Ова ти е dirty blondi нијанса, така ја водат. Аура 12.8 исто може да ти помогне или Аура 90.01, сивата. Бев морков пред некоја година, со експериментирање со бели фарби и сиви, дојдов до бела, ама појма нема што ставив, што беше клучното. Памтам со овие две последно испашав добро.
Имам две прашања. Според вас кој е најдобар бланш од ДМ, и секако да не ја оштетува косата? По можност да вади побелузлави и пепеласти нијанси а не лимон жолти. Дали во фарбата растворена со хидроген може да се додаде малку бланш за косата да подосветли а истовремено и да си ја добие посакуваната нијанса?
Јас сакам ваква боја,но не знам што сама да и ставам, ја правев в септември на фризер мед но не е оваа нијанса. Корењата со што ги праиш,мојата е склона кон портокалово -_-
Мојата пред и потоа . И пола коса ми падна , среќа имам прегуста коса иначе ќе останев без неа Пробај со кене 1517
Јас на фризер бланш секој месец кога и ставав беше ваква Последниов месец ми ставија нешто како измеѓу бланш и фарба , ама не е тоа тоа па ќе си продолжам со бланшот. моја препорака е на фризер да си одиш доколку сакаш ваква плава коса
Конечно стигнав до посакуваната боја! Трето по ред фарбање со Кeune 1517, сега само во корен планирам да ја поминувам на две недели. Надоле е добра, може само повремено на неколку месеци да ја освежам целата.
Не се бланширам ама така посветла кафена ми е природната. Секако ќе ти осветли ама ако ти е потемна не волку.
@Jane Doe. За бела коса прашуваш, имам поставено слики назад на темава од мене. За бела коса, секој месец мора бланш на корен и плус прелив. И ако веќе ја правиш таква мора често шишање.
Зависи кочку долга искрено, тешко се расте ваква бела коса долга. до рамена ок, ама подолга а да не е оштетена како метла, тешко
Од скоро сум плава, па не сум уште упатена што како со косава. Коренов го фарбам со кене 1517 ама очигледно без бланш нема теоретска шанса да се изедначи со долниот дел, па сакам да прашам дали да се избланширам во коренот и потоа се става фарба, прелив? Како го правите преливот? Или да пробам со тоа бланш купка? Секој совет е добредојден.
Да, искрено нема шанси бела плава без бланш. Коренот го бланшираш, па правиш прелив (имаат пишувано членки низ темиве како се прави) или фарба. Преливот се држи 15-20 мин , тоа е фарба разредена, моме нркоја членка да ги ксже како се прави, јас на фризер ја средувам секој месец и само ,нам дека бланш ми ставаат и прелив. Ако ставаш бланш, ќе пазиш да не го допреш веќе фарбаниот , белиот дел од косата
Јас се шатирав неколку години ама кога ќе ми подраснеше премногу ме нервираше а не сакав да ја горам со бланш толку многу, бИдејќи моето влакно е тенко и бланшот не ми влијае убаво на косата ми ја суши. Испробував фарби дома на прамени повнатре во косата и си најдов фарба што ми одговара ама сепак не е бела како што ми беше кога се шатирав...коренот кога го фарбам ми е океј ама после неколку фарбања паѓа малку бојата и пожолтува. Си правам дома прелив со истата фарба, малку хидроген и вода и го ставам тоа на коренот и ми осветлува ми се трга жолтилото. Силвер шампон не делува на фарбата воопшто, само на бланш. Сакам и јас бела коса ама сепак побитно ми е да ми изгледа здрава косата...
А на фризер како се движат цените за средување вака само корен? Може ли да ми кажеш која фарба е тоа? И каков е соодносот кога правиш прелив?