кесичката што ја има во фарбата ќе ти заврши работа и со некое масло намачкај си ја косата 1 час пред фарбање и толку ,друго нема потреба да ставаш ова доволно ќе ти заврши работа
Еве резултат од Субрина Профешнл.Две најсветли нијанси помешав,и на крај еве го резултатот. Задоволна сум,жолтилото најпосле се изгуби
Lal оd таа се добива нијанса,убава е ама сакав само да ги осветлам корените за да не морам цела да ја фарбам,и успеав со Еволушн OSP,кој сака да ја осветли само,одличен избор е,без ефект на флуросцентно жолта.
Можеш да пробаш и со Кене 2000 - таа е доста светла руса, без сиво, ја имам користено бајаги време али ја сменив пошто Кене си е Кене- мн. ја оштетува косата
Јас ја имам истата боја. Ја добив со фарба Explicit на Aura, не се скапи некаде 130-150 ден. Но сепак, многу зависи од пигментот на девојката. Јас сум природно светла и не ми е проблем да добивам убави руси нијанси. Исто и 11P e добра, оваа на сликата е 11S.
Јас почнав со Keune пред 5-6 год. Убава е, професионална али косата ја прави пепел . Не ти ја препорачувам...
Не е до фарбите изретчувањето на косата девојки. Секако дека ако сме плавуши малку повеке ја малтретираме косата, но секоја фарба има хидроген и исти состојки само друга боја. Многу значи и исхраната, витамините што ги внесуваме секојдневно за здрава и сјајна коса. Јас сум приметила кога ќе снемам витамин Ц таблетки и б-комплекс веднаш косава ми стане безживотна, без сјај и волумен и почнува да паѓа. Обрнете поголемо внимание на исхраната - МОЈ СОВЕТ
^^ Garnier Olia ја видов во Веро, тоа сум сигурна. Ја видов на уште едно место, само не знам дали беше во Космо или ДМ, не ме фаќај за збор, ама едно од тие две беше сигурно Инаку, како што видов во Веро, цената и беше околу 250 денари (+/-). п.с. Ако некоја плавуша ја проба фарбава, замолувам да сподели искуства
Јас без никакви потешкотии од природно темна кафена коса си ја добив идеалната руса нијанса. Прво почнав со медено руса на Syoss, ама откако почнав со баш плава па до денес, се фарбам само со Garnier, два пати имам вадено прамени со фолија и тоа е тоа, сега ми е баш светло плава. Ама голема улога игра пигментот, мајка ми со години е плава и каква боја се нема пробано, и шатирање и се, ама не може да постигне светла нијанса колку мојата.
Јас се фарбам со Garnier Crème Naturals, онаа со 3 вида уље за заштита и ја имам еднаш или два пати по грешка купено таа Garnier Olia, не осетив некоја разлика, мислам дека само во уљето е разликата, и таа е добра, само сепак мислам дека ми фаќа поубаво обичната. Совет до сите плавуши, имам пробано неколку бои, најубаво осветлува Garnier Crème Naturals, само штипка на нос зашто многу смрди.
Девојки дали знете како да ја затемнам малку косата во некој по природна плава,мед плава,инаку сега ми е ептен светло плава