Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст за брак?

Дискусија во 'Брак' започната од lavce, 7 март 2010.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Под материјално не се само платите, ти сакаш кола, стан и кариера.
    А сето тоа не се стекнува тек така, не е ова факултет запни за 3-4 години завршен, поготово кариера се гради со децении. А што се тиче недвижнини (стан) со македонски примања и тоа оди малку потешко. Што се должни твоите да те ранат и да ти плаќаат сметки на 30 години за ти да си штедиш за стан?
    Обврска на родител е да го израсне и школува своето дете, а не да се жртвува доживотно.
    Ова е производ на твоите предрасуди, и не би го коментирала, од причина што коментарите би содржеле навредлива содржина за Ромите. А денес е веќе 2012, и Ромите се и те како еманципирани.

    За сметка на тоа, ваквото осудување директно алудира на твојата ограниченост, што е само причина плус да не сакам да ја продолжам дискусијава.
     
    На Sara123 и danichap им се допаѓа ова.
  2. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто сите велат дека пред да се омажиме прво треба да се прошетаме, да го видиме светот. Демек откако ќе се омажиме нема да можеме. Бракот не треба да е затвор.

    Да не одам многу оф топик:
    Идеална возраст за брак ми е 25-28 години.
    Си завршиш факултет, си најдеш работа па тогаш се мажиш, сакам да си имам свои примања, а и само од љубов не се живее нели ?
     
    На LaBella и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  3. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Па дел од овие работи можат да се стекнат до 35. А во мојот коментар не стои дека моите ќе ме ранат и плаќаат сметки. Погрешно си сфатила. Јас реков мораш да си материлно обезбеден за брак дури и да живееш со твоите. А Towelie така искоментира бидејќи повеќето од Ромите млади се мажат (Жално, но се сепак реално) Како и да е сепак тоа е предрасуда.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Само што дознав дека една моја школска се омажила а нема ни 17години :x :x :x
    Кога прочитав се лупнав на бирото. :x Цццц....неможам да се изначудам како е можно да постојат толку глупави женски. Па има време и за љубов и за брак и за се што мора толку рано да се земаат. И што е најжално го знае „типот“ само 3/4 дена. :x
    Али добро, мора да постојат секакви нели. :)

    Инаку јас сметам дека најдобра возраст за брак е 26 години, за женски и 29/30 за машки.
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас се омажив на 21. И сега да се вратам на тие години пак ќе се омажам на 21, со маж ми.

    На 20 години немав факултет, немав кола, немав стан. Имав соба под ќирија, не стан туку соба, и работа. Со свекрва не сум живеала 1 ден. Се вселивме со маж ми под ќирија во еднособен стан додека бевме дечко и девојка, и после една година се земавме. И тој нема факултет, двајцата напредувавме на работни места со работа и додатно тренирање. Немав веренички прстен, не правивме свадба, не бевме на меден месец, ниту наредните 3 години нигде не мрднавме, друг ни беше приоритетот, депозит за куќа.

    Сега сум 32 годишна жена. Уште немам факултет, имам работа, имаме куќа на која кредитот целосно ќе го отплатиме за наредните пет години, имаме по една кола, годишно одиме на по 2 одмора од кои едниот е две недели каде повеќето новоземени двојки од светот бираат да одат на меден месец.
    И да, сега имам и веренички прстен, ама за десет годишнина :lol:

    Сакам да кажам дека тоа што се земавме помлади, бевме ограничени на почетокот што можеме да си дозволиме а што не, оти од двете страни на родители ќикиритки имаме од помош, но не не спречи ниту маж ми, ниту мене, да постигнеме нешто во животот, и наместо да градиме кариери или да шетаме по светот одделно, ние сето тоа го направивме и сеуште правиме заедно.
     
    На Lolipop23, Sara123, CrazyStupidLove и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Едно нешто не разбирам. Зашто на женско давате помлади години за мажење, а на машко постари? И тоа за созревањето не би го прифатила како одговор.
     
    На verica81 и femina90 им се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    раѓањето на деца (кое носи уште ххх фактори за поран влез во брак)
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    И јас не го прифаќам. Мислам дека машките никогаш не созреваат!!! :D
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    ^^Јас пак не се сложувам со тоа дека мажите никогаш не созреваат. Зависи од човекот, од карактерот, но најмногу од воспитувањето, какви ставови и размислувања стекнал додека растел, односно, како го учеле од дома. Макар што некогаш знае да излезе токму спротивното.

    Има и жени што никогаш не созреваат, па што?

    А што се однесува до идеална возраст - нема такво нешто, индивидуално е. За годините - пак не држи вода, барем не денес. Иако, точно е дека за забременување и бременост пожелно е жената да биде помлада, денес медицината е доста напредна.

    Јас се омажив на 30 години, родив на 30. Ако чекав да се вработам и да изградам кариера.... ќе немав ништо од ова. Имав и јас зацртано во главата што и како, ама коцките поинаку се наредија. Додуша, може ќе беше поинаку ако прифатев некоја од претходните понуди за брак, не знам, но не се каам што почекав.
     
    На Snow-Queen и bittersweet им се допаѓа ова.
  10. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Мене ми е многу глупава таа поделба машко на 27, женско на 25ипол. Идеална возраст? Тогаш кога ке се осетиш дека си спремен и сигурен дека токму тој/таа е личноста со кој сакаш да го поминеш остатокот од животот. Некој луѓе ќе осетат на 23 години, некој на 25, на 30. Јас имам желба да се омажам на 24/25 години зошто знам дека тогаш ке бидам спремна на тој чекор и тоа со мојот сегашен дечко затоа што знам дека тој е тој, а нашата 4 годишна врска го потврдува тоа :inlove:
     
  11. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    За година-две одсега :D Поглупаво прашање амин! :D Уште поглупави одговорите со цифри - 25,30...

    Да се има критериум за вакво прилично сериозно животно прашање е во ред, али да се има безмислен критериум е смешно. Се во животот е релативно.

    И јас сакав (и планирав) по завршениот факултет работа, па и кариера, добра плата и матријална независност, па сето то го врзував со идеалното време за таков чекор. И сфатив дека нема врска. Не е се така едноставно. Факултет имам и работа никаде. Работа можеби по уште две години студирање и уште толку стажирање... Кариера? Да додадам уште добри 10 години. И да, јас со мојата професија што ја избрав ќе живеам сама до 35 години, али нели битно ќе имам работа, кариера и матријална независност.
    Абе ајде...

    Си дојде идеалното време и го поништи мојот план... Дури сама себе си завидувам сега :D верена тазе по прилично долга врска со сериозно маже (8 годинки постар :!: :!: :) ) живееме сами во скоро досреден нов дом... среќна, заљубена и со одвишок слобдно време да се посветам на кариера...
    Е сега делумно зависна матријално од него што бтв секогаш сум мразела, ама ќе дојде и моето време... :lol:
     
    На CrazyStupidLove, AnaKarenina, hunny-bunny и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Кога пред вас ќе застане вистинскиот маж :)
    Не го чекајте Принцот... чекајте го оној кој ќе ве третира како Принцеза!
     
    На CrazyStupidLove, srcekrsacka, atala и 7 други им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    И најдосадното прашање на СЕКОЕ видување со роднините: Ајде, време ти е...да поиграме на свадба... |(
     
    На verica81, srcekrsacka, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  14. dusi4ka1993

    dusi4ka1993 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Zdravo iako sum nova bi sakala da vi se pridruzam vo vasite raxgovori imam 18 ipol godini veke sum vo brak i studiram.. Prioritet vo zivotot mi bese mi bese da zavrsam so studiite pa da se omazam..Ako nekoj se prasuva na kolko godini treba da go kaze konecnoto da togas nikogas nema da bide spremen.. Nitu sum bremena nuti pak nekoj me prinudi da go napravam toa, go storiv od zelba. Nemojte nikogas da razmisluvate ako ve prasaat.. Mislam deka nitu eden covek ne treba da dozvoli da go vodat godinite niz zivotot.
     
    На vickyy90, anabel-a, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Baby1994

    Baby1994 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Најдобро е на 26-7 години според мене :emo:
     
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Кога доволно се познаваат, и знаат дека можат да сметаат еден на друг, кога се спремни и за евентуално проширување на семејството... кое е навистина збогатување на животот... мислам дека кај жените тоа доаѓа обично порано, а идеално е кога двајцата ја имаат таа потреба..( да не биде во онаа прва заљубеност) Тоа е по мене идеално, по примерите кои ги гледам околу себе , а и по моето неубаво искуство ...
    Идеална време е кога се и двајцата зрели доволно и еднакво .....не зависи од годините...
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    „Ајде честито 5-годишнина, па спремајте се за свадба, време ви е.“

    Од кај знаеш па ти мене кога ќе ми биде време?
    Демек долга врска сме имале, па веќе редно било да се земеме... |(
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    хаахахахах ја прочитав целава тема и се чудам...35 години за брак и прво дете :sweat: тоа е жално
    ја се омажив на 20 немав ни факултет ни работа само сопругот(25год) работеше...на 21 ми се роди керкичката па се запишав на факултет и да ви кажам нема ништо на светот поубаво од свое дете :)
    ок може и претерав, ама мислам дека поубаво е млади родители, зависи од човекот
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Како прво ти неприфаќаш туѓо мислење. Неможеш за некој да кажеш дека е жално доколку смета дека сака после 35 години да оформи семејтво. За мене е жално на 20 години. Ти си била дете кога си оформила семество незнам како си го чивала сопственото дете. Како второ муабетот за млади или стари родители си нема врска. Како може да не нема ништо поубаво од млади родители, што им фали на постарите, да не незнаат они сличајно како се оформува семејство и како сер чива дете. И доколку мојата ситуација ја сметаш ја жална, твојата е пожална. Секој човек си размислува индивидуално и неможеп да судиш. ;)
     
    На vesni4kaaa, verica81 и baby-star им се допаѓа ова.
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ти изгледа погрешно си ме сватила....ја на крајот пишав дека сепак е индивидуално на колку години ке се омажиш.Незнам што ти е смислата на муабетов како сум го чувала детето??????? Ти може не си била доволно способна за дете на 20 год, па затоа се чудиш :P или можеби пред менопауза е најдобро да се роди дете????
    читај малце по интернет и ќе видиш на колку години се смета најповолно жената да роди прво дете,па после пиши чија ситуација е пожална :fubar: :fubar: :fubar: