Леле зашто бе цела со бланш Ништо сега земи си фарба некоја пр. Спојлер и префарбај ја цела коса барем да добиеш нормална не портокалова боја.И после немој со бланшови постепено ке ја осветлиш биди стрплива,со секое наредно фарбање ке добиваш поубава и поубава нијанса.
Па еве читам по постовите и гледам дека ги фалат palette c9 & c10. Се двоумам меѓу нив. Само се чудам како ќе стасам до парфимерија со ваква грда жолта дречлива боја. Одвратна е Ќе ви кажам што ќе се случи. Држете ми среќа
Собери ја цела коса и немаш гајле , плус ќе ти дадат совет каква боја да земиш да го неутрализира жолтото. Инаку јас ги гледав новите фарби од авон во новиот каталог имаат мн убави плави нијанси и голем избор, но се двоумам дали да порачам.
Mене на Ферги многу ми се свиѓа бојата на коса од авон ама 100% нема да ми излезе мене таква Опасно е со плавиве бои излегуваат жолти, портокалови, зелени
Женски јас сум плавуша и се фарбам со кене 1517 презадоволна сум,но сакам да ја избланширам пред да ја исфарбам сеа нареден пат зашто многу ми е пожолтена од внатрешна страна на косата незнам баш како да објаснам точно,кога ке ја фатам косата со стегач пожолта ми е кај коренот а надоле ми е светло плава и малце смешно изгледа.Сеа да ја изблаширам само коренот мислите ке ми фати иста боја фарбата кога ке ја фарбам следен пат?
Еве да пишам и јас околу мојава боја....Јас сум плавуша од 2004 и тогас најперфектна фарба беше игора 11.1, ама сега оваа сто ја имаат е катастрофа во споредба со минатата тој сив сјај веке не се добива....Палетето е супер само за оние кои имаат добра и јака коса но и таа се осштетува од нив...Еволушнот 11.11 е топ јас него го користев долго време по игората но многу брзо паѓа бојата и останува грда и золта-кафеава....Е најдобра е дефинитивно кеуне 15.17 нема збор....Инаце кики4каблондѕ, проблемот го имав и јас со потемна задна страна на косата и тоа ти е од тоа што секогас прво се фарбаме напред, потоа позади, и така полаку стои фарбата озади,па станува позолтеникава...Кај мене беше така, па сега практикувам едно од три фарбанја да ми е од позади кон напред. Пробај види. А за золтите корени, лек нема само што мора да се фара секја плавуша барем на три недели за да не се толку израснати и за да не се дозволи толкава разлика о дкорен кон другиот фарбан дел.. А дали знаете кои фризерски салони работат со старата игора? Има такви?
Сеа бев во Јуник и видов нови фарби за коса исклучиво само плави нијанси Explicit мислам дека беа,имаше преубави нијанси и не беа скапи 140ден се,само незнам каков е квалитетот,јас се фарбам со кене 1517 па сеа незнам дали да пробам и со овие.Ако некој има пробано нека пише.
Јас има пробано од нив ги има и во космо, и тие се на аура мислам....Јас се фарбав со пепеласто плава, а истите ги има и во туба не само во кутија, и не бев воодушевена воопшто нити сиво нити ништо...е сега не ја оштетуваат косата толку....види пробај кај секого различно фака фарбата, ама сепак кеуне си е кеуне.....
Женски помагајте,пола коса ми е црна,пола кафеава и не можам да ја израснам брзо,а сакам да бидам плавуша,бојата да ми биде жолта малце посветла од жолта.Што да направам за да дојдам до таа боја?
Пред 3-4 дена се исфарбав со новите нијанси на Explicit Aura, и тоа 11S. Ја добив нијансата што отсекогаш ја посакував. Одлична е боичката, платинесто руса со сиви примеси. Се надевам дека ке потрае. На рапорт Мерлин за 20-ина дена. Поздрав.
Еее и јас таа нијанса ја гледав најубава ми беше,ако не за 20дена пиши дали ке потрае бојата па да се одлучам,тнххх
Женски еве да пишам и овде па некоја да ме советува. Сакам да станам плавуша а имав кафеава коса. Ја исфарбав вчера со оваа и ми се офарба портокалова! и сега што наредно да направам? една девојка ми кажа да извадам прамени. ама не сакам дали ако ја земам истава боја и за 3 недели се офарбам ке ми излезе подобра? или ке испадне пак по-портокалово. ве молам одговорете ми , многу сакам да ја добијам оваа боја.
Јас би те советувала да ставиш пак фарба, нема да е попортокалово, туку со секое фарбање ке ти осветлува. Со прамени можеш само привремено да ја добиеш посакуваната боја, после тоа изедначувањето ќе биде тешко. Од искуство ти зборувам. Дури и после 13 месеци се забележува на мојава глава разликата. Јас би пробала уште денес, но пробај пак после една недела, но со Палете не, премногу се штетни за скалпот. Земи Гарниер 111, поблага е за влакното зашто содржи неколку вида масла. Остави ја да речеме 50 минути. И фарбај ја целата коса првите 4 пати. Додека да ја добиеш бојата е добра. После тоа ако сакаш посветла и потрајна ќе можеш да си испробуваш други фарби, особено за да го дотераш израстокот.
Ти благодарам многу. Ке пробам за 1 недела од оваа Гарниер 111 па да видиме како ке излезе. А за вадењетo прамени ти верувам една моја другарка така се зезна.. па косата шарена и беше.
Јас мојата кафеава коса ја постепено осветлив со овие фарбиве по дадениот редослед: И немав проблем со портокалева коса,пу пу пу. Ама сепак уште не ми е толку плава колку што сакам,затоа што некаде помеѓу овие фарбања,фризерката ме зезна и ми стави некоја си ептен темна боја, па морав се од почеток..сега најслична ми е со втората. На следно фарбање со 9.1, би требало да ми се осветли колку што треба...
Пред 3-4 дена се исфарбав со новите нијанси на Explicit Aura, и тоа 11S. Ја добив нијансата што отсекогаш ја посакував. Одлична е боичката, платинесто руса со сиви примеси. Се надевам дека ке потрае. На рапорт Мерлин за 20-ина дена. Поздрав.[/quotе Како ти е бојата сега? ЈАс ја видов онаа 11а и ме интересира дали кога се фарбасе ти посиве додека ја дрзеше на глава? ЈАс кога земав од тубите, остана бела, каква сто б еше и кога ја истиснав од тубата па затоа и немаше сив сјај кога ја измив......
вејке 7-8 години сум плавуша , имам прекрасно плава коса со бисерен сјај,не сакам со сив сјај затоа сто делува вештачко,ме фарба сестрами ,некогаш братучетками ,ама знаат како за да не сум шарена јас ги науцив како ,се фарбав со еволушн ,ама ја сменав затоа што почна на жолто да фајка ,сега палете користами супер испајга ,ама и до пигментот е не е само до фарбите
Ако верувате на една плавуша со искуство,значи многу,многу долго време....само ПАЛЕТЕ,ништо друго!А,за идеална руса боја,без црвени нијанси,без онај старински сивкаст изглед,туку идеална скандинавска руса боја,бебешки изглед....само Палете,ова и предходно го имам пишано,ама немате прочитано,било која од боите на палете,само е битно да осветлува од 4-6 нијанси(тие што содрзат и бланш покрај бојата,и хидрогенот),и кога ке се добие бојата посакувана,нема потреба да се бои цела коса,туку само коренот,во тоа е убавината,што немозе да падне бојата,затоа што косата е веке избелена,а со самото тоа што не се бои косата постојано,се задржува свежината,убавината,косата не се оштетува! Вреди да ме послушате(иако сепак зависи и одприродното влакно)..Како и да е,кажете ми дали некоја успеала!Поздрав до сите плавуши! http://1.bp.blogspot.com/_8ovx032H670/S ... nde-00.jpg