Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална руса фарба

Дискусија во 'Коса' започната од Trendafilka, 28 декември 2009.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.685
    Допаѓања:
    174.674
    Пол:
    Женски
    Не знам дали памтиш, ама пред години стоеше. :) Затоа ме чуди што сега нема. До негде 2015та се фарбав црна и точно знам дека во црните фарби беше 6% хидроген. Ја извадив црната продолжив светли нијанси до плава. Оние најбелите нијанси на русо содржеа 12% хидроген во пакувањето. Откако го имав инцидентот кога ми се скинаа прамени проверив дека хидрогенот беше 12%. После знам и читав на интернет дека што поруса е фарбата толку е хидрогенот во неа е појак. Во меѓувреме со години неколку пати годишно праев балајаж на фризер и сега кога почнав пак сама да се фарбам, приметувам дека во фарбите не стои веќе % на хидрогенот па и јас го фрлам тој и си земам 6% од страв дека во светливе е сигурно повисок.

    Лореал професионалните ги нема по дрогерии, па имав земено дрогериска ама ми се допадна. Би сакала и професионална да пробам.
    Гарниер ја избегнувам само поради фактот што е 40мл. Да ме фарба некој друг веројатно една фарба ќе ми е доволна, ама сама се фарбам и немам осет колку шлакам па користам целосно две иако ниту нешто долга ниту густа коса имам. :tmi:

    Плава е ем тешка ем досадна за одржување. Да немам толку многу бели влакна сигурно некоја чоколадна нијанса ќе имав.



    Кога сум тука, што бројче олаплекс да земам нешто за хидратација и што помага да не се пресуши косата?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Аура фарбите со сигурност на хидрогенот пишува кој % се
    Јас плава земав од нив март месец ама воопшто не бев задоволна.

    Јас бели влакна немам, затоа и си викам дал да ја затемнам , зошто бланш веќе нема шанса да ставам, ама ако продолжам со 12кава може да почне и да се кине косава.

    Од олаплекс јас ја имам 3ката терапијата по првото шампонирање се нанесува стои 20 мин се измива па пак се продолжува со шампон.

    6ката е исто супер пред сушење се нанесува,за расчешлување помага како крема е
     
  3. mermaid8989

    mermaid8989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам доколку знае некој да ми одговори..

    Се фарбам неколку месеци со 12% хидроген. Доколку продолжам со 9ка , дали ќе имам проблем?
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Ќе ти излегува различно нијансата ако смениш, ќе ти излегува потемно. Барем кај мене е така.

    Јас вчера бев на фризер на шишање, фризеркава ми ја пофали косата и нијансата, дека е супер дека не е оштетена како со бланш на пр. што ми беше. Ми рече дека е ок 12ка што ставам баш и јас ја прашував да не е мн јак хидрогенот
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски
    Мислење за фарбите Infinity?

    Screenshot_20240811_180502_Instagram.jpg
     
  6. mermaid8989

    mermaid8989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Искуство со овие две фарби

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Дали некој се има фарбано со оваа сајос бројка? pol_pl_Syoss-Permanent-Coloration-Farba-do-Wlosow-9-53-Srebrzysty-Roz-x2-10713_1.jpg
    Јас ја бирав по бојата на сликата а отпосле видов дека пишува silver blush ili srebreno ruzicasta. Несакам розова да ми излезе ниту со розов сјај. На сликава нема воопшто розова нијанса чудно ми е.
     
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Решив да ја испробам Subrina butter 1030, еве го резултатот

    20240916_130909.jpg
     
    На littlehiawatha и koritsaki им се допаѓа ова.
  9. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    11.511
    Од кој хидроген купуваш и од каде?
    Одлучив да ја купам оваа 1517, ама незнам дали со Кеуне иде и хидроген или накнадно се купува. Ќе земам 6% затоа што ми многу тенка и слаба косата.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Од ДМ исто Кене хидроген и фарба, хидрогенот иде посебно , јас исто имам слаба коса и 12ка користев зошто имам темна основа со 9ка не се осветлуваше како што треба. И мислам дека е напоменато во инструкциите на фарбава дека за плавите нијанси само 9ка и 12ка можеш да користиш.
     
  11. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    За побелена коса од старост, која фарба ја препорачувате? За руса коса секако, прашувам за мајка. Досега кориси Палете Ц10, ама првите две миења на сиво удара, ептен лошо изгледа, додава години.
    Да не биде како Хелен Мирен првата слика, туку втората, поблага варијанта на руса.
    helenmirren-1.jpg helen-mirren-2023-450x600.jpg
     
  12. Iamkiksx

    Iamkiksx Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки имав црна коса која со витамин ц и 300 глупости ја осветлив и стана како кафено црвена некоја нијанса,е сега пред некоја недела бев да ми ја осветлат на фризер,ми осветли ама не колку што сакав јас
    Сега ме интересира дали можи на мојата нијанса да се стави нешто за да изгледа поубаво и посветло мислам на некоја фарба или тонер што и да е ама да можам самата да го изведам тоа во домашни услови
    Извинете за долгиот пост.
     

    Прикачени фајлови:

  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Пробај со Keune 1517 и 12ка хидроген, ама како расте косата и ставаш само на коренот ќе ти фаќа бакарна боја (бакарна-портокалова)
     
  14. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Зарем е можно со 12 хидроген да биде портокалово? :( Баш ми е време за фарбање и сакав да најдам нијанса без бланш, ама преку глава ми е од портокаловите нијанси на корен со обична фарба што се добиваат...доколку најдеш решение или квалитетна фарба/ бланш сподели те молам :)
     
    На SummerGirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Кене 1517 со 12% хидроген убаво излегуваше, ама по 14 дена коренот портокалов. И како расте косата го фарбам портокаловото и по некоја недела пак паѓа. Тоа е со фарбите, сите паѓаат по некое време, ако имаш црвен пигмент.
    За бланш , јас едно време ставав од Schwarzkopf Blondor во вид на крема и бев мн задоволна, имам слика поназад како испаѓаше. Ама јас на фризер одам кога се работи за бланш, не експериментирам.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  16. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Јас го користам повремено бланшот на Биокап, во вид на крема е и заедно со хидроген во пакувањето доаѓа. Само со тој се осмелувам да експериментираам во домашни услови :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Мене ми е страв за косата позади зошто не можам сама да се исфарбам тој дел , особено ете за бланш коса се работи, бидејќи не смее нели да се допре белиот дел стрикно коренот.
     
  18. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    На Биокап бланшот има специјална четкичка за нанесување, иако користам и обична четка..сепак излегува некоја baby плава боја, ама важно не е портокалова...за посветло плава само фризер :)
    Screenshot_20241019_120259_Chrome.jpg
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    Со 12ка хидроген е попортокалова отколку со 9
    Не си горете и кожа и коса со 12
     
  20. lilsomeone

    lilsomeone Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае каде би можела да го најдам бланшот на schwarzkopf blondeme??..пребарував по интернет страници,но бланшот го нема никаде