Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална руса фарба

Дискусија во 'Коса' започната од Trendafilka, 28 декември 2009.

  1. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Јас ја купувам 210 денари без хидроген.
     
  2. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Морам да се пофалам со последнава фарба за коса evolution puro iriso platinum 3D 11.02 со 9% хидроген,еве ги резултатите :clap:
     

    Прикачени фајлови:

    На <3 pleza4e <3, BellaS, Filiposka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    штооо? :o не ми се верува како убаво ти излегла бојата ајде исповедај се од каде ја зема и колку пари? :lol:
     
  4. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Гледам искусни „плавуши“ на темава па да си побарам мислење.
    Косата ми е смеѓа со црвен пигмент. Значи имам бел тен светли очи пеги.. светла сум,
    но ова со пигментов ме убива :) Природната коса ми е смеѓа со некој црвеникав сјај на сонце. Баш она светло костенлива ми е бојата и веќе 6 години ја шатирам. Само со бланш добивам преубави бебешко плави прамени. Значи вадам прамени на секои 4 месеци со години веќе и почнав да ги осеќам последиците од бланшот. Имам густа и здрава коса која заради честото шатирање почна да ми се кине иако ја негувам. Па почнав да размислувам да преминам на фарба иако фризерките ме советуваат да се држам до скапото шатирање. Сакам со фарба да ја постигнам идеалната боја и да си го фарбам само коренот наместо да ставам бланш врз бланш цело време.

    И сега прашањето ми е со која фарба да почнам за да добијам бебешко плава боја, а да не ја уништам косата бидејки веќе ми е пола плава од шатирањето. Имам другарка од Србија на чија коса се восхитувам, здрава плава (руса де :lol: ) без жолт сјај.. но, фарбата што ми ја препорача никаде не успеав да ја најдам кај нас. Станува збор за Sеlective 1001
    [​IMG]
    значи барам, алтернатива на фарбава или каде би ја нашла :) Било каков совет од некој што од шатирање преминал на фарбање е добредојден.
     
  5. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Јас ја земав од Автокоманда од малата парфимерија во т.ц. карши Аристократ што е,а сигурно ја има во секоја можна папрфимерија/дрогерија.Фарбата со хидрогенот ме кошташе вкупно 280 денари,еве каталог во линкот ќе ја видиш како изгледа амбалажата и подолу сите фарби.Само морам да напоменам претходните фарбања ми беа со гарниер-плавите нијанси и ми беше осветлена,ама на тешко портокалова нијанса. http://www.alfaparf.com/index.php?method=section&id=95
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  6. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    јас мислев дека е нова некоја серија на еволушн ова се старите фарби како што гледам дека ме збуни со името
     
  7. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    29
     
  8. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    На фарбата стои тоа Ирисо,ваљда е исто виолетово на некој друг јазик.Не ставам бланш никогаш,стандардно фарбање,фарба и хидроген.
     
  9. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    29
    Аха, епа незнам ама битно супер ти е излезена косава. Мене вака нешто [​IMG]ми искача со 11.11. ама да ти кажам право за брзо време и ми пожолтува коренот.
    А каква ти беше претходно нијансата, сакам да се исфарбам ама страв ми е хуху сакам малку посветла ама не толку светла као твојата мислам совршена ти е, ама мене не ми стои .. :lol:
     
  10. EvaMolotow

    EvaMolotow Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите феминки. :D
    Имам едно прашање.
    Планирам да и дадам шанса на Explicit Aura 11s, гледам многу ја фалат. Меѓутоа косата ми е прилично оштетена од користење на Keune 15/17 и би сакала да видам каков ефект ќе има чичково масло. Дали влијае врз нијансата? Поздрав. :)
     
  11. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    не, јас така користам и до сега не сум забележала нешто важно ја штити косата :)
     
    На EvaMolotow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Чичковото масло е супер да го нанесеш и пред да се фарбаш, на врвовите, премека е косата после :)

    Е сега, да си се потажам јас, макар шо крива сум јас и само јас и мојата проклета дрчност за испробување на нови фарби, и покрај тоа што ја имам добиено посакуваната нијанса со оваква или онаква фарба, и што косава ми достигна супер должина на оваа нега :$ :@ Си зедов кене фарба, таа фамозна 15.17, препорачана мал милион пати, до што сум видела русокоса оваа ми ја прчеле пред нос, фино лепо се исфарбав, и стоев цели пет минути |( Знаете што добив? Изгореници! Ама кога ме фати една температура, кога сум зела да потам уште додека мајка ми ме фарбаше, тоа црвенило на лице, склет, зедов да плачам, па ајде под млак туш, па пола литар маслиново масло од страв да не ми попадне косава, па демек ќе ја спасам ;( Верувајте потапа болка во живот не сум осетила ;( Среќа, ми се испрвуте сега малце, на местата кај што имав пликови, се излупија, и немам дупки на главата, веќе недела скоро помина и ми се врати скалпот во нормала, бојата ми е иста како и секое досегашно фарбање, пепеласто плава, имам сјај, и веќе НЕ ЕСКПЕРИМЕНТИРАМ! Ете, убава беше таа Фадиам, имам уште за едно фарбање, ја трошам да не ми одат парите за џабе, и после ќе си се фарбам или со неа или со гарниер, од нив барем знам дека немав проблем ни со жолтило ни со сувост :wasntme: Арно ама, сега пред да се фарбам, за едно месец и пол, така ќе се помислам, страв ми е да не сум станала алергична па да ми се извитопери лицево(пупу, Бог да чува) и ќе морам да ставам малце зад уше и да чекам реакција :tmi:
    Ето плавуши, јас ова низ шала ви го раскажувам, ама полошо во животов не ми било ;( и Кене веќе НИКОГАШ!
     
  13. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    мене косата ми се изретчи од аура фарбите а се фарбав на месец ипол и само две фарби искористив и се чудев од што ми паѓа толку косава :o абе незнаете косопаст се насекирав мислев без коса ќе останам и после направив еден експримент со палете измешав 2 фарби и имаше кесичка бланш плус и косата си беше сјајна мека и само 2 влакна дали ми паднаа и еве сеа месец дена не сум фарбана и каде каде ми се намали опаѓањето на косата ама буквално пола коса ми ја снема јесте фаќа најубава нијанса фарбата аура но мене ми е прејака а не пак богда чува да пробам кене :tmi: 4 години сум плавуша и ниту еднаш не ми се десило да ми биде изгорена и да ми паѓа ама ете аура фарбите ми ја уништија косата од само 2 фарбања и сеа ќе мора да се префарбам од страв да не ми паѓа повторно од пречесто фарбање бетер да ми се изретчи :(
     
  14. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се соочувам со слични (скоро исти) маки па ми текна за субрина фарбата (20/2 и 80/8 ги измешав) ја имаше некаде погоре некој пофалено и решив да ја пробам. Дека се фарбам само на корените, искрено многу добро ми излезе (темно кафена ми е природната имам и црвеникав пигмент) но ете субрина баш добро си ја заврши работата, не ми излезе сиво туку некако бисерна белкаста.. Не дека траеше нешто многу долго, да не претерувам сеа, туку како и секоја друга, а ми се бендиса што не е некоја прејака ко кене на пример, кене ме остави без коса.. Од Аура исто и јас се разочарав, а ме интересира која е од палете што содржи ќесиче бланш да го пробам тоа чудо... Сакам да ми излезе ко на потписот кај тебе како на Агилера, цела иста :D Сега сум во фаза да ја раснам косата и малце повеќе пазам да не ја изгорам или оретчам уште толку (дека тазе шишана сум, пардон осакатена)
     
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    :o Како бе вака за овие две фарби, за Аура и Кене?
    Јас сум тазе плавуша, нема ни 2 месеци, и до сега само 2 пати сум се фарбала :) Првиот пат се фарбав со Ревлон, фризерката тие фарби ги користи, а мене многу ми се допадна нијансата која ја предложи. Претходното фарбање, пред 3 недели, купив Кене 1517, многу ми е убава нијансата, ама не приметив нешто да ми ја оштети или да ми паѓа косата :^) А планирав да продолжам да се фарбам со Аура, некако многу убави нијанси има, баш ми се допаднаа :?:

    Ако не овие две, која фарба би ја препорачале? :( Сакам убава бисерна нијанса, не сакам скроз бела да ми стане, туку убаво светло плава, како на Агилера во потписот на heart.stealer :D И како на heart.stealer на сликата кај што ја има постирано нејзината долга плава коса :$ Со која фарба ја доби нијансата, ако не е тајна? :wasntme:
     
  16. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    е баш зборев за тие две фарби што ги мешав од палете A10 со E20 во E20 има кесиче со бланш ама јас не осетив никакво оштетување на косата сеа да ви кажам најважното значи мене тешко ми фаќа фарба поради хормоните пигментот ми е сменет значи ако аура 11 а или с ви излага бела или малце потемно на мене ми излага темна некоја шампањ боја со крем нијанса е сеа за овие 2 фарби палете ако немате проблем со излагање на бојата можете слободно да ги искористите ќе ви испадне вака знам зошто овој експримент ми го кажа една пријателка нејзината и беше ваква иста и јас се попалив ама не ми испадна :( се будам утрото и на коренот измеѓу жолта и помаранџеста а надоле малце посветла па за една недела ставив од силверот шампон еугене перма и малце од малце ми се потсреди и ете таква на сликата ми испадна бојата што ја имам постирано во темата вашата коса преку слики ,па кој е за нека го проба овој микс а за тие проблематичните со бојата нека измешаат A10 со посветла од E20 :) а ја ваква боја кога ќе постигнам јавете ми се :P освен со бланшеви и глупости на фризери што јас немам многу финансиски средства да трошам по фризери |(
     

    Прикачени фајлови:

    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ризикував и ја земав најсветлата од Авон. Искрено, ептен убаво ми фати ан корените, прекрасна е. Плус што не осеќам дека ми ја исуши косата, напротив, мислам и даде малце живост :clap:
    Задоволна сум, а и цената е пристапна.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    јас сакам ваква боја да постигнам ;( ама знам дека без коса ќе останам додека ми ја направат на фризер ,зошто јас веќе ја измалтретирав дома со фарбање и стварно многу ми е изретчена ќе мора да се вратам на црна ако има некој да ми докаже обратно :(
     

    Прикачени фајлови:

  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ heart.stealer :o Од плава на црна? Немој :!:

    Помисли само колку време, нерви и пари си дала за да бидеш плава, колку си ја измалтретирала косата за да бидеш плава....и сега да ја направиш црна. Немој! Ќе ти текне после некое време пак да ја осветлуваш, па само помисли уште колку ќе треба да ја малтретираш косата за да ја осветлиш :!:

    Одмори ја малку косата, ставај некои не многу јаки фарби со нијанса приближна на она што сакаш да го добиеш, фарбај го само коренот, негувај ја со маски, масла, ампули и слични средства, и ќе се среди за некое време. Сега таман си стигнала скоро до целта, не се враќај назад на црна и после некое време-оп пак истата процедура малтретирање на косата :^) :!:

    Од лично искуство ти кажувам, ја поминав истата работа-не вреди, верувај ми ;) Само дополнително ќе се мачиш и ти, и косата ќе си ја уништиш.

    п.с. Не разбирам, на една слика која ја имаш постирано имаш прилично светла и прекрасна нијанса на косата, зашто сега не ти е таква нијансата? Ја утна фарбата, или...? :?:
     
  20. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    не не ја утнав нијансата сега со гарниер се фарбав и ми се осветли повеќе ама некако ми е бледа бојата , само има голема разлика од оваа слика до мојата ,мојата е малце како темно жолтеникава со бело додека пак оваа боја е нешто крем со светли прамени а сигурна сум дека оваа нијанса што ја имам постирано повеќе ќе ми стои а инаку јас си го фарбам само коренот никако цела и користам 300 работи на мојата коса а тоа дека таман сум стигнала до целта јас веќе 3 ,4 год се обидувам да стигнам до целта, и заклучив дека ако сакам да постигнам убава боја треба и бланш а тоа тешко да го направам а вака и црна ми стои убаво зошто имам црни веѓи зелени очи црни трепки густи и бел тен а може и поубаво ќе ми биде црна зошто до сега косата требаше да ми биде многуу подолга од што ми е ама хидрогенот го успорува растот на косата а јас не сум некој голем обожавател да експриментирам со косата па така да сеедно ми е све додека имам здрава и долга коса