Идеална возраст за брак е моментот кога срцето ќе ви каже. Секако не порано од 18.Прво мора да поминат оние луди години, за да не после, бебето плаче за млеко, вие плачете за излегување. Сосем индивидуално е и за секој различно.Јас го направив тоа годинава,значи на 25 и секој ден сум посигурна дека оваа ми е најубавата одлука во мојот живот. А иначе виножитке јас сум прва од моите другарки па истата реакција и јас ја добив...да не си трудна, па рано е бре???? Ама тоа е. Кога ќе чукне нивниот сат ќе сфатат.
Не се согласувам дека 35+ треба да се дочека.Во секој случај тоа е индивидуална ствар но според мене 35 е малче изминат период.Можеш да уживаш и во брак...
Хехеехее интересно.Ова машкиве како да сакаат што побрзо во брак... Во брак е се поинаку и ништо не е како порано. FREEDOM FOREVER
Отсекогаш сум си викала-25 и еве наполнив 25,и знам дека се ближи денот кога ќе ме запроси ,го осеќам по муабетот,нон-стоп ме прашува околу тоа,и си велам леле уштеее малкуууу ,зар ќе се мажам оваа година?хихи, .инаку дипломирав,работа имам речиси никаква ,не сме нешто средени,ама во ск си седиме под кирија,па за средување има време.а за деца не сум спремна,тоа ми е многу деликатна работа
и јас велев 25 но сега би се омажила уште вечерва патем имам речиси 21 година но сметам дека сум спремна за тој чекор можеби и ќе ве изненадам за брзоооо
јас мисла индивидуално е ама после 22-23 години ми е некако ок ама оние помлади што се мажат некако чудно ми е, уште ги сметам за деца а треба деца да чуваат .. а јас за мене сакам околу 25 година, барем да си најдев работа
Јас мислам дека 23-28 е најпогодно,но јас затоа сум малце збунета имам 24 а во врска сум 5 и пол год и никако да се решиме а тој има 29,домашните притискаат секако се грижат несе малце тие год затоа незнам вејек како да постапам несакам па испадне со сила да ме земе ПОМШШШШ!!!!
Здраво јас се мажив на 20 години останав бремена и се зедовме имам прекрасна керќичка. Но кога би можела да се вратам назад во времето би се мажила за истиот човек но на 25 год. Бидејќи мислам дека тогаш девојката е целосно зрела и подготвена за дете.
Ако зборуваме за години тогаш од 24 до 28, еве максимум 30. Тоа се според мене најдобрите години кога човек треба да склучи брак. Ем се има години, до некаде искуство, зрелост, завршено образование, проживеано кој како.....
Еве го мојот план, до кај 27 лумперај сама, после 27 мажење, 2-3 години сами со мажулето, и после деца
Од 28 - 30 а може и покасно.Треба малце да си го изживеам животот па после ќе се замарам за брак и деца