Еве каква сум сега. @CarrieBradshow ветив слика. Утре се шатирам, ќе има апдејт дали ме средила или унаказила.
Студио Би- Маџари кај стара Млекара. Јас шатирам горен дел само, ме фаќа 800+350 шишање + силвер шампон, 1500. Цела долга коса мислам беше до 1500 ден. Става и прелив и некој си шампон за матирање/нијансирање.
Се надевам ќе се задржи сјајот подолго. Ма да може на 2 месеци да ми обнови прелив и тонирање, бар така рече.
Ако чекаш два месеци, ќе треба да почниш пак од нула. 3 недели после фарбањево пак исфарбај го коренот. Преливот си е за прелив, не е штетен нити комплициран, можиш после фарбање да си го ставаш.
аха аха, тогаш да. јас погрешно те разбрав. шибај, јас решив да не ја фарбам повеќе хаха баш ме интересира до кога би издржала. 4 години еве немам фарба ставено, додека ми се исчисти плавото поминаа 3 години
И јас така, долга ми беше ептен, плава, одкако ја скратив да падне плавото се до рамења ми е. Никако да порасне.
Здраво девојки Имам едно прашање за оние кои се фарбат со гарниер 111. Колку % е хидрогенот? Во бременоста па и 5 месеци откако се породив еволушн 11.11 ми ја потемнува косата , претходниот пат се фарбав со кене 1517 исто, воопшто не се осветли, а плавуша сум 12-13 години која пред првата бременост (пред 5 години ) имав бела коса и тоа само од еволушн.
Супер, тоа и ме интересираше. Јас се бланширав односно вадев прамени во салон и оттогаш коренот го фарбам само со фарба на Лореал меѓутоа после неколку миења коренот ми е пожолт од остатокот од косата и доста двои. Дали со ова на Сајос ќе го решам проблемов? И дали ја суши многу косата?
Се офарбав со syoss 13_5, супер се осветли косата ама многу ми остана жолтило. Дали ќе го средам ова со виолетов шампон или ќе мора дополнително да се фарбам пак?
Незнам каква е таа фарба ама ако веќе ти е осветлена можеш да се префарбаш со фарба која има внатре лилјаков тон, некоја од типот на keune 1517. Немора таа, генерално сите пепеласти и белузлави фарби имаат таква улога. Не губиш ништо ако се обидеш со лилјаков шампон но мислам дека тој најмногу ефект има на бланширана коса.
Ти благодарам за советот. Иначе во оваа фарба на syoss има и бланш, па не знам дали сега да ставам над фарба таква прпеласта или повторно со истава треба да се доосветли од бланшот па тонер. Малку ми се оправи жолтилото со фанола шампонот но сепак има делови што се пожолти од остатокот. Еве слика Спојлер
Јас ја имам користено фарбата со бланшот, потоа ставив фарба со виолетов пигмент како Кене 1517, супер ми излезе мене тогаш