Јас се исфарбав со Syoss 15-3 па со Колестон 12.81 супер обели , само мислам сајосот требаше да го држам нешто повеќе барем уште 10 мин, зошто имам некоја жолтеникава нијанса на коренот ама не е битно. Ќе видам како ќе се измива , ама најверојатно ќе си закажувам пак на фризер. Не ми е по ќејф со фарбањево дома се на портокалово удира по некое време , а бело да се добие дома шанса нема
Косата ми е жолта после деколорант. Дали ако ставам keune 1517 ќе се неутрализира жолтото? И со колку хидроген да ставам,дали со 6 би било доволно?
Зависи каква ти била претходно и колку ти е светла. Обично покривноста зависи од тоа кој левел на светлост ја имаш. На пример ако ти е жолта левел 9, тогаш покриваш со некоја 9 силвер нијанса, ако ти е жолта левел 8, со некоја 8 силвер нијанса. Не знам дали ме сфаќаш. Ако не ти е доволно светла, 1517 ќе има повеќе ефект на осветлување, отколку неутрализирање.
Претходно се фарбав со гарниер 7.1 ама коренот ми беше потемен а надолу ми беше плава од прамени претходно што имав. Сега ми беше светла ама жолта жолта како после бланш. Мислам дека ми е доволно светла, бидејќи и претходно ми беше плава само нееднаква.
Ве молам предложете некоја природна руса фарба, не сакам многу на сиво да биде. Од Еволушн и Кене фарбите имам алергиска реакција Пред два дена пробав со Еволушн повторно, мислев моментална била реакцијата претходно, но не, повторно исто, ужасно печење и црвенило.
Дали ви се случило да ви ја снемува бојата брзо? Бланшот ми паѓа за еден месец. од бебешко плава, ми станува за две миења смеѓа. Дури и пред да се измијам веќе е стемнета. Читав дека постои порозна коса или хормони да се проблем. Имате ли слично искуство? Фарбана со години, имам над 40 год и сува коса. Се шатирам накај 15 год ама ова се случува последните 2. Има ли решение?
@missmatch Кај истата фризерка одиш последниве 2 год? Да не не го остава бланшот доволно време, зошто тоа може да се случи доколку не ја осветли убаво косата, преливот што е врз бланшот се измива , паѓа..
Dve smeniv, me ubeduvaat korenot sto go farbam temen, nadolu farbata se razlevala i zatemnuvala. Nema sansi, zosto uste pred obnova na korenot mi se zatemnaa pramenite. Месец дена разлика
Женски малце хелп, правев омбре пред некој месец и ми беше убаво сива како што обожавам јас, е сега почнува да станува на жолто а мене воопшто не ми стои таков пигмент, па предложете некоја фарба на Еволушн или Кене што би ја добила повторно сивата (се имам фарбано со Еволушн 11.11 ама некако жолткасто ми фати) фала ви.
Да пробаш да ја обржуваш во меѓувреме сивата со виолетова маска? Таа од Керастас е добра. Виолетов шампон е многу сув за косата. Инаку за обржување сива коса со фарба би ти рекла да одиш сепак на фризер бидејќи јас земав така сивкаста фарба од Вела и после добив зелен пигмент што не се извади со ништо освен повторно бланширање.
Како се справувате со кинење? И како да го зајакнам влакното, избланширана и фарбана милион пати со прелив со се. Како сено е на допир
Нема да ти фаќа фарбата како кога ти ја бланширале косата т.е. бела во никој случај нема да ти испаѓа со фарба. @Curious cat само почесто шишање, маски ставање... мене многу ми помага Олаплекс бр.3 и бр.6 , јас лично немам проблем со сува коса.
Ми остана у рака пола коса и сега кога немам коса и полесно е. Се зезам. Ставај маска, Олаплекс или керастас продукти. Овие од Лореал профешнал викаат дека се добри, ама немам лично пробано. Наредни ми се на листа. После ставај масла, има од Лореал елсеве многу добри што и да ги ставаш секој ден не ја мрсат косата. Или од Авон маслата доста ми помогнаа. Ама после некој месец се уништува косата. Мене можеби некои 4-5 месеци беше супер и после ми се искина скроз и морав да ја ишишам скоро пикси. Не користи ич фен, пегла како совет плус и редовно шишање, пошо на уништена мртва коса друго не помага. Спојлер: Масла за коса Овие од елсеве ги користам веќе година и повеќе. А тие од Авон имам предходно 3-4 пакувања потрошено и се многу добри, само што брзо се трошат, има 30мл за 250ден а трае некаде 2месеци шишенцето ако го користиш секој ден. Но вреди секој денар. Наредно ми е во план да го земам маслото на Олаплекс или Кеуне па да видам што како вредат пошо се со солени цени.
Со фарба за коса и 9 посто хидроген. Три пати беше префарбана додека да стигнам до бојата. Постепено осветлува. Keune 1517 си ја користам. Откако ја добив нијансата продолжив да се фарбам само во коренот на 2 недели. Така цело време ми е изедначена.
За боја каква што сакаш Keune, одлично фаќа,презадоволна бев. Но да знаеш доста ја суши косата. По извесен период ќе видиш косата ти станува сува.