Мислам дека нема индивидуална возраст за брак,тоа зависи од двајцата...Јас на пример ке се свршам другото лето иако и двајцата имаме по 22 год. и стварно сакаме да бидиме заедно цел живот, на некој начин што он живее во Америка и неможеме да издржиме еден без друг
И јас мислам нема идеална возраст за брак мислам дека периодот кога ке се осекаш сакан и срекен а најмногу сигурен дека сакаш да го поминеш животот со некоја личност е идеалната возраст без разлика колку години си ( е сега ако се осекаш така на 15 год треба да послушаш совет од мајака си )
Па тоа си зависи од партнерите. Мислам дека најубаво би било да се заврши факултет па и ако може да се најде работа па дури тогаш да се заплива во брачните води.
Според мене најубаво е откако ќе се заврши образованието и ќе се запослиш. Ама не би ми сметало доколку живееме заедно негде од кај 22-23, чисто колку да видам како ќе ни оди. Не мора одма мажачка
Не постои такво нешто како „идеална возраст“ за брак, едноставно најсоодветно време е кога ти се чувствуваш спремна за таков чекор. Јас не се гледам во брак пред 25-тата година.
Како што кажа Де-ловли, кога ќе се осетиш спремен за таков чекор, ама и да додадам и кога ќе си најдеш соодветен партнер.Немој да испадне ми дојдоа годините па морам да ја завршам таа работа, без разлика дали партнерот е тој што треба да биде.Затоа ќе кажам:секој кога ќе му дојде моментот тогаш ќе се мажи или жени.
Во контекст на темава, денес се видов со една познајничка, така во контакт сме од време на време. И кога разбра дека сум се верила не знаете каква реакција добив. Па ти нормална ли си, па рано е, па зашто си направила таква глупост Мислам молим те, требаше да и речам, е не ќе си бидам дроља ко тебе, ќе одам со тројца истовремено Па не се сите како неа, да акаат од маж на маж
Потполно се согласувам, кога ке се изживееш како девојка, следува тај фамозен чекор ... брак.. Ех штета што јас не го испоштував тоа правило, ама никој не ми е крив, ја неЈЧев кондоми а не тој.
виножитке истото го искоментирав пред едно месец два кога другарка ми се мажеше, реакција на другите другарки у пм, ама само на оние што се сингл, као зошто што како да не е трудна? а фактот што се со години заедно и се сакаат и сакаат заедно да си го градат животот не вреди ништо. јас имам 23 и планираме свадба за година може помалку може повеќе . пријателки постари од мене некни се чудеа како сум мала да не брзам а они по 30 год скоро мажени и не им се брзало за дете јас им реков дека секој си го гледа животот на различен начин и различно го доживува. еве вчера видов една мила пријателка трудна е на 26 години па прекрасна е убаво изгледа среќна и едвај чека да биде мама а не оние над 30 што се прават фарери после оф леле мајко детето го гледаат како обврска а не како среќа. иделна возраст нема но треба најважно да си спремен, и јас велев порано до 28-29 нема да се мажам ама сега тоа ми изгледа толку далеку. како што сега немам живци на 30 со дете не сакам ни да се замислам
Според моите размислување и сфаќања на животот доволни се 24,25,26 години за една жена да биде психички и физички созреана и способна за брачен живот! За мажите пак 27,28,29 години...на таа возраст мислам дека е постигната потребната зрелост и сериозност за тие да стапат во брак и основаат свое семејство! Се разбира дека и во двата случаи има отстапување, некои ни до 35 не можат да пораснат , ама нив ги ставам во категорија на вечно неизживеани...така да ич не им препорачувам брак и семејство
Индивидуално е кај секој, некој на 18 некој на 25 а некој на 30 кој кога се осеќа спремен за брак и кога ќе ја сретне правата личност со која ќе го помине остатокот од животот.
Идеална возраст нема. Ама има несоодветна возраст-на 15,16, 17 години! Неизживеани, мислат оти ќе им замине љубовникот ако не се земат. А тоа, кој како е спремен, е индивидуално. Има некои кои имаат по 28-29, па рано им е. А има и такви кои на 21-22 се доста зрели, значи решаваат, толку. Еве јас на пример, не чувствувам никаква потреба уште да се шетам, да акам, да имам повеќе дечковци, да беснеам ко тинејџерка. Ниту пак има нешто што не го знам за него(за карактерно зборувам), и се чувствувам спремна. Утре да решам, нема да ми биде тешко да се привикнам на новонастаната ситуација. Значи идеална возраст сметам дека е онаа кога самиот знаеш дека треба да превземеш сериозен чекор. Кога си доволно способен самиот да се гледаш, па плус еден да гледаш. Не етоа играчка, па сакам играм, сакам престанувам.
ма ајде некои кои се омажиле на 17-18 години што-се омажиле прерано или? познавам жени кои се омажиле на таа возраст,па не размислувале дали тоа е вистинската возраст за брак.искрено кога ќе ми текне и ќе се почувствувам подготвена за обврска,за брак,за секојдневно готвење,за чување деца,нема да размислувам за мојата возраст туку ќе го сторам тоа па ако тоа биде и 30 години нема да ми биде криво-ќе бидам важно подготвена.моментално според некои сега ми е идеалната возраст за брак ама баш сега не би сакала тоа да се случи,прво умствено да сорзеам и да се ујачам да можам на мене да го носам товарот од една страна а од друга страна задоволството од таа ствар да бидам во брак