Мене искрено само таа комбинација и ми иде. Кафеави очи плава коса. Плава коса плави очи некако бледо изгледа. Плави очи со темна коса, кафеави очи плава коса. Според мое мислење и вкус.
Абе не ви ја гори оваа плавава од Палете косава многу ? Кога бев плавуша не можев да ја издржам од што ми гореше па што беше најтрагично и жолта ми искочи . А гледам тука некои задоволни се од Палете :/
да, сум приметила палете највеќе ја гори косата за разлика од другите фарби ама најубаво фаќа според мене
Имам плава коса,8 години ја фарбам со различни фарби,никогаш не сум се фарбала континуирано со иста фарба,нон стоп правам експерименти со марка,нијанса,начини на фарбање како што последниов пат ја изгорев косата,никогаш ја немам оштетено до толку се фарбав со кене,за бојата немам збор,ама многу ми ја изгоре,а најдобар резултат имам добиено со еволушн фарбите пред бројката што имаат PP и од палете ама во розево пакување делукс околу 200 ден беше.
феминки ќе сакате да ми најдете слики од Mарјана Станојкоска што е водителка на лото на сител ама слики што е во емисијата вака барам ама неможам да најдам све ја има со потемна коса јас ја сакам како од емисијата што е,ќе ви бидам благодарна
Јас денес се фарбав со 11.11 Еволушн стандард со неа се фарбам, но имаат сега некој новитет во бојава се вика 3д кубе и е многу многу поубава од пред тоа . Поинтензивна е и поубаво фаќа Барем според мене
Здраво, другарчиња мои! Јас имам природна кафеава боја на коса, но искрено веќе ми здосади и сакам да сменам. Немам некоја желба за некоја посебна руса нијанса, но сакам да станам плавуша. Сега, се мислам дали да бидам скроз плава или да се шатирам...Но најголемото прашање е дали всушност ќе ми стои. Имам жолтеникав тен, тиркизни очи(мешавина ми се, плаво со зелено), и темни веѓи(ова најмногу ме загрижува), но не ми се густи. Вие што мислите? Одговара плава коса и зелени очи? И дали е помината модата на шатирањето или само јас така мислам?
мој предлог би бил да се шатираш прво со некоја мед нијанса зашто неможеш многу да утнеш така башка со твојот тен мислам би бил прав погодок и не, не е помината модата на шатирање - баш напротив секогаш бојата на косата ке биде поинтересна и поразиграна со прамени
Да се шатираш ќе ти стои многу убаво.Јас имав една шклоска прво се фарба кафеава, па после се шатирање и и беше многу убаво. А имаше кафени очи. Мислам дека тебе ќе ти биде соврешно
све зависи до цртите на лицето има и девојќи со зелени очи и боље им стои црна отколку плава а има и на некои подобро им стои плава
јас порано се фарбав со црна имам зелени очи црни трепки и црни веѓи и бел тен и ми викаа дека и црна и плава убаво ми стои a повеќето ми викаат црна да бидам добро само сеа сум плава и имам шишки ама немора да значи дека секогаш е до тенот според мене
Бев светло кафеава, и сега пред 2 дена се фарбав плава. Користев фарба Aura Explicit 913, ставив 2 фарби со 9% хидроген и сега на коренот горе сум жолта а надоле има убава плава боја. Сакам за 2 недели повторно да се фарбам, но дали може да ми препорачате некоја боја на фарба, со која би испаднала цела коса иста и убава боја? Фала однапред
а ти да си го земеш силверот шампон од EUGENE PERMA и да ти го снема жолтилото 480 е мислам ама ќе те тера со години зошто многу малце се става функционира само на бојадисана коса не ја осветлува природната ако се фарбаш пак многу ќе се исгориш а овие фарби јаки се прилично јас имав ставено и чичково масло па сува ми беше косата а камоли да не ставев според мене ова е една од појаките фарби ти си знаеш сепак на наредно фарбање пробај со 11а или 11 с AURA