Без претходно бланширање? Природно темна коса имаш? И дали користиш некои посебни козметики преливи,шампони за жолтило…? Извини за многуте прашања
Без бланширање, земајќи во предвид негативни искуства каде доаѓа до кинење на косата не би сакала да ризикувам. Мене ми е многу долга косата и бланш не ми се гледа како добра опција. Природно ми е кафена но не ми фаќа многу на жолто кога ја фарбам, веројатно таков ми е пигментот. Повремено, на неколку миења користам лилјаков шампон, моментално го имам тој на Еlsive. Немам големо искуство со таквите шампони, знам дека има многу подобри од тој но мене ми врши работа солидно. Од маски, ја употребувам таа во лилјаковата кутија на Natura Siberica.
Најдобрата фарба keune, и јас кога се фарбав плава со 15/17 се фарбав, некогаш и со evolution 11/11. @GirlVolley зависи и до пигментот, на секој различно фаќа. И јас не бев бланширана, а имав костенлива боја на коса природна, ми фати од 2-3 фарбања, потоа само коренот го фарбав. Инаку користев силвер шампон некогаш, и сега користам дека сум штирана.
И јас мислам дека е најдобра фарбата на Кене. Ја имам користено 1517 со 9% хидроген. Косата излегува некоја беж плава , бела- сива во никој случај. Ги имам пробано сите можни фарби , само со оваа нијанса добивам ок плава коса.
Здраво, ми треба еден совет од поискусните, имам бела коса бланширана, последните неколку пати имам страшно горење од бланшот на скалпот Се откажувам од бланшот ама не и од плава коса па сакам да се фарбам со фарба, е сеа знам дека нема да излегува бела ама сакам фарба што ќе го покрие коренот а и надоле косата, мн да не двои од бланшираното. Природната коса ми е темно кафена, не црна.
Јас веќе се збогував со бланшот. Не може веќе кожата да го "истрпи" реков уште една шанса да дадам ама не.. Бев кај фризерката пред недела дена , ја земав фарбата на Igora 12-1 со 9% хидроген , нијансата е баш нормална плава нема ниту бел ниту сив пигмент (ми даде таква плава за да не фати останатиот бланширан дел лилјакова или сива нијанса) Вака убаво фати , задоволна сум. Сега наредниов месец сакав да земам од Aura forever blond 11p ми изгледа баш таква како оваа што ја ставив. Општо како сте задоволни од Аура фарбиве во кутија со хидроген што се?
Јас лично немам искуство, ама брат ми еден период реши да се фарба и бланшира. И од инебриа му се оштети косата. А претходно имаше скроз убава црна коса, и пошо е машко секако му беше здрава. Не верувам на бланш ако е млечен или без амонијак дека е помалку штетен. Мене ме правеа исто со не знам ти каков бланш што не оштетувал, и косата во раце си ја добив за 6 месеци. А користев Керастас маска, и не ја шенирав ниту пеглав
На Loreal и Keune се со амонијак, може затоа се толку агресивни...во Hairshop има доста избор на бланшеви без амонијак и не се агресивни за косата ни за скалпот. Плус со виолетов пигмент се против жолтило, а може да се користат и со 6% хидроген и после миење преливот со 3% хидроген. Јас веќе не се осмелувам да осветлам коса без бланш, со ниедна фарба резултатот не е тоа тоа, ама барам помалку агресивни опции зошто и јас имам осетлив скалп На овој конкретно мислам:
@UnordinaryOne јас дома сама се немам бланширано за овие 3 години, се на фризер одев, тука во Грција каде што живеам користи фризеркава на Лореал , а во Мк - Кене, од тој на Кене немам проблем , ми кажа дека користи некој бланш што не го гори темето и навистина никогаш сум немала проблеми со рани и сл , а еве тој на Лореал секој пат кога одев кај неа рани ми правеше и си реков готово бланш , а и косата реков да ја пуштам малку зошто пикси ја носев , ама многу се оштети, како ластик стана и сува пресува. Џабе Олаплекс што користам,ништо не помага. И така сега сум назад на фарба, со една иста нијанса на фарба мислам ќе успеам да оддржувам плава коса. Сега ми двои белото од коренот али тоа е додека израсне целосно и не го опишам белото така ќе биде.
Јас вчера бев во Ск на фризер (кај маалската фризерка кај што оди мајка ми) се шишав кратко пак (цел ми е да ишишам се што е бланширано ) ме фарбање со Кене 1517 и 9% хидроген, коренот ми излезе некоја беж боја јас сум задоволна и ќе си направам залиха од Кенето, фризерката ми рече за да ми излегува исто косата да не ја менувам фатбата да се фарбам со една иста нијанса и хидроген од истата фирма. Туку чудното ми беше зошто ми рече да ја држам фарбата по 30 минути на глава, а не 45 па и саат време како што се препорачува за плавите фарби
Не знам дали важи истото како за црвена, ама мене коренот ми излегуваше многу светол и двоеше. И ми рекоа дека е ради топлината од главата. Е сега колку ова има врска, поим немам. Можеби не сакала да ја држи фарбата долго, за да не испадне да двои и да стане бело или полошо виолетово
Да, коренот секогаш ќе двои. Ама задоволна сум, па нема да ги правам старите грешки да мешам фарби како порано. Можеби има право жената за ова
Zdravoo na site. Se shatirav pred 3 nedeli no ne sum zadovolna, kosata mi e plava so sitni kafeavi nijansi, dali da se isfarbam so keune 1517 ? Ima nekoj iskustvo so ova? Strav mi e da ne mi ispadne na zolto mnogu zosto korenot mi e kafeav i da ja upropastam. Vi blagodaram mnogu odnapred ❤️
Ако имаш црвен пигмент бела нема во никој случај да ти излезе туку некоја медова нијанса. Прамените се правени со бланш и прелив и се посветли, а ако го офарбаш коренот само со фарба ќе ти двои од останатиот дел