Девојки конечно станав русокоса, најпрвин ја избланширав па после ја исфарбав со Гарниер 111 прекрасна ми е ( и не ме се оштети воопшто )
Еден најискрен совет до сите блондинки и до тие кои сакаат тоа да станат ....Никогаш , ама баш никогаш не користете бланшови и белење на косата.Јас така ја изгубив пола коса ....После морав да се префарбам на темно кафена.Ама ми пројде меракот ...месецов добив силна желба да се вратам на плаво.Отидов на фризер ...и купив 3 фарби од AFRODITA. И знаете што добив ....коренот плав , значи русокоса ...надолу кафена со црвен одсјај на некои места ...и сосема долу на крај смеѓа.Не бев воопшто задоволна. Не знаев што да направам ....отидов одма утредента на друг фризер и се шатирав.Многу убаво излезе...значи ниту една руса фарба не покира темно кафена фарба.Обавезно мора прво шатирање едно време па фарбање.Еве јас планирам за нова година да се шатирам пак ..и после во јануари стратувам со фарбањеее
ја читкам темава и ме интересира каде можае да ја најдам Аура фарбата што ја фалите дека кај и да е треба да ја фарбам цела коса а некако на зуто почнала да ми тепа сега фала ви позз
Секаде можеш да ја најдеш. Ако си од Скопје тогаш Космо, Дм и сличните на нив ги имаат овие фарби, побарај. Само битното е да запазиш пишува форевер блонде, понова линија на Аура, оти од обичните се имам фарбано порано и врска немаа.. Овие им се далеку подобри едит: сега видов дека ти пишува Тетово, а ми текна и во Зегин исто ги имаат и Еурофарм аптеките...
^^^Да Не ја оштетува косата, мириса убаво, а не на амонијак, најсветлата нијанса е бебешко плава, ама повеќе на жолто, а не на бело или сиво Фарбите ич не се лоши, напротив, убави се, ама ако сакаш ваква боја на коса Ако сакаш посиво, или побела плава коса, дефинитивно не Патем, некој да ги користел ове фарби? Многу ми ги испофалија, и ми ја зеле 9.1 нијансата Спојлер демек најсивкаста излегува, ама ќе се фарбам наредната недела, страв ми е да не ја зафркнам косата, да си се потпрам пак на Аурата Мислење, некој?
а да те прашам од кај ја зема фарбата и која марка е и кога ќе се исфарбаш сподели искуства каква е бојата или стави слика за мене ми кажаа да земам палете A10 и E20 иако палете не ми се свиѓаат ама бојата на девојката што ја имаше и беше преубава и ми ја сподели оваа мала тајна и си викам ај да пробам па кога ќе се исфарбам ќе ви постирам слика каква ми излегла а ако не сум задоволна нема слика жалам
^^^Ja зедов од кај фризер, досега сите што се фарбале таму или купиле се презадоволни, ама сепак Јас ќе се исфарбам, и тоа кај сабота-недела, да видам што ќе испадне, па ќе пишам Или ќе плачам или ќе се фалам И совет кон тебе, немој Палете бе Бојата им трае дури три миења, после удира на лимон жолта, косата побрзо цвета, пресува е и воошто не се чешла А10 е убава само првиот пат откако ќе ја измиеш фарбата, после веднаш пожолтува Јас неколкупати им дадов прилика на Палетето да се покажат, и имам среќа што ми остана коса. Премногу ја оштетуваат, премногу
Ето ви рецензија Се фарбав пред два дена, се измив, ја средив, оцена 4,5 од 5 Значи очекував со страв да ми испадне претемна, пошто додека ми беше влажна косата, фарбана, готова бев солзи да ми се растечат пошто имав апла кафена водена коса, ама апла бре Дури и сакав да се измијам одма после првите пет минути, ама мајка ми не ми дозволи, зеде сукало, само да мрднам Се измив, се стокмив, се натегав пола саат да се видам во огледало(паранична сум, знам ) и откако се видов, се израдував Со оглед на тоа што во последно време мене графитниве фарби не ми испаѓаат ко што треба, се жолти ми се, оваа е супер, ја добив приближно оваа нијанса , некоја си шампањ-сива, ама и мојава коса се мие речиси секој ден очекувам да испадне сиот вишок на потемна боја, па по неколку миења ќе биде за нијанса посветла, се надевам и поубава Косава ми е мека, не ми шушти под прсти ко најлонска кеса, е, и што првпат забележувам во моево стогодишно фарбање, секаде бојата е иста, ама баш секаде, и коренот и врвовите, преку цела должина е иста боја Така да, кревам палче за фарбава, вреди за парите, 200 денари е без хидроген, ама е 100 мл, а јас ја употребив пола, па имам уште за едно убаво фарбање. За сјај, трајност и слично, ќе пишам допрва
^ kate21 Бојата е феноменална, ми се допаѓа премногу Морам да си го повлечам зборот за аура фарбата... прилично скоро сум фарбана а веќе ми пожолте коренот (па и пола коса). Среќа што надолу ми е се посветла и поубава нијансата и со оглед на тоа што ми е оштетена на краевите не мора да ја фарбам цела или да ја освежувам со преливи, тој дел го негувам со масла маски и така... А и секако го фарбам само коренот па би сакала да знам која е таа фарба што ќе се задржи барем малку подолго....
јас се исфарбав со тие двете фарби на е 20 бројчето имаше бланш и ми излезе како бебешко плава со оглед на тоа дека тешко ми фаќа боја а на другите мислам дека убаво ќ еим испадне бојата зошто на девојкава што ми ја кажа бојава и беше сон боишката нешто како бисерно плава со кремаст сјај многу убаво неможам да најдам слика како барбика и беше косата и нареден пат ајде ќе одам на фризер зошто не ја бива работава веќе
јас со AURATA 11а или 11с кога се фарбам таква ми излага како шампањ сива и со тек на миење после како шатирана ми излага имам посветли прамени а некои потемни иста ваква како на сликава што си ја постирала за малце потемна така нешто
Дали некој има искуство со фарбите на Syoss? Сакам да се фарбам middle blond , да не премногу плава , имам смеѓа коса, светло кафена. Дали некој пробал со Syoss middle blond 7-6 ?