нема идеална возраст за брак. зависно од целата ситуација. тие работи не се планираат. имам 23 сега ќе правам веридба а свадба здравје за 1 година не ми се брза само сум среќна и ете не планирав ама дечко ми ме побара. зар ќе му кажам не на човекот кој го сакам најмногу. а и морам да признаам потсвесно се надевав што побрзо да ме побара баш сме среќни и мислам дека треба да се чуствуваш спремен а не да чекаш незнам пишано правило 23,24 или што знам која возраст. ако некоја девојка е среќна нека се мажи и на 18 ако сака. само не сум, за мажење ако има под 18 години
Нема пишано правило.Важно е да се партнерите емоционално и психички зрели и многу изживеани за да после години и години некој не се почувствува ограничено,празно и разочарано.
Леле...девојки кога ќе ми текне на чување деца, и бла бла бла ред други работи ми се темни...имам другарки на моја возраст со 2 годишни бебиња во раце...најискрено, неможам да се замислам на овие години(19) со бебе во раце и како менувам памперс додека ми пропаѓаат амбициите во вода што викаат...ок за секого си е индивидуално, не осудувам никого, ама ајде...бракот не бега, мислам дека до 26-27 години треба да се ужива максимално, факултет, пријатели, шетање, слобода...ne e taka?
Се слагам во потполност со тебе ..... Каква мажачка бре на овие години пак и деца . Знам едно девојче на 16 остана бремена и одма ја мажија и еве сега е на иста возраст со мене (1 ама што прави? По цел ден со бебето и што ќе види она од младоста? Едно големо ништо ........ Обожавам деца, мислам оти таа улога мајка е во прв план на секоја жена и сакам да имам 3 , ама се во свое време ..... прво факултет, па после да си изградам свој живот и да најдам некој кој ќе го трпам и тој мене забегав од темава ама идеална возраст за брак, за секој е различно а јас мислам од 25-6 нагоре, па за 2-3 години и деца ....... сега на 18 си мислам така, ама кога ќе дојдам на таа возраст што знам што ќе мислам и што би можело до тогаш да се случи .......
Јас исто мислам дека идеална возраст за брак е околу 30-тата. Мислам дека побитна за дискусија е идеалната возраст за деца отколку идеалната возраст за брак. Знам дека постои и вештачко опладување и многу други работи кои може да помогнат партнерите да добијат дете и во 50тите години од животот, ама јас мислам дека родителите треба да бидат „на нога„ за детето. Значи ни премлади, ама ни престари. Брак може и во 70-тите години од животот, ама деца далеку потешко на тие години
Јас мислм дека идеална возраст за брак е 25-26 год .. Прво да се заврши факултетот па да се најде некоја убава работа .. за да кога ке имаш деца не се мислиш дали ке ти стигнат парите до наредната плата .. а исто така и мислм дека на 25-26 години сме по зрели и по физички и психички спремни за барк .. Сепак бракот не е работа мала !
Негде околу 30-тата, а за машко може и покасно Сепак се е индивидуално, секој има различни животни искуства, па така и годините не се мерило за зрелоста. Но генерално земено околу 30-тата година и мажите и жените се психички подготвени за толку сериозен чекор. Како поминуваат годините и јас си ја поместувам границата, бидејќи тргнувам од себе, ЗНАМ дека секоја девојка околу 25-26-27ма година сеуште има желба за младалачки живот без толку сериозни обврски. За све има време во животот
Сметам дека нема баш идеална возраст за стапување во брак тоа зависи од зрелоста и психичката подготвеност на партнерите. Јас имам 24 години сеуште не сум во брак а немаме планови за во блиска иднина.Ми се допага на 27-28 години да стапам во брак.Не ги осудувам но не ми се допага кога малечки се залетуваат во брак на 15-16 години како да ќе и избега чувањето деца и средувањето на домот. Треба да проживееме, да стекнеме некое искуство,да знаеме како да се соочиме со проблемите и предизвиците во животот.А не само ооооп да рипнеме во тавчето.Па нема секогаш родителите да ни ги решаваат проблемите и да бидат покрај нас.Го велам ова затоа што е така во повеќето случаи се оженат мали и после триста аравани прават.
идеална возраст за брак за девојки би рекла дека е од 23тата година па нагоре а момчињата може и многу подоцна некаде 30тата година но како и да е повеќе значење придавам на околностите и услови за брак кога мислам на услови мислам на тоа двјацата да бидеме вработени,да имаме каде да живееме понатака удел има и психичката подготовка затоа колку сме спремни да ги превземеме одговорностите и обврски што произлегуваат од бракот
Во моментов темава ја отворив и ја затворив и пак се вратив на неа.А сега ако со моите години и животно искуство пишувам во истата тоа ќе биде роман Но накратко еве вака гледав и гледам јас.Јас мислам дека не може да се каже ...Е ова е идеална година за брак и јас сега ќе стапам во истиот .Идеалноста се случува онака спонтано сакајќи или не, баш тогаш кога ќе се пронајде идеалниот човек на нашиот живот.Јас кога бев на ваши години го реков истото што и многу од вас.Јас до дваесет и некоја или триесета нема шанси.Но не беше така.Едноставно се случи... Еден ден застана пред мене човекот што ја смени мојата граница и идеалноста се случи на бројката дваесет и еден која јас не ја имав ни замислено.Но сепак за мене била идеална и никогаш не зажалив што типував на тој број.Сега сум на мои години , со моите гени се уште сум згодна привлечна жена , мајка на две деца и сега ја живеам мојата втора младост покрај нив.Верувајте не ми било многу скратено и по добивањето на моето прво дете нас не имаше на секаде каде што беа и моите врсници по дискотеките и кафичите по забавите и на мн другу мест каде што беа и тие кои ја чекаа идеална триесета за брак.А сега кога ќе ме сретнат ми велат..Ти беше паметна си го среди животот на време, децата ти се големи и го живееш животот покрај нив и за себе.А ние сакајќи да ја проживееме нашата младост ... згазнавме во старост.Ова се нивни зборови .Зашто велат така...Затоа што тие се на мои години со преполовени нерви сега се учат да бидат родители на мали деца и сопруги на зрели преокупирани мажи.Тогаш во тие години гледаш поинаку а не како што гледав јас на мои дваесе и една .Онака наивно, понесена од љубовната романса и вљубеноста на тој човек.Мојата крв вриеше тогаш.Но сепак бев одговорна сопруга и мајка и не дозволив никој да биде запоставен .Љубовта ја поделив на два дела поинаку за моето дете а исто како и на почетокот за мојот сопруг.Па истата таа љубов ми врати со успешен брак и моја втора младост која ја живеам сега.Се извинувам ако некого повредив со моето излагање .Но тоа беа моите идеални години за брак кои јас не ги преодредив ..љубовта ги фрли пред мене.Сепак мислам дека се зависи од еден дечко и една девојка нивната љубов и подготвеноста да се води живот еден до друг.Јас не сум совршена и јас грешев и грешам ..но и во грешките пронајдов убавина .Во животот не ми било се така сјајно имало и падови и подеми но истите ме научиле да бидам тоа што сум.Поздрав девојки ви посакувам да ја најдете својата идеална година која и да е и да ви биде веќна Е сега знам дека сум офф -топик но нема да ми замерите сепак животот е веќно школо и во него секогаш по нешто се учи.
Озбилна жена..Ама тебе ти се посреќило сепак..Е не на секој му се погодува се токму.Се е и до среќата и до тоа колку и дали можеш да си го наредиш животот,не секој може.
Како прво се извинувам за грешките во пишувањето ,работев две работи истовремено и брзо напишаното не го проверив .Но сепак сте разбрале .Julie 77 можеби ми се посреќило.. но јас се извинив пред време ако некого повредам со мојот текс ..и во истиот кажав дека секогаш не било така сјајно . Упорноста и искреноста , љубовта и чесноста ја држат една врска и бракот ,а ако тоа го има има и идеалност .Сепак секој си знае за себе и понатака да не говорам затоа што може ќе згрешам. Поздрав до тебе.
Уффф ...идеална возраст.... 25 за жени 30 за мажи..... + - некоја година... на мажите им треба малку повеќе време да созреат
Eпа и јас мислам дека идеална возраст за брак е 25-26 али он сака у 2011 да се венчаме,и јас сакам абе у п.м. шо ќе праам од 19 год мажена .шо знам измеѓу сум
Феминче, ти имаш 18 години? Леле, јас мислев дека си постара, оддаваш впечаток на моја генерација. Да не сум оф топик, ама рано ти е, нека почека. Мојата идеална возраст за стапување во брак е 27-28 години, и не сакам да сум трудна невеста , немам ништо против, ама ете јас не сакам лично да сум трудна, но животот не се знае што носи... Така да
За месец дена веридба ќе праиме ама венчавка прерано е.Ќе мора да почека додека сум подготвена за брак
За денешниве услови, идеална возраст за брак е онаа кога двајцата се чувствуваат спремни за таков чекор и за евентуално формирање на семејство (за брзо време, а и не мора), а уште поважно, кога барем едниот од партнерите ќе стане способен да овозможи економски здрав живот во таа заедница. Од воздух сепак не се живее, а кога стомаците ќе бидат празни-ќе се заборави на љубовта... Звучи грдо, сурово, ама тоа е таа одвратна реалност.