Еве женски јас само што ја исфарбав косава пак и сега со оваа фарба Гарниер 111 да видиме како ке излезе.. ја горам косава,знам али неможам портокалова да се гледам ке чекам околу 50 мин и ке ја измијам косава. се надевам на малку позадоволителен резултат овој пат. ке пишам како ке испадне овој пат
Гарниер се релативно слаби фарби, така да не се секирај. Не ја оштетуваат премногу косата а лично јас имам супер искуство со оваа нијанса. Пиши што биднало
И јас ја користам Гарние 111, убава е ама бргу паѓа, а за горење не се секирај, оваа најмалку ја гори косата. А ги има некој пробано на Авон фарбите, како излегуваат, вредат ли за парите ?
еве ме косава сега ми е посветла малку не е како што беше. изгледа ке треба да се исфарбам ушт неколку пати за саканата нијанса. ке пробам пак за 2 недели, здравје
Кој прашува за Авон фарбите ? Јас нели ја отемнав малце, ама дека со години косава ми беше со првата графитна нијанса на било која фарба, одма се изми бојата, нема да биде лесно да ја отемнам за подолго Е сега Иренна, да ти кажам, јас сум презадоволна од Авон фарбата, ја добив на поклон од внука ми, дека навикната да ме гелда со ептен плава коса, ми ја донесе најсветлата нијанса, се исфарбав, и сум презадоволна Ептен е добра, има убава природна бебе плава боја, не ми ја исуши косата ко Палете на пример, еве втора недела како сум фарбана, бојата си е иста Дури не ни мириса на хидроген, некоја нуетрална миризба има, и во текот на фарбањето убаво се упива на косата и е мека ептен. Јас сум задоволна, им давам 10+, и плус два апти сега можам да се фарбам малце е со поголемка грамажа, а јас ја скратив косата доста. Еве баш сега предмалце се капев, олку нежна и сјајна косава не ми била од времето кога си ја имав мојата природна бебешка Фарбава е добра иновација и вреди за парите
Потераа 20 и кусур дена, Мерлин е ДЕПОРТирана во темава да соопшти дека сивилото падна, а бојата стана уште поубава. Мислам дека ќе ја користам повторно.
^^^ И јас би сакала да ја пробам, ама ја немам сретнато во Бт нигде. Инаку јас последното фарбање ставив малку потемна Гарниер 8.1 и вака ми е супер, многу убава природна нијанса добив, така поесенска малку.
Мои дами,Ви ги препорачувам фарбите за коса на Авон ..... лично јас бев многу изненадена кога видов колку многу нијанси(на руса фарба)имаат.Разгледате .... Но ако се прашувам јас нема подобри од Кeune. Поздрав
Ја исфарбав косава со Сајос бојата за коса - ултра плаво и горниот дел ми се офарба исто исто ко на кутијата, а од средината надоле ми стана мааалку посветла ама е неприметливо.. аман веке кога ке можам да ја добијам бојава целосно
Продолжив со експериментации, ја пробав 11А на Aura Explicit, Forever Blonde, и еве извештај како изгледа. Јас сум презадоволна, а вие?
девојки ајде кој има искуство нека каже со која фарба би можела да ја добиам оваа нијанса? моментално се фарбам со Палете а-10 но многу ми ја оштетува косата и не ја добивам посакуваната нијанса? ви благодарам
вчера се офарбав со оваа фарба , кожава ме печеше што да ви кажам, ама од бојава сум презадоволна сепак ке подразмислам дали ке се фарбам пак со оваа фарбха или ке си продолжам со сајос
Морам да се согласам со Кате. Ваква фарба немам сретнато до сега! Преубава е. Одамна се немав фарбано сама во домашни услови, ама некако во последно време многу скапо ми стана да одам секој месец на фризер, па си реков ај ќе ги пробам фарбиве на Авон. Додека ме фарбаше мајка ми само и мрчев стави тука, стави таму, не си ставила насекаде. Така ми се гледаше бидејќи фарбава не е како другите да стои на косата, туку се впива на некој чуден начин. И не мириса воопшто како останатите фарби. Слободно можете да се фарбате во затворена просторија без да ви се гади. Кога се миев косата не ми беше сува воопшто. И не мирисав на фарба, туку на свежо измиена коса. А, што се однесува на нијансата преубава е. И јас се фарбав со најплавата нијанса(стандард, секојпат земам најплава ) и излезе супер. Малку во корените ми е потемна, ама пак не е до толку како што ми беше порано со други фарби. За цената, не е баш многу висока. Јас земав кога беа 2 за 499ден. Плус и претставник на Авон сум , па ми излезе малку поскапа од другите фарби(Зависи од кои де, Keune се поскапи и од Авон). И како што кажа Кате, големки се(48мл), па кој има пократка коса може да се фарба 2-3пати од една фарба. Сѐ на сѐ, презадоволна сум! Топло ја препорачувам!
вчер си купив кене 15 17. сега најпрво ке го фарбам коренот, а после ке си направам прелив со 3% хидроген од истата фарба. си купив и чичково масло, досега го немам користено. Може ли некој да ми каже колку време пред фарбање се става и дали само на коренот пошто јас ке го фарбам коренот со 9% хидроген а должината на косата со 3%, го намам досега ставано ми е страв да не добојам некој контра ефект после косата да н е ми биде со зеленикав сјај????
Добро ти е ова што ставаш различен хидроген на коренот и на врвовите. Јас кога се фарбав со Keune ставав 9% хидроген на цела коса и ептен ми се оштети. Од тогаш не можам да ја средам, многу јака ми е мене оваа фарба. Може и до тоа со хидрогенот било, не знам, ама па и со други фарби ставав 9%, па не ми се оштетуваше до толку. Мислам дека и јас ја користев оваа нијанса, не сум сигурна баш..За бојата немам зборови, преубава е, ама не вреди да имаш убава боја а коса како слама. Затоа и се откажав.. Чичково масло користам и јас, по препорака на фризерката. Ама го користам пред миење на косата. Ставам на косата(само не на коренот), оставам пола саат-саат и се мијам. И има ефект. Помека и понеоштетена ми е откако го користам. А ова за со фарба да се користи првпат слушам. Кој ти кажа вакво нешто?! Не ми иде баш..
Една постара колешка од факултет стално и ја гледам косата свилена, плава ама баш ич не оштетена, еднаш си викам ке ја прашама шо става и како ја фараба. и ми кажа дека ставала чичково масло пред фарбање и се фарбала со кене. Јас сега првпат купувам кене а досега стално со еволун. И сега се мислам... да не ли да ставам од маслото...
Не знам што да ти кажам. Ти кажав јас како го користам. Не знам како ќе влијае на фарбата, дали ќе фати како што треба. Прашај ја колешка ти како точно го користи или уште подобро прашај некој фризер ако имаш поблизок. И пиши што ќе направиш, ако е добро да го користиме и ние така.
Јас веке 6месеци ставам чичково масло пред фарабње ми стои негде 2-3 саати и неам проблем,косата ми е како свилена и многу помалце ми се гори, јас сум презадоволна и нема да ја сменам таа постапка долго време, и јас се фарбам со кене 15-17