Знам дека се јаки фарбиве, ама морав за прв пат да ставам, мислеки да ми фати убава боичка. И сега многу ми е непријатно, неможам да ја врзам косата оти се познава горе жолто, а на слики со фотоапарат излегувам портокалова. Фала за советот за шампонот, ке го земам, се надевам дека ке ми помогне
Здраво феминки ми треба совет од вас..Имам светло кафеава коса но ја фарбам црвено..Сега сакам да бидам плава па што би ми препорачале која фарба да ја користам..сакам нешто како оваа боја
и јас сакам да сум плава, не ми е фарбана до сеа косата. природно смегѓа сум. од колку фарнања во домашни услови кје ми се избели? Ве молам совети околу тоа
јас ја фарбав косата во домашни услови и ми требаа 12 фарбања за да ја постигнам саканата боја. еве со оваа фарба се фарбав цело време.Треба да си само упорна Ако нејќеш да се мачиш па втора опција ти е фризер
Во никој случај немој да се водиш според тоа како ти излегува косата на слики. Зависи и од блиц, светло, ентериер... Ако ти се допаѓа бојата што ја гледаш во огледало, на сликите на дневна светлина косата многу повеќе ќе личи на тоа што тебе ти се допаѓа. Инаку со често фарбање на косата, одговара и засилен третман за нега на косата. Ако забележиш чешање, печење и црвенило после фарбањето, забави го процесот. 2 недели е мал период за стабилизирање на скалпот и влакното. Тежок е патот до совршена руса боја. Одеднаш не можеш, само трпение.
Инаку со често фарбање на косата, одговара и засилен третман за нега на косата. Ако забележиш чешање, печење и црвенило после фарбањето, забави го процесот. 2 недели е мал период за стабилизирање на скалпот и влакното. Тежок е патот до совршена руса боја. Одеднаш не можеш, само трпение.[/quote] Знам дека е многу мал период. Сеуште не сум се фарбала, а со текот на миењето на косата бојата малку ми се измени, на подобро мислам. А немам никакво чешање и печење, само главата ми е целата корузи, а инаку ја негувам косата . Сепак благодарам на советот
koritsaki колку си задоволна од фарбава. Јас ја фарбам мојава коса само на коренот со Garnier 111 па сакам да пробам со оваа. Дали е убава ?
Еве јас ќе го споделам моето искуство со вас : пред година ипол бев плава - накај бело,потоа се офарбав црвена,па црна и сеа сум повторна плава со само едно шатирање и со фарбата на гарниер број 111.Бојата е одлична. П.С.јас се фарбам на 2,5 недели.
Да,да и немам никакоб проблем,ги користам шампоните,капките за коса на Авон,и серум за плава коса на Оriflame.Косата не ми е изгорена и покрај честото фарбање.
Девојки, јас досега се фарбав со еволушн 11 11 меѓутоа последново фарбање во корените ми излезе многу сиво, како на некоја баба и си реков да ја сменам фарбата па купив Beauty- Pearl Blonde М20 за нареден пат. Ги читав вашите мислења ама не сретнав мислење за оваа фарба. Би ве замолила ако некој има искуство со неа да го сподели, да знам дали да ја ставам баш пред нова година, или да не експериментирам многу
Не експериментирај Ужасно ја суши косата, а бојата излегува како модра Мој совет, твоја одлука *смајлиштокревараменици* Последно се фарбав со Субрина шарм, мајка ми ја бендисала и чула позитивни коменатри, па ај да ми „помогне“ Иииии...оценка 8/10. Не е лоша, не ми ја исуши косата, ама во однос на бојата, нема некоја трајност или вау ефект. Добро сега, мене ми е потребно само покривање на коренот, па и не ја исфарбав целата, така да, имам уште пола, ќе помине. Додуша и арно си почнав со Аурата, ја затерав подолго време, и за неа си имам само 10+, така да ниедна драстична разлика нема да ми ја промени бојата што ја иамм сега Значи, вечен маченик, дегустатор и што ти не на трајни бои за ПЛАВА коса, Гарниер и Форевер Блонд на Аура, се друго е гола вода
Исто јас давам 10+ за Аура форевер блонд,подобра фарба досега немам користено.Дава преубава боја,мене од ептен темна со едно нанесување на Аура 11б ми стана блонд.Прекрасна фарба и не е скапа,а и количински не е мала,за разлика од Палете,каде две фарби не ми стигаа за мојата ретка коса.
Моментално сум со коса која е светло смеѓа е сакам да прашам бидеќи сакам да станам руса и сум на добар пат фарбаќи се со руса фарба ама сакам да го забрзам процесот што велите да ја поминам со бланш ама незнам со колку постотен хидроген па со фарба 111 на Гарниер што велите, совет???
da najdobra spored mene e garnier,mozes da ja stavis a stom si smega ne ti ni treba blans da ja goris kosata,samo farba stavi ke ti fati,mnogu ubavo faka!
јас вчера ја земав фарбата од Aура ама оние во туба што се што треба хидроген посебно да се купи и резултат никаков сеа да помине недела дена ќе се префарбам темно сива ми излезе