Е ки4каблонди ме охрабри сега.... нема да се мислам утре така ке направам. денеска цел ден се мислев да се фарбам или не... ама утре ке пробам така обавезно
Значи нема да има никаков проблем,ова ми го кажа еден познат фризер кој воедно ми е и добар другар, па пиши што направи
Значи нема сомнение, една недела од кога сум исфарбана и коста ми светии....... Од сега понатаму стално ке го користам оваа масло пред фарбање.... и им го препорачувам на сите блондинки......стварно супер ја осетив разликата...
Јас со иста желба. Слична на оваа, имав беж боја пред некое време а никако не ми текнува која беше фарбата. Сега ми е нешто потемна од оваа, а сакам да ја добијам оваа нијанса. Со која фарба да се фарбам следно, секако светла некоја беж, кремаста претпочитам Палете зошто најмногу фаќа? Можеби оваа? Се имам еднаш многу одамна фарбано со оваа и не ми текнува баш како ми излезе, ама може оваа да биде таа што ќе ја пробам ако не најдам послична.
4 години се фарбам веќе плава и 2 3 пати само се имам избланширано.Последниот пат ставив малку потемна фарба и сега во последно врееме сакам да ја осветлам и тоа трае една недела и потоа пак ми отемнува последниот пат се исфарбав со еволушан 11 но сакам сега по накај бело да ми биде каква фарба да ставам?
Побарај низ парфимериите исто од Evolution PP02 или имаше уште една не знам кој број ќе видиш во каталогот ама тие се посветли од 11 , до скоро ги немаше кај нас,сега ги има, јас природно ми е скроз црна и имам жолт пигмент, а сега со оваа што ја пробав ми излезе коренот многу светол што од прва ретко се добива , следниот пат ќе ја пробам и таа втората дека беше по на сиво а јас таква сакам повеќе, како и да е , мн сум задоволна па ти ја препорачувам, а јас ја мешав цела фарба со пола 12 и пола 9 хидроген , за да си најдам некоја средина...
каде може да ја најдам оваа Evolution PP02? И јас со истиот проблем со жолтиот корен веќе аман! Можно е да ја има по аптекиве затоа што не сум од Скопје :/
Дали некоја од вас се фарбала со овој тип на плава боја од сајос? внатре има едно + пакетче со како прашак , изгледа е бланш кој се раствара со бојата и хидрогенот.. би сакал повеке информации околу оваа фарба
Мими дали можеш да ми кажеш колку постотен хидроген ставаш со фарбата, бидејќи јас сакам да ја добијам истата нијанса бебешко руса иако бев претходно со бела боја па ја сменив со Лореал, која испадна многу лошо сиво-смеѓа за жал Поздрав!
Има ли некој што имал кафеава коса,а се фарбал плава? Дали некој успеал да добие идеална плава коса од кафеава?
Па зависи дали во Скопје или во некој од другите градови. Во Скопје е дефинитивно поскапо. И зависи најмногу од фризерот. Јас кај што одам ми зема околу 1000ден бланширање + прелив + шишање. А лани еднаш бев кај друга фризерка и ми зеде 2000 и нешто не се сеќавам точно. Ќе мораш да ја бланшираш прво ако сакаш ептен плава, иначе мислам дека нема шанси да ти фати од прва. Ако сакаш бројче од мојата фризерка пиши ми ЛП.
Cacy, доколку ова биде твое прво фарбање со руса боја ќе ти препорачам најнапред да извадиш прамени со бланш, па веќе во следниот чекор да ја исфарбаш косата целосно со саканата руса фарба. Така ќе ги зголемиш шансите да ја добиеш саканата боја ( иако тоа од прво фарбање е практично невозможно ). Секако најдобро е сето тоа да го направиш кај професионален фризер кој ќе ти помогне да не ја оштетиш косата, односно ја оштетиш минимално. Доколку си дефинитивно решена да се приклучиш кон друштвото на "плавуши" , ќе ти препорачам уште веднаш да почнеш со интензивна нега на косата ( користење на маски за коса, ампули како и соодветен шампон за бојадисана коса ). Се надевам дека барем малку ти помогнав. Инаку јас сум веќе долго време "плавуша" и сум ги испроабала сите можни варијанти за добивање на идеално руса боја на коса. За оние што сакаат бела боја на коса, доколку нивната природна боја е кафена ( или пак имаат црвенкаст пигмент ) тоа единствено можат да го направат со бланширање на косата која по бланширањето и измивањето на бланшот , додека косата е сеуште мокра ќе ја офарбаат со саканата боја на руса фарба која не содржи амонјак и така ќе ја остават некои 15 мин и потоа повторно плакнење и измивање. Сепак, овој начин не го препорачувам бидејќи колку и да се внимава на негата на косата , после некое време е неминовно да се оштети.Поздрав
каде може да ја најдам оваа Evolution PP02? И јас со истиот проблем со жолтиот корен веќе аман! Можно е да ја има по аптекиве затоа што не сум од Скопје :/[/quote][/quote][/quote] Не знам по другите градови , ама во Скопје јас ја наоѓам по парфимерии, значи двете нови нијанси ги имаше од порано во каталогот ама дали не се увезувале до сега не знам ,не можев да ги најдам ама сега ги има
или на фризер или по долго фарбање дома , јас се исфарбав може едно 10 пати до сега со бисер боја и сега сум премногу задоволна , кога ке дојдам во мк ке си купам некоја сивкаста боја , зашто овде во гр неможам да најдам по продавнициве
Девојки ми треба помош... сакам да се фарбам ваква плава, Спојлер ама не сум сигрна дали тоа од прв пат ке ја постигнам оваа нијанса или ке треба повеќе пати.. инаку имам кафеава коса,ни многу темна ни многу светла... ќе можи некој да ми кажа каква фарба кој број ми е потребна. фала ви многу