Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална руса фарба

Дискусија во 'Коса' започната од Trendafilka, 28 декември 2009.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Или наместо сите тие хемикалии да се обидеш со нешто оприродно. Негувај ја со маски направени во домашни услови. Одмори ја од фарбање, ако ја оставиш месец и нешто коренот сигурно нема да ти рече „не“. После тоа и полесно ќе го изфарбаш поголемиот дел којшто е пораснат. Ќе цитирам една пријателка „прави се', само плава не фарбај се“.

    И никако Palette. И претходно имам напишано негативни коментари за оваа фарба и пак ќе напишам! Порано Pаlette можеби била поим за фарба, но квалитот сега вели - подобро стави бензин и запали си ја косата. Ќе го добиеш истиот ефект. Плавите (руси) нијанси можеби ќе излезат како на „сликата“ или праменот од каталогот, но паѓаат многу брзо. За останатите нијанси во друга тема.

    И бланшот не е решение. Само добрата фарба е. И со бланш, ако не ти се погоди фарбата, ако сакаш 3 пати избланширај ја и пак џабе ќе е.

    А сте ги провериле фарбите од „Рубин“? Таму има многу убави руси нијанси. Јас зедов заради нијансата, но уште не сум ја искористила. Си реков да ја оставам косата малку да и одмори од хемикалии па потоа ќе ја фарбам. Башка што цената им е смешна во споредба со многу други фарби. Речиси сите производи кои ги имаат (сепак имаат мал избор) им се квалитетни, па вреди да се обидам :)
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    за фарбите во рубин знам една другарка ми се пофали дека убаво фаќаат висаж се викаат
     
    На mishulence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Се фарбам руса веќе 3 пати,првиот пат на фризер ми излезе жолтеникаво-златна, а наредните 2 пати се фарбав со Гарниер 111 и добив некоја минимално посветла боја, но повторно со некој златест отсјај. На местата кај што бев шатирана порано, ми испаѓа таа боја од сликата, ама кај што бев кафеава не ми се допаѓа. Бланш да ставам-никако, лом ќе си ја направам косата, а сакам да ја растам.

    Сакав да ве прашам која фарба би ми ја препорачале за да добијам нешто вакво:
    [​IMG]

    Гледам ја фалите Аура, што бројче ќе ми треба? :wasntme:
    Фала :$
     
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Лин, од Аура можеш да си земеш 11А или 11S, тие мислам беа сребрено белите нијанси. Но јас те советувам да одиш на фризер, некаде каде што работат со фарбите на Субрина (професионалните) и да те исфарбаат со таа боја. Преубави се фарбите, нема да имаш ниту жолтило, ниту ништо, но ги нема во слободна продажба. Една колешка од работа мака мачеше да добие убава руса нијанса, и кога ја видов пред некој ден, косата и` беше бисерно бела, преубава и ми кажа дека со Субрина professional се фарбала. Мислам и дека можеш да си купиш од салониве па дома сама да се офарбаш. Преубави се, барем јас тоа што го видов на колешката беше феноменална плава боја без трага на жолтило :)

    Инаку, јас се фарбам со Гарниер 111 веќе 6 години, мене ми фаќа бисерно бело, косата ми е иста како сликата што си ја ставила, меѓутоа јас и природно имам плава коса, така што основата ми е доста светла и затоа ми фаќа побело. Бидејќи е полесна фарба, Гарниерот на потемна коса не фаќа убаво, ти треба професионална боја. И Кене ги фалат, ама не можам да ти кажам искуство, не сум ги пробала :)
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Околу која цена се движат овие фарби?
     
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам, околу 300-400 мислам дека ми кажа колешкава, ама големи биле, така што ќе имаш за два пати со сигурност, не се како стандардниве :)
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Linn, ако прашуваш за Keune , јас пред некој ден земав од Космо (број 1517), цената и беше околу 330-350 денари, не знам точно, бидејќи купував и други работи па не знам колку точно беше фарбата, а не ја чувам сметката за да видам точно колку била. Фарбата е од 60мл и ако го фарбаш коренот и немаш екстремно густа коса :D , имаш за 2 пати.

    Sexybaby86, и јас се сложувам за Субрина професионалните фарби, тие што сум ги видела во каталог се стварно супер нијанси. Не сум ја користела па не можам да кажувам како фаќа, вака зборам само како нијанса од каталог што сум видела. (Знам и фризер што работи со овие фарби, ако ви треба контакт, слободно пишете ЛП, да не испадне рекламирам некого сега :wasntme: )

    Бидејќи сум „тазе плавуша“ од пред 2 месеци, на колку време се фарбате? Фризерот ми кажа дека за да се одржува убавата нијанса треба коренот да се фарба на 3 недели, најидеално било... :?: Или сепак не мора до толку често?
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    green.eyes, јас се фарбам на 3 недели, некогаш дури и на помалку :$ Најмногу што мразам е кога ќе видам корен кај плавуша, значи ако веќе сум решила да се фарбам плава, ќе ја одржувам косата, нема да шетам нефарбана со месеци :^) Плавата коса е потешка за одржување воопшто, бара дополнителна нега и навремено фарбање од причина што кај русокосите најмногу се познава подникнатиот корен. Јас конкретно секогаш го фарбам само коренот, а еднаш на 6 месеци цела коса, колку да се освежи. Кога ја фарбам цела, ставам бадемово масло на врвовите за да не се оштети, па фарбам врз тоа, или ако немам бадемово, обичен регенератор :D Абе пуна сум со финти, што да ви кажувам :D Ама стварно водам многу сметка за косата, внимавам и при избор на шампон, секогаш купувам шампони за фарбана/плава коса, а исто и регенератори. И да знаете, против жолтило многу е добар Cycle Vital Silver Shampoo, сребрен шампон од Eugene Perma против жолтило (во Космо го има, околу 480 денари е), само внимателно со употребата, ептен малку се става, и тоа преку две-три миења :)

    [​IMG]

    Инаку, Субрината и јас не сум ја пробала, ама знам колешката моја каква жолта коса имаше, што се` не проба, и кога ја видов исфарбана со Субрина профешнал, ја воочив разликата. Бојата и` беше преубава стварно, само што не знам со кое бројче се фарбала :)
     
    На green.eyes и kate21 им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^Само коренот да, на 3-4 недели е доволно, штом ја имаш добиено посакуваната нијанса на целата должина на косата. А понатаму, за „освежување“ на бојата кога мислиш дека е потребно, пак исфарбај си ја целата :) Е сега, ако менуваш фарби и нијасни, сметај оти ќе ти треба подолг период, нели секоја различно излегува и така тоа :D
    Кенето во Прилеп е 290 на едно, 310 на друго место поскапо не сум сретнала, ама од мене има минус, оние што имате нежен скалп или недај Боже имате првут, не ни помислувајте да го ставите :) Гори корне :tmi:
    Лин, пробај со [​IMG]или[​IMG] штом Гарниерот не ти одговара, мада што мислам оти по неколку фарбања континуирано со 111 ќе ја добиеш посакуваната нијанса :) Јас со таа фарба имам само позитивни искуства, откако сменав и почнав да правам експерименти ја заебав работата :fubar: Значи за тенка и мека коса само Аурата и Гарниерот, се друго слама прави :) И не плашете се де, во плавата фарба капнете капка црна, ете ви сивкасто бела нијанса, она баш сребренкасто сјајна :)
    И арно ви вели Секси бејби, плавата коса бара екстремна нега :!: И, никогаш не ставајте шампон кој брзо ја измива бојата, камилица ви е одличен избор, или шампон наменет за светла коса, евентуално за фарбана, не агресивен :)
     
    На Eli23, Sexybaby86 и green.eyes им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки :)

    Уште ја немам посакуваната нијанса, ама сепак не сум жолта :) Очекувам дека некаде за 2-3 месеци ќе ми биде како што сакам (истото и фризерот ми го потврди). Не сакам веќе да ја малтретирам косата, па ќе одам полека-полека, кога веќе не може одеднаш :) Не ми фаќа жолтило со Кене 1517 (на коренот 2 пати веќе се фарбав со неа), ама некако не осетив дека ми изгоре косата или дека имам првут :^) Ми се допаѓа нијансата, сега нова купив, за некои 2-3 недели ќе се фарбам, ама после муабетиве дефинитивно ќе размислам дали и понатаму би се фарбала со неа, верувам дека со почесто фарбање би имало иста реакција и кај мене. :?: Ме замисливте сега, дали да сменам накај Аура или Субрина :?:
    Точно е дека треба повеќе нега, ама па кога ќе ми текне на тоа кога бев црвена, кога после само 3-4 миења на косата, стануваше некаква цигла-нијанса :o Е ај оди не ја фарбај целата коса :sweat: :worried: Иако за убава плава коса треба повеќе одржување, дефинитивно црвената бара постојано фарбање на целата коса, што дополнително ја оштетува.
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    А графит ако ставам малкуу во фарбата, нема да испадне многу темна? :^)
     
  12. devilll

    devilll Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    за ова само бланш
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    А си ги разгледала некоја од тие нијанси? Како што разгледував низ темава, ги има токму оние нијанси кои тебе ти се допаѓаат (а тука некаде сум и јас :lol: ). Не знам која од нијансите како фаќа. Уште со тие се немам обидено да се фарбам :lol: И еве читам на пакувањето дека прво треба да се стави N02 за да фати. Како што и претходно напишав, ја зедов 12 dark ash blond од Рубин но прво одмор на косата па потоа од ново со експерименти :)
    А така сакам да ја испробам.... Туку до сега издржав без фарбање, ќе издржам уште малку :D
     
  14. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    епа женска прва си ги купила прва ќе ги пробаш а јас ќе чекам да кажеш не е проблем,све за лепота :lol:
     
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Јас сум решена да се фарбам, ама додека да довршам со планираниот одмор за неа, тебе веројатно ќе ти текне и црвена да се исфарбаш :D

    Како и да е, досега сум немала препораки и овојпат ќе поминам без нив :)
     
  16. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Утре планирам да земам боја ама се думам измеѓу Субрина Профешнл или Гарниер 111.Која е подобра ? Од Субрината планирам нешто боичка како Гарниерот 111,само незнам која подобро ке фати. Еве каква ми е моментално бојата. Мислење? :)
     

    Прикачени фајлови:

    • yh.PNG
      yh.PNG
      Големина на фајлот:
      140 KB
      Прегледи:
      385
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    ^ И двете се добри, единствено разликата е во тоа што Субрината е професионална боја и секако подолго трае. Јас лично мислам дека основата на косата ти е доволно светла и дека Гарниер 111 ќе ти фати така бело/сивкасто без проблем.

    Јас Гарниерот ја користам веќе многу години и никогаш не ми излегла жолта, никогаш (да напоменам дека никогаш немам користено бланш, косата и природно ми е плава).

    Јас на твое место би ставила Гарниер, со тоа што ако првиот пат не излезе баш онака светло како што сакаш, со вториот гарантирано ќе успее :) За Субрината, имам колешка што мака мачеше со жолтило на косата, но откако смени на Субрина многу и` е убава бојата, бело/сребрена, како бисерна. Сепак, лично ја немам пробано Субрина, па не би сакала да те убедувам. Според мене, подобра плава боја од Гарниер 111 не постои (а верувај ми дека имам пробано буквално се` и сешто) :)
     
    На kate21, heart.stealer и Talita им се допаѓа ова.
  18. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам Sexybaby86 , си зедов од СУбрина Профешнл. Али фризерката ми рече со 12% хидроген дека треба, и нема да има жолтило. Страв ми е да не ја изгорам многу, што да турам во бојата да не ми изгори многу?Ќе ставам пред да се фарбам Чичково масло, али си викам и нешто во бојата да турам за заштита ;(
    Помош?!? :)
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.359
    Пол:
    Женски
    Нема ли во пакувањето некоја кесичка со балсам за косата?
    Јас не се фарбам, ама ја фарбам мајка, па секогаш во пакувањето има такво кесенце.
    Инаку, ќе ти заврши работа и чичковото масло, т.е. тоа ќе биде како еден вид заштита на косата од горење. :)
     
    На Talita му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Талита, јас секогаш пред фарбање ставам бадемово масло на косата, од коренот па до врвовите. Цела коса ја фарбам само еднаш-двапати годишно, на 6 месеци, инаку само коренот. Ама обично откако ќе се офарбам ја мотам во пунџичка па бојата доаѓа во допир и со врвовите, затоа цела ја шлакам :D Ти претпоставувам цела ќе ја фарбаш, така што мој совет ти е на цела коса да ставиш масло :)

    И регенератор ќе ти послужи ако немаш бадемово, само не знам ако ставиш на коренот, да не влијае тоа врз бојата, мада мислам дека не би требало. Во секој случај мислам дека масло е подобро, ако веќе имаш чичково, искористи си го тоа :)
     
    На Talita му/ѝ се допаѓа ова.