Мислам дека нема некоја идеална возраст за брак туку повеќе е колку си спремен на тој чекор во одреден период од животот. Некој е спремен и решен на 25год а некој на 30 год. зависи. А друга е математика кога станува збор за раѓање. Тука мислам дека е најубаво да жената своето прво дете го роди до 31-32 год мах затоа што после е малку потешко - мада и тие граници се поместуваат.
Според мене индивидуално е кога некој ќе се реши да стапи во брак, и пред се зависи кога партнерите ќе се почуствауваат спремни за таков чекор. Некој созрева порано, некој подоцна значи тоа е индивидуално и неможе никој да дефинира која би била идеална бозраст за брак. Низ моите постови може да се забележи дека сум верена, а имам 19 години а вереникот 20, и знам дека повеќето луѓе би рекле дека млади, дека требало да си проживееме и т.н. Но кај нас е поинаку, ние сме верени и живееме заедно, и нашата веридба ја сметаме како едно повисоко ниво на развој на врската , венчавка и деца планираме за неколку години откако претходно ќе го завршиме факултетот и ќе се вработиме. Значи се е исто како кога бевме во врска, и пред тоа живеевме заедно сега ми е сменето само тоа што носам прстен и го викам вереник а не дечко, друго се ми е исто. Ние почуствувавме дека тоа е тоа, дека и двајцата би сакале да го минеме животот еден крај друг, имаме слични карактери, цели во животот и се сакаме. Приметив дека многумина бракот го гледаат како заробеништво, но доколку се има разбирање, доверба и љубов може да се пронајде решение за секој проблем, може да излегувате, да шетате и да уживате заедно, единствено е тоа што треба да сте верни еден на друг, мислам тоа е исто и како кога сте во врска.
па некаде после 24 години е идеално, но и не треба да се брза бидејќи цел живот ќе бидеш мажена и цел живот ќе имаш деца
Едно нешто само не ми е јасно, а сите вие го пишувате... Што ви значи тоа да се изнаживеам пред брак ,па ќе се мажам???? Со што повеќе луѓе да се спие , да се излегува, да се оди по одмори, да се гледаш со другарки? Не знаев дека кога некои двајца ќе се венчаат им престанува животот. Што е тоа што не можеш да го правиш и кога си во брак ? Јас мислам дека сите премногу затворски го сфатиле бракот,а всушност бракот е една преубава институција во која не се обавува само репродуктивната функција,туку и онаа емотивната, стабилноста , љубовта , крунисување на една убава врска меѓу двајца кои се сакаат вистински. Штета што денешното време вака ги тера младите да мислат за една од најдобрите институции на светот.... Инаку да не забегам од темата премногу, мислам дека идеална возраст за стапување во брак е тогаш кога ќе се сметаат подготвени и двајцата за тоа ,односно лично јас ќе стапам во брак тогаш кога ќе обезбедам минимални услови за живот за мене и моите идни деца (во превод некаде околу 27-28 години)
Мислам дека идеална возраст за брак е 25-26 години за девојка и над 27-28 за момче, сепак, тоа е индивидуално, секој најдобро си знае за себе кога ќе се почувствува подготвен да стапне на "лудиот камен". Јас имам 25 години и мислам дека сум спремна за следнио голем чекор во мојот живот. Со дечкото сум веќе 8 години, заедно сме поминале се и сешто, добро се познаваме меѓусебно... па редно време е бре... доста се влечам од кај мене до кај него, и обратно...
Сметам дека ова е индивидуално.Не можам да кажам точна бројка на години. Секој најдобро си се познава и си знае за себе и секој сам треба да одлучи кога ќе се случи тоа. Исто не се согласувам со ставот - Да се изнаживеам па ќе се мажам. Мене навистина не ми е јасно што подразбирате под “изнаживеам“? Да смените што е можно повеќе партнери? Да се враќате од излегување во 6 наутро камен пијани? Хм... Не знам луѓе во голема заблуда сте.Бракот не е затвор, нема решетки, бракот е прекрасна институција, двајца заљубени решиле да го поминат остатокот од животот заедно..... Ние со сопругот излегуваме секој викенд навечер и преку ден кога сме слободни (поради работата). Така да нема правило..... Една моја другарка се омажи пред 5 години, беше прва од другарките, а цел живот зборуваше како сака да се “изнаживее“, да излегува, да менува партнери, да се пијанчи, имало време да деца, и секогаш кога ќе се споменеше свадба,брак, таа добиваше уплав и велеше дека бракот за неа претставува четири ѕида со шпорети, средства за чистење и бебиња.Се’ додека еден ден не го запозна “принцот на бел коњ“, кој и’ го сврте умот, и се заљуби до бескрај. И прва се омажи од сите во друштвото на 20 години и тоа не беше трудна. Ете како мислењата се менуваат драги мои.....
Се зависи од тоа колку и двајцата сте подготвени на таков чекор, нема идеална возраст, и тоа што прочитав дека треба пред бракот да се изнауживаш и да проживееш се и сешто воопшто не е точно... и во брак може да го правиш истото , да шеташ, да излегуваш со другарки и ред други работи кои нормално ќе ги правиш во умерена доза, од тоа колку ти дозволуваат секојдневните обврски...
На колку години се омаживте? Јас немам размислување од типот да си прошетам,млада сум па на 28 ќе се мажам(не сум мажена сеуште имам сериозна врска од 1 год.и имам 22 год).Како прво според мене тоа никогаш не се знае може цел живот да викаш на 30 ќе се мажам па на 23 со бебе во рацете,а тоа размислување сега имам 30 може да се мажам воопшто не ми се допаѓа многу ми е во стилот ајт сега нема што да се прави па ќе се мажам А ова да сум прошетала и со него можам да си прошетам кај сакам и уште поубаво да ми биде,не значи ако се омажам во затвор сум од пред тенџере нема да мрднам.
Порано велев дека според мене идеална возраст за брак е 25-26 години,но колку повеке се доближувам до таа граница веке не коментирам на оваа тема.Од друга страна пак доколку врската е подолга,да речеме 7 или 8 години,сметам дека тогаш е идеално време за брак.
Индивидуално е тоа! Некој се чувствува спремен уште на 17 години да стапи во брак, за разлика од некој кои имаат скоро 40 па уште сметаат дека не им е време за брак или па така се тешат, Незнам! Јас сметам дека најидеална возраст за брак е околу 25 (плус/минус две години) и за женско и за машко! Сметам дека добро е најпрвин да се завршат основните работи во животот, како образование,станбеното прашање, истотака добро е барем еден од двајцата да се вработи (ако не е возможно и двајцата) па потоа да се размислува за свадба! Но, некогаш не испаѓа како што сакаме, така да мора или да побрзаме или да почекаме за да се случат некои работи!
Па нема ваљда такво нешто ко идеална возраст. Според мене барем над 24-25, колку толку да си стабилна личност, да имаш завршено факултет, па по можност работа, па после брак. По ред, а не се на куп па да му ја мислам на сите страни. Коа бев 15-16години оние кои имаа по 23 ги сметав за стари моми си велам готово, им поминало времето. Сега кога сум јас 23 друго ми се чини, бракот ми изгледа ко далечна работа, не се замислувам воопшто во таква улога. Па може над 25 пак ќе бидам со друго мислење Значи идеално е кога ќе се чувстуваш спремен. Ако сакаш и 40 имај, ако не си личност за брак, џабе е
Нема точна возраст, тоа е индивидуална работа, кој кога е подготвен и сака да превземе таков чекор, тоа не е мала работа и не треба да претставува ропство. За мене најидеално би било на 27 или 28 години. Воопшто не ми се брза кога е бракот во прашање.
Според мене бракот си е индивидуална ствар...Што знам, од секогаш сум викала пред 25-26 не се мажам амааа коа ке ми дојде време тогаш..сепак не треба да брзаме Има време и за тоа
Не постои напишано правило,но мое мислење е дека не треба да биде под 24-25 години (и тоа со закон) а горната граница секој сам нека си ја одреди
нема точно идеални години за тоа кога си -стасан-за мажење женење.... може да си и 40 ама ако ти е умот ко на тиква бадијала,мозе да си 18 ама зрел да си....под 18 макар што и многу попуштив е прерано според мене...ама ај некако 25 ми звучи тамам!за женското а за машкото некоја година појке сигурно..... мојата најверна другарка во средно си имаше план дека ке биде немажена до 30 години за до тогаш да може да заврши факултет да прошета и се со ред...арно ама завршивме средно и се омажи и одма роди бебе...а јас си бев без некој си правила до 30 стасав заклучок-кога ке дојдат вашите 5 минути