Хидроген во бојата нема,посебно купен,претходно на ептем сиво или бело ми фаќаа боите(земете предвид дека сум обелена природно).Не очекував од бојата вака да фати,затоа што многу бои сменав се на,сиво добивав нијанса.
Јас да направам апдејт за последнава фарба што ја ставив пред 10тина дена на Еволушн 11.21, многу брзо ми се изми, на почетокот убаво си беше бебешко плава кај коренот, сега се изми на портокалово цел корен. И фризерката ми потврди дека ми е мн портокалово, ми рече да земам Koleston 12/81 со 12/1 измешани +12% хидроген па така да се офарбам. Што мислите за оваа комбинација, да не испробала некоја?
Не сум ја пробала комбинацијата на фарби но мене некако 12 посто хидроген ми изгледа прејако. Мене баш убава светла боја ми фаќа во корен така што го фарбам израстокот на 2 недели. Тогаш е минимален, скоро и да не се познава. Потоа наредни еднаш-два пати секако се потфаќа со четката и од веќе фарбаното и така се добива светла плава нијанса која не двои од остатокот. Финтата е да не се чува голем израсток.
На 18-20 дена се фарбам, знам дека не треба да се остава голем израсток. Ме нервира што првите 10 дена е супер потоа се добива таа рѓа боја. Не знам што да кажам, факт е дека на фризер мешаат две три фарби па ете да пробам и така...
Имаш опција за некои прамени да извадиш, нешто такво? Бар ќе ти се одложи малку периодот на префарбување. И внимавај со 12% хидроген, да не испадне многу на жолто бојата на крај.
Сега за сега ми е ептен кратка , и уште имам од бланшираното, полека полека го кратам , тоа во иднина го планирам кога ќе ја пораснам косава доколку и надоле ми излегува жолто
Сакав да ти кажам дека тоа ќе ти се случи ама веќе ја имаше купено фарбата. 12ка хидроген само ќе ти ја пожолти повеќе косата. колку време ја држиш фарбата?
Фарбана со Koleston 12/81 + 12/1 и 12% хидроген. Вака ok изгледа. Не ми смета што е жолто. Страв ми е да не прејде пак во портокалово. А се мислам дека така ќе биде :/ Не знам зошто така ми се измиваат боите а професионални бои користам.. ќе видиме за некоја недела како ќе биде Edit Мислам да ја оставам сега да порасне коренот па да ставам од Syoss 13-5 беше фарбата , баш сега се сетив на неа @wannaBeMomma ја користевме пред 3 години, така ли беше нијансата ? Дали по неа се ставаше др фарба на мокра коса? И колку често може да се користи , јас тогаш еднаш ја користев и потоа се исфарбав темна.
Таа беше Ама знаеш дека тоа е исто бланш и од горе ставав и фарба зошто си беше банана жолто. Секое фарбање правев така.
Да да знам. Ги најдов старите мислења Гарниер сме ставале на мокра коса. Викаш ако ставам на два месеца од Сајосот за да не се гори мн косата, ќе може така да одржувам посветла нијанса? Се сеќавам не ми ја уништи воопшто косата
Се тешам што ми е кратка косата хаха за позади зошто ми е мн кратка косата нема шанса а да не ги исфарбам некои од праменчињата што се веќе плави, ама ќе и кажам на свекрва ми да помогне
@wannaBeMomma Извини денес 100 пати те цитирав, кажи ми делот каде што е портокалов и тој да го мачкам со фарбата или само црниот корен?
Едно прашање, фарбава Сајос 13-5 кој % на хидроген има, дали знаете? На колку време може да се користи, на пр секој месец може така? @wannaBeMomma @koritsaki @kristina.k