Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за брак?

Дискусија во 'Брак' започната од lavce, 7 март 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Идеалната возраст за брак е индивидуална.
    До пред некоја година им замерував на моите зошто наместо да основаат семејство, се до 28мата како големи авантуристи, шетале по планини, откривале пештери и освојувале врвови. Тогаш несфатлива ми беше таа желба да се прошета светот и да се изживее младоста.
    Ама како што растев и созревав, се повеќе ги разбирав и оправдував.
    Не се брзам за брак, и типувам за после 25тата. Имам други планови за дотогаш :)
     
  2. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    ние сме заедно со дечкото ми мој 4 години и 7 месеци, на шала пред околу 1 година си избравме датум за нашата свадба 08.06.2013 - сабота :D :D тоа ни е датум - ден после годишнината 07.06.2007, па сега додека бевме собрани за празнициве сите заедно фамилијарно се шегувавме ако може да си го продилжиме рокот за уште една година, брачните обврски секако нема да ни избегаат :) ;)
    Сакав само да ви кажам дека се тоа е убаво, само мислам дека нема потреба од брзање, се што си е наше кај нас ќе си дојде. . . и мислам дека најубава возраст според мене е 26, 27 години за женско околу 30 за машко,
    а за шетање прочитав некаде погоре прво да се изнашетале па после, ако има парот таков авантуристички дух и во бракот тоа ќе им се остварува (лично познавам таков пар, верувајте бракот не ги спречи во остварување на своите патувања) :)
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.359
    Пак не ми е јасно зошто на мажите им даваш фора до 30 да завршат факс, да најдат работа, а на жените до 25??


    Идеална возраст, кога се ќе биде средено по дома, со живеалиште, работа... Јас целам на 27 :D
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас ке се омажам на 28 години
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски

    Не им е тоа фората за факултетот (до 30тата год.), туку според мене мажите над 25 години се позрели,отколку 21 дете да чува.
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    11.742
    Пол:
    Женски
    Се е индивидуално. Некој на 23 е позрел и поспремен за брак од некој на 27 да речеме. Некогаш кога е брак во прашање женското може да е многу понезрело од машкото. Некој никогаш можеби нема да биде спремен за брак.
    И не ми е јасно како тоа кажувате 30 години за мажи, 26-7 за жени. А ако и мажот и жената се врсници? Чаре? Затоа не е добра оваа генерализација.
     
    На Hipster, Sara123 и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Идеална воздраст за брак е кога ќе се заврши факултетот,обврските .. бидејќи ако имаш маж во текот на факултет или сл. многу ќе се запоставиш де да периш алишта,да готвиш да учиш .. затоа јас тоа го предлагам ! :*
     
  8. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Се е индивидуално...кога јас се омажив имав 25 год. факултетот не ми беше завршен, имав уште 1 испит, па така ми беше потешко и тој 1 испит да го положам, а не пак да сум имала повеќе...затоа од искуство кажувам дека подобро е доколку студирате да го завршите фасот, а потоа мажење... но доколку сакате и да се вработите, и стан да обезбедите, варувајте тоа ќе трае подолго....има и такви што се му е средено па се мажат, но ретки се тие таквите....затоа пак ќе кажам ...индивидуално.....
     
  9. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Јас сум за 35. Прво работа, станче, кола, кариера, шетање и слично па после брак :)
     
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.907
    Без навреда,ама ако чекаш се ова да го стекнеш може и на кај 65 год.да направиш :?:
    Да.во ред е да се заврши факултетот и да се најде работа(било каква,немора да е во струка,да не се дојде до степен од мажот да се чека),ама стан и кола тешко дека некој ќе спечали до 35 год.А ако некоја може,секоја чест,браво за неа.
     
  11. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Епа немора се ама барем третина. Сакам кариера да направам и светот да го прошетам (тоа ми е целта во животот) Брак после тоа. Па како ќе биде ќе видиме :)
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.907
    Кариера се прави(читај гради) доживотно,така да ....

    Абе ,на кој како ќе му чукне тапанот,неможе се да се испланира до месец ,до ден,ама основно факултетот.Па и тој не е мерило за тоа дека некој е спремен за брак.
     
  13. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Па не се согласувам дека кариера се прави со гради!!! Тоа се само стереотипи за жените!
     
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.907
    Леле мајко ,не се прави со гради кариера,туку се гради кариера.
    Значи глаголот гради;

    Градам,градиш,гради
    градиме,градите,градат
     
    На KuklickaSk, Sara123, spellbound и 6 други им се допаѓа ова.
  15. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Ale.Ambrosio4, во постот на stetoskop се мисли на изградба на кариера, а не на гради како ( цицки :)).
    Јас мислам дека не постои идеална возраст, кој кога се чуствува доволно зрел и одговорен да се соочи со сите убави работи, но и обврски кој ги носи бракот, може да стапи во брак. Но пред се треба да бидат свесни дека од љубов не се живее, ниту пак под ведро небо. Бракот си носи одговорности за кој треба да бидат зрели за да можат да одговорат. Некој побрзо,некој побавно созрева, се е индивидуално.
     
  16. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    моја грешка :)
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    А што е толку битно да си материјално обезбеден за да стапиш во брак?
    Или факултетот да ти е завршен?

    Материјалното може да се изгуби во една секунда. Родителите на Петко во 80тите имале се што вие барате и очекувате, завршено образование, стална работа, стан во центар на Сараево-идила. Имале пари на претек, одмори, зимовања, автомобили... Пукнала војната во Босна, дошле во Македонија, со неколку куфери и две годишно дете во раце. Останале без ништо, ниту имот, ниту работа. Буквално на улица, полека полека застнале на нозе и станале свои луѓе, а се земале на 20-21.

    Или факултет, факултетот можеш да го учиш и да го завршиш на време ако сакаш. Знам неколку примери мажени со деца, вработени и студираа. Напорно било, имало непреспиени ноќи, но навреме дипломираа и еве ги сега успешни жени кои градат кариера.
    Доколку се има желба, средства, подршка и помош се се може.

    Друга нејасна ствар ми е тоа проживување и шетање.
    Еве имам 20 години и верена сум скоро цела година, па пак си ја проживувам младоста, пак шетам, излегувам се забавувам, но и уживам покрај него.
    Бракот со вистинската личност не ограничува, туку напротив проширува хоризонти, не си повеќе јас туку сте вие. И влегувањето во брак или вонбрачна заедница не те прави по автоматизам домачица со престилка, витлер на чело, недепилирана и несредена. Напротив тоа е взаемно задоволство, го делиш секој миг добар или лош сеедно, со некој кој го сакаш, кој ти значи, кој те исполнува.

    Не постои идеална возраст во форма на цифра, постои идеален човек кој ќе се појави во идеален момент.
    И не, не се каам, ниту цела година за момент не се покајав што на 19 години се согласив да се верам за Петко, и кога повторно би одлучувала, повторно со цело срце ќе се согласам.
     
    На kate21, Sara123, tinkerbelll и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    За мене е важно да си материјално обезбеден бидејќи несакам да живеам со свекрва сакам сама да бидам со маж ми
     
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Ако се викаш Резмије,моеш и на 16,шо. Уште не завршил црниот ти партнер со првиот пат,веќе на врата му пее Зете мили зете цел оркестар.
     
  20. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    П.С. Морам да бидам материјално обезбедена. Кој ќе ми плаќа сметки?