Јас кога бев мала мислев дека на 23 ќе се мажам. И јас мислам дека идеално нема. Кога треба да биде ќе биде.
^ и јас вака кога бев мала викав најубаво на 23, ама јбг избрзав со една година порано и на 22 се омажив , мислам добро после еден месец наполнив 23. Во врска со темата, лично мене идеална возраст ми е негде околу 26-7-8. Ама сепак тоа е индивидуално, и кој кога е спремен на таков чекор тогаш треба да го направи. Бидејќи како што има претходно некој напишано бракот не е како на филм, ниту е толку едноставен како што си замислуваме. Бракот е работа, трпение, коњски живци, и борба.
Не е само до личната спремност за брак туку и до спремноста на другата страна. Едниот може да е спремен и да сака, другиот не. Е тогаш останува да си чека.
Спремни да сме двајцата, да сме независни и најважно да има каде да живееме. Не е само се сакаме па ќе се земеме. Ние сме во многу долга врска но додека не се исполнат овие услови ништо. Полека одам накај 30-ка и се поголем притисок имам од околина ама ич не се замарам. Идеално нема според мене, покрај ова погоре секако и ние треба да го сакаме тоа.
Само за да избегаш од дома... Уште само 4-5 години и ќе бидеш полнолетна. Дотогаш учи. Запиши се на факултет, најди си работа и кога нема да ти требаат ни родителите, ни некој си маж да те 'спасува', тогаш ќе си најдеш партнер, оти сакаш, а не оти мислиш дека мораш.
Не само шо ќе бидиш жива, туку ако учиш и ако се вработиш, ќе бидеш и среќна! Од 16 можеш да работиш, ако успееш да ги натераш да ти потпишат твоите согласност.
Мислам дека тоа е индивидуално. Како што сте пишале и погоре, важно е и двајцата партнери финансиски да се стабилни и независни од други. Е сега јас како помала сакав да се омажам на 27 години, според некои си мои "пресметки". Се сеќавам на една игра. Цртавме квадрат, во него на колку години сакаме да се омажиме, на четирите страни три иницијали за името, три марки на автомобили, три градови (каде ќе живееме со партнерот) и бројчиња за колку деца ќе имаме. Потоа некако си броевме и добивавме некој резултат. На крај се броеше дали е вистина или лага. Со мојот број 27 често ми испаѓаше вистина, е сега ќе видиме. Кога ќе размислам, би и порано да се мажам со сегашниов ум. Можеби и на 24-25, ама прво да завршам факултет, да се вработам и да бидам сигурна во одлуката дека тој е вистинскиот. Психички мислам дека уште сега сум спремна.
Девојко барај работа каква била, во фабрика, во маркет ќе имаш да си изнајмиш соба или мал апартман ќе си плаќаш кирија..Каков маж да те спасува скраја да е утре да бидеш исфрлена на улица и да ти биди на нос набивано дека ти помогнал. Инаку јас мислев окулу 28 ама сега имам 28 и не се чувстувам подготвена. Најверојатно после 30 .
ВаЉда околу 30,максимум 32 Ич не ми е криво шо не сум се омажила до 30. Сакам да се осеќам психички, ментално и финансиски подготвено. Не, само "мажила се мома да не седи дома" Трчај мажи се, па разведувај се ајдееее. Нз како ќе е за мене.
За секого е различно. Секој си знае за себе најдобро. Само не пред 18. Немам против некој да се венча и на 20, и на 120.
Toa e individualno sekako sekoj si znae za sebe najdobro, razlicni zivotni prikazni. Sepak covek veke da e oformen donekade
Идеална возраст не постои. Секоја кога сака и кога се чувствува способна тогаш е идеално време. Но, не се зависи лично од нас. Едно е желбата, а друго каде животот ќе не однеси и со кого ќе не спои. И што ако некоја мисли дека идеална возраст е 25 или 30, а дотогаш не запознала партнер според нејзините очекувања? Се е индивидуално и ништо не е по план.
Кога ќе најдеме партнер/ка кој сметаме дека е вистинскиот.Годините се само бројка,љубовта и меѓусебното разбирање се најважни во секој брак.