Порано мислев дека 22 е идеална возраст за стапување во брак, ама сега веќе не од проста причина што освен да чистам не знам друго ништо можеби до 25 ќе научам и да готвам и таман за мажење од мома поубаво нешто НЕМА!
Најидеална 26. Може и 25 ама некако 26 подобра ми е А после 28-29та год. веќе ми изгледа стара мома. (без навреда)
Идеална е кога ќе имаш се средено во животот,прво да имаш добар партнер до себе за кого си сигурна дека сакаш да го поминеш цел живот со него,а после се финансиите,односно работно место. За мене,25-26.
за девојките од 22 до 27/28 за момчиња од 24 до 32 !!!! границите се променливи од приликите се разбират !
Според мене за жената е најдобро да стане мајка од 20-25 година, бидејќи имам доста и читано и слушано од блиски луѓе дека девојките во тој период најлесно ја поминуваат бременоста. Дури неодамна дознав дека девојките над 26 се сметаат во болниците за староротки. За разлика пак, за машките сметам дек од 25-26 до 30-31 година е најдобро да стапат во брак.Бидејќи доста поминале во животот, имале време и факултет да завршат, и работа да најдат, да се опремат за почеток на нов живот, и целосно да ја оформат својата личност.
A што е тогаш со жените? Според ова што го пишуваш треба да станат мајки млади пред да се изживеат, да завршат факултет и работа да најдат. Јас сум за накај 30ти години и за мажот и за жената.
Идеална возраст според мене е некаде 28,29,30 години. Одличен тајминг за започнување на семејство. Уште доколку и двајцата имаат завршено факултет и имаат по некоја работичка, тоа е уште еден плус. Зрелост започнува и со полни глави се влегува во брачните води.. (барем некои) Многу, многу сум против брак на 20 и два три години, од причина што повеќето од нив на крајот завршуваат со разводи и многу караници.. (барем според случаеви што јас знам)... Чест на исклучоци
од до 25, ако некој до 25-26 не се изживее,не заврши факултет no comment.А тоа за наоѓање работа е посебна приказна,може некој ќе има среќа а може не.А и ако се чекаат сите коцки да се наредат може и 35 ќе стасаме.
Мислам дека тоа е индивидуално а и се зависи од ситуацијата ,ма да што знам мислам дека после 26 год е некако погодно
Важно е да родите пред 30. Така да најубаво е пред 30години да се мажите. Според генетиката може да дојде до некои недостатоци во гените, што резултира со пореметување кај плодот, а причина е староста на мајката. Идеало според мене 25,26-27 години
Мое мислење е дека нема идеална возраст. Некој на 25 може да биде многу постабилен, позрел од некој на 35год. Сепак, секој за себе. За раѓањето, навистина се преферира и поттикнува да биде во пораните години од жената, но сепак не за џабе природата и` дала менструација до 45-50год., значи и тогаш е плодна и може да раѓа. Но, најнеоправдани примери ми се млади залетани кои бракот го сфаќаат како играчка, па на старт се среќаваат со милион проблеми и не знаат како да ги решат. Сепак, ова е важно прашање, за кое не се брза. Подобро да се почека додека бидеш скроз сигурен, затоа што последиците ги носиш цел живот.
мене секогаш кога ќе ме прашале на колку години сакаш да се мажиш јас сум и викала кога ќе ме запросат иначе идеална возраст за мажење според мене е 25
Оваа идеална воздраст е непостоечка. Секој за себе! И не поистоветувам воздраст за мажење со воздраст за раѓање деца. Можеш да имаш деца и немажена а може и да си мажена а да немаш деца. Јас се омажив млада за мој вкус, кога би се родила повторно ќе се мажам после 35.
Кога бев во средно школо, мислев дека идеално време за брак е до 24-25 и дури бев убедена дека морам до толку да се омажам инаку ништо од магијата , сега еве 29 имам, не велам дека уште ми е рано, според возраст можеби ми е време, но сметам дека не сум финансиски осамостоена за да можам да стапам во брачни води, не сакам да зависам од никого, се надевав дека ќе дојдат подобри времиња во нареднава година, но изгледа залудни се очекувањата па ќе морам да смислувам нови варијанти и не ми се чека веќе сакам да имам деца и нема врска тоа дека до 30 најдобро било да се раѓа, тетка ми на 40 го роди па здраво право, се си е судбина.