Ако еднаш имаш ставано бланш во фарбата, не би ти препорачала повторно бланш. Може да си ја оштетиш косата. Сега над ова може да ставиш таква фарба со лилјаков тон, и тоа мислам дека не ни мора да ја развиваш со појак хидроген од 6%. Исто и на Субрина гледам доста го рекламираат тој силвер преливот. Не сум го пробала ама и на него тоа му е намената. Како и да е, тестирај си најубаво прво прамен за да знаеш отприлика што би добила. Секоја коса си е различна. Не ти е ни вака лоша, мене ми се допаѓа.
@Ketchup тебе те тагнувам , би сакала мислење Ако ставам плава фарба на веќе бланширана коса како ќе испадне? Пред неколку дена се бланширав и ми изгоре кожата , ми се појавија корупки и не е ова прв пат и некако ми е страв пак да ми стават бланш.. убава нијанса имам , ама последно бланшот ме "утепа" Друга алтернатива не верувам да има, а ако ме прашаш не знам колку % хидроген ставаат или е до самиот бланш.
Сега одма тоа да го правиш? Ќе ти догори темето и ќе ти падне косата. Мене ми се има тоа случено но долу кј вратот на почетокот од косата ми е осетлива и ме чеша. Следен пат неча те прават со кремата бланш па од горе на коренот само фарба али со послаб хидроген
Каква ти е природната? Нема опција да пораснеш твоја на корен и да правиш прамени од подолу како балајаж или некоја друга техника? Јас ко ја правев така раат бев и од фарби и од горење теме, плус немав портокалови тонови. Утре ќе ја правам пак, едвај дочекав, ама не ја фарбав неколку месеци да порасне убаво мојата коса горе.
@wannaBeMomma не сега одма, туку од кога ќе потпорасне коренот. За бланш купката збориш? Да ти кажаш овие се малку чудни работат по свој принцип, не знам дали ќе ме свати ако и кажам за бланш купка @kristina.k да ти кажам со фарбите сум немала проблеми, а секакви нијанси имсм ставано, ама бланшов многу ме печеше дали кожава осетлива ми стана стварно не знам. Она ме прашуваше да не ме пече јас и викам пааа малкуу а во меѓувреме не ја осеќав кожава...моја голема грешка што не и кажав каква е работата ама што ќе правеше ќе требаше да ме измие.. Не знам што да правам понатаму, пред 3 -4год еднаш направив балајаж ама не ми се допадна и потоа почнав да ја фарбам со фарба.
Коренот кога ќе подрасне ќе ти осветли ако го оварбаш со плава фарба и 9 посто хидроген ама не до толку како со бланш. Ама нема па ни толку да двои како кога е нефарбан. Зависи од природната коса, знам некои кои само со плава фарба без бланш добиваат одлични светли нијанси. Инаку над бланшот ако поминеш ќе се нијансира секако, како прелив нешто би му дошла фарбата.
@koritsaki, генерално се сложувам со членките погоре. И јас ти препорачувам некоја техника со која нема да е неопходно бланшот да ти го допира скалпот. Прво се мислев на кратката фризура како би дошло, ама сега побарав и видов дека ја пушташ косата, така да мислам дека прамени понатаму би ти биле одлична опција. Иначе, ме интересира со која фарба планираш да го офарбаш сегашното бланширање?
@Ketchup да, ми се здосадија кратките фризурчиња краток боб сакам да ја пуштам инаку за фарба, зборувајќи со една жена на работа ми ја препорача фарбава , 1000.11 нијанса (нијансата и е солидна, сама се фарба , па затоа ја прашав неа ) Дали можеби ја имаш пробано? За друга фарба немам идеја што би ставила, ако имаш некој предлог баш кажи
Немам искуство со овие фарби. Баш пробај и кажи како ќе испадне. Само моја препорака, ако ставаш надоле, разреди ја со вода или некој кондиционер.
Хелп. Кажете ми како да направам прелив малку да се изедначи коренот со остатокот? Каква фарба каков хидроген (која концентрација)? Низ цела коса да мачкам или само корен? Шатирана сум и не сакам за брзо да ја бланширам. Фала
Ако ставиш фарба кај делот што ти е темен ќе испадне друга боја во однос со шатираното/бланшираното. Мислам кога се фарбаме плави не е ок да се остава многу да порасне коренот, зошто после ќе двои Најдобро нека те средат на фризер па потоа средувај си го дома коренот сама
Јас би ја ставила оваа во корен со 9% хидроген. Би ја чувала во корен 20 минути па би продолжила должина да фарбам.(кај што ти е плавото)