Ја пробав Палете А10, чисто да си докажам себе си дека бев во право со антипатијата кон овие фарби. После првото миење, ПРВОТО, косата ми се врати на состојбата пред фарбањето. Да не речам, цела Палете се одми и веќе сум жолта. Џабе да не ми ја фалите веќе. Не ја бива. Ајт. Следно, Авон 12.01. Ќе соопштам впечатоци.
и мене почна да ми фаќа жолто палете, а претходно беше фарбата со која што станав плавуша многу бев задоволна од фарбава ама секако сменија нешто во формулата...штета...Инаку не ти ја препорачувам Авон 12.01 (мислам дека е најсветлата), мене ми излезе пожолта дури и од Палете а10, посебно во коренот, немам коментари Значи можеби мириса убаво и не ја оштетува косата, ама жолто фаќа, барем на мене бидејќи имам жолт корен скоро секогаш во зима. Единствената фарба што ми помогна за коренот Аура Експлицит ама и таа не премногу...
Би сакала некоја од вас феминки да ми каже мислење и искуство ако користела Кеуне 15.17 боја за коса оти мене ми се излупи главата од неа, ми изгоре мозокот па ако некоја го има „рецептот“ за убава бебешка руса боја/нијанса нека помага
Јас подолго време си се фарбав со Subrina unique кои изгледаа вака a пред да им ја сменат амбалажата беа Subrina professional и изгледаа вака Имаа добра цена 130 денари без хидроген,а супер квалитет.Јас ја користев 30.3 ,а потоа со промената на амбалажата 11.3.Арно ама,сега им текнало да ги повлечат од парфимериите и да ги дистрибуираат по салони. ,па преминав на Еволушн 11.11,но и од нив сум задоволна како ми фати.
,па преминав на Еволушн 11.11,но и од нив сум задоволна како ми фати.[/quote] Дали Еволушн т и фаќа мнпгу на сиво-жолто? Ако имаш слика некоја со приближната боја постави ја ако си во можност оти мислам ќе да фаќа на сиво повеќе, поздрав
Јас се извинувам сто вака касно ја гледам поракава....кеуне веќе не фака ко што фаќала немам појма зашто, иначе ја користев со 9ка хидроген. Сега се фарбам со еволушн 11.11 исто со 9-ка хидроген. Иначе кој сака да му фати посива бојата нека си додаде графит на еволушн исто во туба е како фарбата пишува на него графит, ама незнам кое бројче беше. Се става колку зрно грашок во фарбата што си ја користите, не повеќе од зрно грашок бидејќи ќе кизлезе темна бојата. Мој предлог
Ми ја препорачаа некоја фарба hair line италијанска била, ама не сум ја сретнала досега. Дали некоја има сикуство со оваа фарба и знае каде да ја најдам?
12.01 е најсветла од палетата на Авон, и искрено добиената боја, барем кај мене е иста како на сликата, што автоматски ме одбива од ново купување и користење на истата. Сериозно, бојата сама по себе е добра, лесно се нанесува, убаво мириса и убава боја се добива, иста како на сликата, но едноставно не е тоа што јас го милувам. Се’ на се’, се враќам на Аура 11А, со тоа што еднаш месечно ќе ја фарбам цела коса и ќе баталам половично и коренско боење.
Ме интересесира Аурата кога ја наесувате, станува бојата сива на глава, како еволушнот на пример, и дали сиво фаќа?
mi rekoa deka plavata mavala na siva malce pa posle so tek na mienjeto obeluvala,ama jas sakam malce na plavko da mi bide malce zoltenikav sjaj ne sakam bela
Фарбана сум со оваа и ми испадна баш таква бојата преубава како на кутијата. Најважно ми е што не е ни бела, ни жолта, ни сребрена. Јес! Бисерна! Не планирам да ја менувам бар некое време, а може да ја користам и оваа, што ја користев еднаш и бев исто презадоволна. Не ја горат косата многу, ко да не сум фарбана исто ми е мека. Ама првата е подобра и ќе си продолжам со нејзе.
ај отприлика ставете слика тие девојки што се фарбаат со еволушн 11 11 и да ве прашам дали ја има во продажба 11ката?
^ Те гледам мака имаш, мене оваа ми излегува кога барам, а еве ти кажале и дека е нешто ваква ако не и истата. Ако сакаш жолтеникав сјај, дефинитивно ова не е за тебе, има многу други кои маваат на жолто, знам по мене. На пр. Палете најмногу фаќа, па не може да не ти испадне дреч косата ако имаш светла основа, а ако имаш потемна основа (не ако се фарбаш првпат, тогаш ова не важи ништо ) пробај нешто вака
ама нејкам од палете сум користела катастофа ми ја направи косата,а гарниер бледо ми фака така да од еволушн има на плавко малце 11ската е ама кај новото веро ја нема па сеа незнам дали воопшто ја има оваа боја.Aјде некој што има малце золтеникав сјај така да мава на плавко нека ми каќе која боја на фарба ја користи еве сакам нешто вака како на сликата приближно да биде
Syoss 9-5 , ја има по маркети. Мене не ми е по мерак, а ти верувам ќе имаш среќа да го добиеш тој жолт сјај што плавушите не го сакаат.
ја имам пробано и оваа фарба не ми излага убаво ,а јас и да сакам да се фарбам накај бело пробав и не ми стоеше само шатирано може бели прамени ,а што мислите за кене добро фаќаат ?