетани, ем спремни. Кога бев мала тоа ми беше граница, ама се омажив на 41. Таман се бев откажала од бракот, сега е супер, ама водам битка за деца. Така да, порано-поубаво. Поз
Не реков дека е погрешно. Во никој случај не е погрешно. Туку над 35 години е потешко од биолошки аспект да се остане бремена и да роди.
Јас би на 30 Не е исто има многу разлика телото ке ти се смене, хормони се кога ке родеш на 20 години си уште детенце у некои држави на 21 22 стануваш полнолетен. Не се согласувам со тебе дека после брак и деца се е исто се е различно