Јас се фарбав пред 2 недели дома со фарбата Koleston 12/81 со 9% хидроген , на почетокот ми беше портокалов малку коренот , ама со миењето осветли и сега е по ок. Вчера кога бев на фризер , фризерката ми рече дека не можам само таа 12/81 да ја ставам, дека морам уште една да ставам ми кажа разни броеви ама не запамтив.. Пола од 12/81 и пола од 12/1 би можела да ги помешам со 12% хидроген ? Ако може мислење @Ketchup или кој знае
Јас не ти препорачувам да се фарбаш со 12ка хидроген од причина што прво е премногу за влакното, а од друга страна, колку појак хидроген, толку повеќе го убива пигментот на фарбата. Ко, скроз жолта може да ти испадне ко банана. Е сега за фарбите на Вела знам дека ги мешаат со некоја 9 нијанса. https://instagram.com/thezachmesquit?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Разгледај му ги видеата, он фарба со Вела, повеќето му се бланширање, ама има и само фарбање.
Да пишам јас мое патешествие од крај на септември кога почнав да се фарбам дома повторно по 2 години бланширање и фарбање корен на фризер. Пред 3 недели ставив Koleston 12/81 со 9% хидроген, не ми се допадна јако коренот ми испадна некоја паркет боја и како проаѓаше време беше поизразен. Бев на фризер пред недела дена да се шишам кај друга фризерка овој пат и ми рече дека фарбиве на Колестон ги меша две за да добие плава боја. Ама јас дома не сакам да правам такви експерименти. се мислев Колестон 12.81 + 12.02 1:1 да помешам со 12% хидроген и се премислив. Пред 4 дена се исфарбав со др фарба Medevita 901 , продавачката во парфимеријата ми ја предложи оваа ми рече дека има поинтензивни пигменти и дека ќе нема коренот портокалов да ми биде. Јас луѓе се исплашив кога ја шлапнав фарбава и пројдоа 30мин косата ми стана темно сива, викам сега ако ми остане ваква се пребарувам кафена истиот момент, бојата беше некоја темна голуб боја кога се измив не беше лоша, иако сива толку не ми се допадна. Денес се измив, и резултатот е овој Толку сива не ми се допаѓа, јас сакам нормална природна плава , не сива не бела. Пред некој ден ја земав Evolution 11.21, некој дали ја користел? 11.11 без бланш не ми излегуваше убава. Јас сакам да земам фарба една иста и со истата да се фарбам секој месец, најдобро е да не се мешаат нијансите при боење особено на плава коса. Само треба да ја погодам
Прв пат да не ми излези сива нити бела е со оваа боја(сите други баш на сиво или бело испаѓаа)Оваа баш плава,убава нијанса,не жолта излезе
Знам, нема да биде бела како што ми е сега немам црна коса, ама со фарби плус прамени на неколку месеци успевав да одржувам плава коса 2020та година
Medevita 901 ставав последно и ептен сум задоволна. Косава ми е ептен сива што и не ми е баш по вкус ама тоа се измива со тек на време важно коренот не е портокалов. Keune 1517 ми се допаѓа многу ама ја нема кај мене тука во Грција за жал и само кога одам за Мк ја набавувам. Сега ја земав Еволушн 11.21 и ќе ја пробам нареден пат, мислам слична како Медевита ќе излезе.
Проба ли? Јас мислам над 9% да не мешаш со фарба. Ако на Evolution фарбата ја измешаш ко што е правилно, 1:2 и седиш 55 минути, баш солидна бебешко плава ќе добиеш во коренот.
@Ketchup @~Allure~ Првава слика е на потемно место сликана Другава на дневна светлина. Се гледа малку подникнатиот корен. По две фарбања со разни фарби (Колестон 12.81 , Медевита 901 ) косава вака ми изгледа. Колестонот не ми се допадна коренот беше портокалов, вторава фарба прво беше многу сива- додека седев со фарбата на коса беше пресива и на почетокот беше ок, сега 14 ден од фарбањето пак коренот е некако паркет боја. Сега ја земав Еволушн горе што ја спомнувате 11.21 , што мислиш како ќе излезе со 9 % хидроген. Знам бела нема шанса без бланш , ама барем да не биде паркет и колку може посветла да фати сакам. Па и на жолто нека мава. Не се сеќавам пред неколку години што фарби користев ама колку може појако нешто би сакала. Една членка од форумов Ревлонисимо ми ја препорача а на неа преубаво и излегува, ама таа фарба и Кене ги нема овде, Кене воопшто. Дали доколку ставам иста фарба секојпат ќе ми излегува подобра бојата?
А каква ти е природната боја на коса? Бидејќи ако ти е многу темна, секогаш ќе имаш проблем да постигнеш посветла нијанса на коренот само со фарба. 11.21 со 9% хидроген 1:2 и ако ја држиш 55 минути, би требало да испадне некоја бебешко плава нијанса во коренот. Ако ти испадне ко што ти е сега, види дали можеш да најдеш OSP и од него да додадеш во фарбата, за поголемо осветлување.
Природната боја не ми е црна, ама не е ни светла, баш она костенлива боја.. Ќе видам , ќе пробам и со оваа фарба па ако не ќе го набавам и осветлувачот.
Како се подготвува бланш, што се ми треба? По можност да ги има во ДМ. Сакам да извадам неколку баш танки прамени. Косата ми е темно кафена, веќе шатирана но израсната.
Освен да одиш на фризер за прамени друго не ти препорачувам. Бидејќи тоа се специфични техники и ќе си ја изгориш косата или ќе испаднњ лошо пребоено
Јас вчера се фарбав со Еволушн 11,21 ( лево на дневна светлина , десно вечер сликано со блиц) и мислам убава ми излезе бојата Ќе видиме како ќе се измива понатаму. Ако вака остане нема да ја менувам