Toa e eden period koga deteto e uste bebe da se razbereme a verojatno vi e jasno i deka decata rastat pa si formiraat svoj zivot i semejstvo. i ne deka nema vreme ima samo treba da go rasporedis. Kako go opisa ko cel zivot da setaat majkite neisceslani i so raspar corapi. Svasta.
Поентата не ми беше никакви стројници. Сакав да кажам дека чинот не паѓа на некоја ако роди 3 на 20 години. И тие живеат живот што родиле, и тие шетаат не е завршен животот за нив. А и има за што да живеат пошто родиле.
Зависи кога тој ќе созрее за да предложи брак. Кога ќе дојдат на 30 викаат до 35 има време, а веќе се навикнале на самотијата и безделничењето и глумењето презафатени со работа, а навечер кога ќе се вратат дома им завидуваат на тие кои имаат кој да пречека. Ете од 30-35 за жена, 35-40 за маж. Деца не споменувам зошто не се клучни во денешните бракови, не сакаат сите, а може да имале и од претходниот брак.
Кајли Џенер е крива они мислат дека ако родат на 20 ке бидат кукли после тоа и без стресови ке има кој да им чува деца они ке шетат по Тајланди, Јапонии за жал не е така. Нивно право ама баба неможе да е некоја на 30 години тоа го викат само комплексирани деца што родиле дете на 20 години.
Идеална возраст кога двајцата ќе сме финансиски независни и ќе можеме сами да си обезбедиме нормален живот. Лично јас под 25 не се замислувам како таква и како спремна за брак. Камоли за деца раѓање. Може само да се лажиме дека исто е пред и после имање деца. Не е воопшто. Не ми треба да родам за да знам дека не е исто, имам доволно примери околу мене. Никогаш нема да ја имаме оваа слобода со партнерот, така да сакаме да ја искористиме максимално, иако него повеќе му вршат притисок за брак бидејќи е во почетокот на 30тите. Среќна сум што истото мислење со него го делиме, наместо да трчаме што побрзо да се земиме небаре на трки сме.
Годините не се битни дали на 18+год или на 30+год. Никаде не пишува на колку години да стапне во брак или на колку години да стане мајка. Сето зависи во вашиот живот дали сте го нашле вистинскиот момче и зависи и од момчето дали е спремен да ве бара за жена па после тоа. На 30+год нема да бидиш баба туку мајка, тоа е нешто најубавиот живот. Бидете среќни што може да имате деца без разлика на годините бидејќи имаат некои што неможаа да станаа мајки. Не судете им на луѓето! Каква среќа така ќе ви биде пишано, па со среќа на сите.
За мене лично идеална возраст е меѓу 26/7-35. Мислам јас бар во оваa временска рамка ќе гледам да сум мажена.
Значи да не се лажеме,шетањето со деца и без деца не е исто.Не дека родителите престануваат да живеат ама сигурно и не уживаат во одморот,па затоа најчесто викаат се уморив место одморив на одмор со мали деца.Не е исто да си го спремам куферот и да фатам магла со маж ми и да спремам куфер за нас и две мали деца.Кога си без деца не размислуваш кога ќе станеш кога ќе доручкуваш,крај краева не одиш по 3 пати натака навака.Ти се спие одмори на лежалка.Ама сега имаш дечиња за кои мораш да се вратиш назад во смештај да си одморат и да не се на жешкото.Ниту пак кафето со другарки не е исто.Ништо не е исто.Не ти престанува животот,ама безгрижноста ти престанува.
Мислам дека нема идеална возраст. И на 20 на 35 има pros and cons. Не секој сака да шета по светот, некои не сакаат да се остварат во улога на родител, некој не сака да се образува, има и такви кои не размислуваат и на опцијата брак. Тука можете да кажувате што си милувате, но животот е непредвидлив.
Се сложувам дека нема идеална возраст. И ретко излегуваат работите по план. Јас кога раскинав со претходниот дечко реков до 25 не сакам врска, ќе си уживам во животот сега. После 1 месец го запознав маж ми, еве на 25 мајка ќе бидам здравје.
Прошетале еднаш на море во лето, и еднаш на планина на зимување Евентуално викенд до Охрид. Криво ми е што не отидов на Малдиви со време... Сега ќе мора да ги чекам да тргнат на факултет
Тоа што живееме во динамично време никако не го оправдува фактот на (речиси) деца невести. Идеалната возраст е индивидуална ама никако не е под 25 години. Ниту една личност на 20 не е финансиски способна и психички зрела за брак или воспитување дете, па што сакате кажете ми. Тоа не значи дека некои и на 30 не се зрели, ама се тежнее кон тоа дека имаат повеќе животно искуство. Девојка на 20 може да верува дека во брак ќе ги промени лошите манири на мажот и неговото семејство. Девојка на 30 го има поминато тоа и веќе знае дека не може да смени никој. На 22 имав долга врска со патријархален маж која можеше да заврши со брак. Дали сум била свесна тогаш? Не. Денес знам кои квалитети да ги барам кај брачниот другар и знам да преценам дали сакам тој човек да ми ги воспитува децата. Во врска со патувањето, животот не застанува со имањето деца ама безгрижноста завршува. Со дечко ми сме патувале неодговорно на егзотична дестинација без вакцинација, сме скитале со куфери барајќи локација на airbnb во два по полноќ во нов град, нешто сосема незамисливо со деца. Зависник сум од патувања, но сметам дека со деца тој дел се става на холд и се инвестира во нивно израснување, воспитување и образование. Имам 27 и желба за уште неколку подалечни дестинации пред брак.
А зошто девојка на 20години според тебе не е психички зрела за брак? Или си налетала само на девојки што на 20 уште спијат по цел ден и цела ноќ се пијанат по дискотеки и мерат улици во 4 наутро? Еве јас, имам помалку од 25 години што по твојот критериум не сум способна сама да се чувам не па да гледам фамилија, еве да го расипам твоето мислење за психички зрели и незрели. 2ипол години сме заедно а пред две недели ми стана сопруг, двајцата имаме приватен бизнис, сопствен дом, автомобили, одмори, викенди догодина сме во план да купиме два стана, да одиме на ин витро и многу други работи што не ги чекаме од мама и тато. Не дојдов да се фалам, туку да кажам дека има многу разлика од една до друга индивидуа и секој си е приказна за себе. Јас познавам жени од 30-35 години што не знаат две јајца да сварат а не деца да чуваат. Не си гледаат подалеку од нос и ги интересира само каде ќе одат на кафе, кого ќе оговараат и во кое wc ќе прават селфи. Ама не ги ставам сите во еден кош бидејќи знам дека сите се различни. Баш ми е криво што досега си налетала само на еден вид девојки од 20год и реши дека сите треба да стојат во кошот “неспособни” (финансиски и психички)..