Порано на 20 трето раѓале па ништо не им фалело. Ја планирам мајка да им бидам а не баба пошто животов иде 100 на саат а вечни не сме за жал. За кого како, ако е вистинскиот човек покрај тебе и во браќ ќе ви биде како во врска. Всушност нема и некоја разлика за тие што се верни еден на друг.
Да родиш порано е лична одлука и е во ред. Меѓутоа коментарите од типот - сакам да бидам мајка а не баба, се смешни. Баш затоа што животот иде 100 на саат како што и самата кажуваш, треба да го живееш. Тоа не значи дека треба да побрзаш да се оствариш како мајка. Не е тоа единствената цел. Во ред е ако се чувствуваш спремна и ако го имаш вистинскиот човек покрај себе нели, ама не треба да брзаш само затоа што си имала толку или онолку години. Има многу жени кои родиле на 30+ па и нив ништо не им фали. Како што се имам изјаснато и претходно, јас преферирам прво да шетам и да правам се што ми се прави, па тек после тоа да имам деца. Не дека животот завршува кога ќе имаш дете, да не се разбереме погрешно, меѓутоа тогаш детето е најважно и приоритетите се менуваат. Да не се лажеме дека во врска и брак со дете е исто, бидејќи не е. Затоа не е поентата да брзаме само поради годините, бидејќи реално време има за се.
Годините не се толку битни колку дали сте го нашле човекот со кого сакате да го поминете животот!!! Јас се омажив на 31 а со мм бевме заедно 2 години,тие пред него не ги биваше,да го сретнев него порано можеби многу порано ќе се омажев,така да ова со годиниве и споредби ми е апсурдно. Кога го имаш вистинскиот човек до тебе,дали брак или врска не е толку различно,она што е различно е кога ќе дојдат децата.
За шетање ние овде сме специфични случаи во македонија каде сме со ограничен буџет. Луѓе со високи примања комотно патуваат со деца уживаат и не им е проблем. Ние мора да го радспоредиме буџетот паметно. Единствено пред деца би рекла да се дообразоваат двајцата ако сакаат факултет на пример. Велам пред деца бидејќи во брак не мислам дека има некоја особена потешкотија за образование. А кога, тоа е сосема индивдуално. Едни стапуваат во брак на "идеална" возраст па не се среќни, други не на толку идеална па среќни се.
Од една страна имаме тема на форумот која се вика "Откако имам дете", во која буквално сите до една напишаа дека откако родиле немаат време да се истушираат, немаат време да најдат 2 исти чорапи, заборавиле на излегување односно се нема време, нечешлани оделе, и потоа ја имаме темава, во која тврдите дека детето не менува ништо во динамиката на вашиот живот, пред и потоа. Пре и верувам на првата тема која ја споменав.
Па не е само буџетот во прашање, како што спомнаа претходно приоритетите се други. Да се разбереме, има убавина и во шетање сам и во шетање со фамилија, но многу е различно. И апсолутно не е врзано со земјата на живеење. Идеална возраст за брак нема, бидејќи многу фактори се вклучени.
Се сложувам со тоа дека не е исто шетањето, уживањето, забавата и општо целиот живот после раѓањето дете. Тоа го гледам преку сите поблиски луѓе со деца, некако преку ноќ се менува се во врска до нивниот живот. Јас на пример сум си кажала дека за дете би размислувала после 28 години. Тоа е најрано што би се решила. Едноставно немам ништо ама баш НИШТО видено од овој скапан живот, а мислам дека заслужувам да видам. Кога ќе им го кажам ова на моите тие веднаш се како -Леле па тоа е касно, децата се ова децата се она, најбитни се. Но јас не мислам така. Во улога на родител се остварува најголемиот дел од луѓето. Тоа е прекрасна ствар, но да бидеме реални не оставаат некој белег, нешто значајно и посебно. Се репродуцираат. Ние сме на овој свет за многу повеќе од тоа да се репродуцираме. Не е тоа најважната и најисполнителната цел на животот.
Дали е најважна цел и најисполнителна тоа секој за себе си одлучува. Кај некои луѓе родителството остава голем белег не е само репродуцирање. Верувам и ти не би сакала мајка ти да ти каже дека само се репродуцирала со тебе. Мислам дека ничив избор не треба да се категоризира како правилен и неправилен кога се работи за дете. Ниту на луѓето што сакаат да чекаат до покасно, ниту на тие што сакаат дете порано
Според мене околу 30г. Јас имам 25 и искрено уште не се осеќам дека сум спремна деца да раѓам. А тоа што го гледам околу мене, се зимаат многу млади, не можат сами да се гледаат па уште деца ќе чуваат и за неколку години развод, зошто почнал гзот да им шета или не знаат како да си го наранат детето.. Има исклучоци секако, но мислам дека повеќето млади што се земале е вака. Или на 18год се зимаат зошто "се сакале".. Кое сакање на 18 у денешно време не разбирам.. Ама секој со своето..
Точно. Не го споменав тоа, но дефинитивно е така. Тие што ме знаат на форумов знаат дека сечиј избор го поштувам. Моите тоа не ми го кажале на пример ама и нема потреба бидејќи јас веќе си го знам тоа. Татко ми ме направи битно, и ме остави на милост и немилост. Битно да каже дека и тој некогаш станал родител. Ама дефинитивно некои ги исполнува тоа и не им е само за репродукција, можеби погрешно се изразив и не си го препрочитав мислењето и еве ќе де извинам ако некој се навреди.
Така е. Мене многу ми смета кога на децата кои немаат посветени родители некој паметен ќе се најде и ќе каже "ај не збори, секој родител си го сака до бескрај своето дете". Има такви кои само се репродуцирале, за жал
Не знам колку години имаш ама и јас како тебе размислував и кога на 31 се мажив и решив за бебе,оп бебе нема,проблем до ден денес,идиопатски проблем шо е уште пострашно,јајници подобри од многу помлади од мене,ама едноставно нејќе скоро 3 години и? И како шо стареам сфаќам дека твоите родители се во право,од друга страна ми е олеснување што не го знаев многу порано маж ми,немавме премногу долга врска па тоа ми е некако како утеха.
Па добро тоа е едно искуство. Има луѓе што не се спремни да имаат деца порано и сум видела како и покрај таа неспремност имаат па не се толку добри родители. Сакам да кажам, еден став не одговара за сите
Па добро и за мене е смешно на пример тоа што велиш дека баш тоа што животот иде сто на саат треба да го живеам ама во тое не спаѓа брак и деца. Зарем тие што имаат деца и брак не живеат? А и што е поважно од семејство на светов? За тоа сме створени... Да живееме и да создадеме некој кој ќе остане после нас.
Никаде не реков дека во тоа не спаѓа брак и деца. Прочитај уште еднаш ако не си ме разбрала. Реков дека мое лично мислење е дека нема потреба да се брза бидејќи не е барем моја единствена цел во животот да стапам во брак и да имам деца. Да, е моја цел, но не единствена. Моментално приоритет ми е да шетам, да патувам, да видам се што можам да си дозволам, бидејќи знам дека во иднина со деца можностите ќе се многу поинакви. Значи потенцирав дека - животот не завршува со имањето на деца, само се менуваат приоритетите. Исто како што напиша членката погоре, тие се можностите во нашата држава, со фамилија и деца е многу потешко финансиски да се патува на пример. Затоа сметам дека има време за се. Дека треба прво ние да го направиме се она што не исполнува, а тек потоа кога ќе имаме деца да им се посветиме целосно и да ни бидат приоритет. Ама затоа ќе повторам, тоа е лично мој став и мое мислење. Ако некој смета дека нема потреба или не сака да шета, да се образова, да се вработи или било што друго пред да има деца, тогаш во ред. Тоа се лично мој приоритети, кои дел веќе ги исполнав а дел допрва планирам да ги исполнам пред да се решам да стапам во брак и да имам деца. Затоа делот дека ќе бидам баба а не мајка ми е смешен.
Тоа оти најчесто, таткото си тера беќарски живот, само сега има плус кој да му готви и да му пере по дома. Ретко гледам маж подеднакво инволвиран како жената, свака част на помладиве дечки сега што имаат по два грама мозок. Тие постарите........ уби Боже. А жената да може напола да се подели да постаса се' + оди на работа и чува деца. И плус му готви на бачето за кога он ќе си дојде од теретана да има протеин за вечера. (ова у теретана го чув пред некое време, тамаМ кога ќе си стаса и бојлерот топол и салатичка и стекчето готово) Идеална возраст? Кога ќе имате пари да бидете самостојни и оформени ставови за горе-доле, сите животни прашања и дилеми. За да си немате поголеми главоболки во иднина. Онтопик, спремна за мажење значи.
Можеби за тоа си створена ти. Има луѓе што воопшто не сакаат деца. И среќни се. Границите на среќата се толку опширни, немојте да ги смалувате
Арно, ама децата тупнати на бабите? И тоа не бива. Ако си родител, си родител. Сам треба да си ги чуваш, со припомош од бабите. А шетање со мали деца (бар до 3 год.) мало морген.
Би сакала и да ми се се образложи што значи тоа дека секаде прошетале И јас со мали шетав до 3 години, ама во превод тоа беше Грција, Србија и Бугарија, на 3 и пол веќе подалеку, ама и тоа е неспоредливо со шетањето пред брак
Порано и на 15 раѓале, ги мажеле со стројници, имале по 10 деца. Сакаш и ти така? Не сме за тоа створени, секој е створен за тоа што сака да биде створен. Има луѓе кои не можат или не сакаат да имаат деца, па живеат исполнети и среќни животи. Индивидуално е, не му должиш потомство на човештвото. На темата, кога ќе имате пари и кога нема да живеете со свекрвата. А тоа секако не е под 25.