Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална руса фарба

Дискусија во 'Коса' започната од Trendafilka, 28 декември 2009.

  1. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Баш ми се допаѓа бојата на косата на девојката од твојата слика,таква сакам,како да ја добијам
     
    На mishulence и baby-star им се допаѓа ова.
  2. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    5години сум плава,ова е мојата нијанса.Исечок од слика.
    1 сум ја исфарбала цела пред една година,година ипол.А иначе не користам бланш, се фарбам на фризер и сум презадоволна. :) Малце сликава на розе мава,може дека е кратена.И сите што викате дека за светло плава коса само бланш многу се лажете,очекувате од некои фарби од 100,200 денари како палете и гарниер да ви ја направат косата светла.Само скапа и квалитетна фарба го може тоа верувајте. :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Со која фарба се фарбаш?
     
  4. knowles18

    knowles18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Blondini, mojata kosa e temno kafeava, farbana, pa dali odma kje mi fati so ovaa Palete 100 ili posle nekolku farbanja??? Fala ti odnapred :*
     
  5. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Мила бе, твојава ми личи повеќе на 11.20, ама те читам дека е 11.02. Јас ја користев порано 11.11 ама многу ми е сива сега, сакам по на бело :$
     
  6. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Јас сум плава повеќе од 5 години. Имам светол тен и тиркизни очи (ем зелени ем плави, зависи од светло) Во мегувреме се имам фарбано и темно кафеаво, некои ме бендисаа така, но јас и повеќето плава и затоа за ништо не ја менувам повеќе :)
     
  7. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Девојки почнав да се фарбам со Еволушн 11,11 и 9% хидроген, но некако коренот ми тера со портокалови нијанси, најверојатно дека имам таков пигмент.
    Косата ми е шатирана пред година ипол и од тогаш само со гарниер 111 се фарбав. па решив малку да сменам.
    Ме интересира да ми кажете дали нареден пат појак хидроген да земам или да барам некоја друга нијанса.... несакам да бидам скроз плава(бела) туку да ми биде изедначена барем косата.
     
  8. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    се извинувам, дали знаете колку се сиосс фарбите? :)
     
  9. Cvetankaa

    Cvetankaa Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас бев црна фарбана со кна во април последен пат,ама сакав сеа да сменам малце да ја исфарбам плаво,и исфарбавме и само од коренот еден прст надоле ми е темна :О и портокалова боја некако ми е коренот :/ како да стигнам до руса?
     
  10. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Ова е мојата коса, немојте да се плашите, повеќе од ужасна е, знам.
    Дали може да ми кажете што да и ставам сега пред нова година, да не бидам волку шарена, со оглед на тоа дека сакам косата да ми биди бела, уствари, да не иди жолта и да не биди многу сива...???
    Незнам колку се заприметува коренот, ама коренот ми беше пораснат околу 3см, и тој има некоја портокалова боја, од темно кафена кога ќе и ставиш сива фарба, ете таков ми е коренот, кој пробувал знае :$ :lol:
    Оваа фарба ја користев вчера Explicit 11.8 - platinum silver .. неможев да најдам слика на гоогле. омг |(
     

    Прикачени фајлови:

    • femina kosa.jpg
      femina kosa.jpg
      Големина на фајлот:
      152,6 KB
      Прегледи:
      269
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ме пукна една идеја за плава да се фарбам, не знам зошто!
    Имам кафено/смеѓа коса, на сонце со црвен отсјај, и знам дека ќе ми треба бланш за да ја осветлам, ама би ризикувала.
    Е сега, дали имате некаква идеја како да си ја погодам совршената плава боја на коса?
    Имам светли очи, бледа сум.
    Знам дека е многу битно да ја погодиш нијансата ако сакаш да ти стои добро, ама многу се двоумам.
     
  12. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Ако имаш пожолт тен мислам дека потемна плава поубаво ќе ти стои, а ако имаш порозев тогаш можеш и посветла. Јас имав исто кафеава боја на коса со црвенкаст пигмент и се офарбав плава па бев црна па пак плава. Мој совет ти е да не пробуваш сама. Јас првиот пат ја офарбав (на фризер) во некоја посветла нијанса од мојата, па после месец дена отидов и извлеков прамени на капа со бланш, со прамените 70-80% коса ми беше плава, и не се приметуваше разлика кај се точно прамените туку беше онака баш убава природна шарена. После тоа си продолжив секој месец цела коса да си ја фарбам со најразлични нијанси на плаво. Не се сеќавам и сега да имам купено два пати иста боја. Па ќе си испробуваш и ќе си видиш. Јас ги користам гарниер фарбите тие со маслиново уље, нешто така се не знам баш какви беа знам дека е со зелено пакувањето и само со тие се имам фарбано сама.

    Значи мој совет додека не добиеш плава боја само на фризер фарбај се, кога више ке добиеш плава нема многу што да утнеш и можеш и сама да се фарбаш дома :)

    Иначе ако цврсто си решена дека сакаш да бидеш плава тогаш дефинитивно фарбај се, али ако си тип што сака да менува бои на коса како мене тогаш не ти препорачувам пошто тешко се добива после пак полава боја. Јас од плава се офарбав црна и ја носев можеби цела година црна и во еден момент се решив пак за плава. Добри 6-7 ми требаа да добијам баш плава плава боја и на крај нормално од коса до средина на грб имам коса малце до под рамена :?: Кога ќе ги видам сликите колкава ми била косата кога се офарбав црна ми се плаче
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. moshus

    moshus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Веке подолго време ја користам фарбата Кене 1517 и не сум баш задоволна коренот секогаш ми го прави жолт и многу ми ја оштетува косата сакам да ја сменам ама незнам дали ке згрешам. Сакам да ја пробам Ревлон некој нека ми каже дали ја има пробано и дали е квалитетна а најбитно ми е да не го пожолтува коренот и да не ја оштетува многу косата. :?:
     
  14. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Еве да пишам мое искуство од вчера. Се фарбав цела коса со гарниер 111 и 101
    [​IMG]
    [​IMG]

    Така легнав со мокра коса и сабајле се разбудив со сива коса со бели буквално прамени и кафеав корен. Буквално :o ваква бев кога се видов. Прогуглав малце и најдов рецеп за одстранување на сива боја од косата. Исцедив 3 лимони (3 се за ептен долга коса и 2 ке ви се доволни за некоја средна должина) и ставив регенератор во тоа (ставете слободно повеќе регенератор помалце од пола од сокот од лимун малце густина да добие.) и нанесета ја на коса. Еден саат оставете ја да делува. Исплакнете и со шампон нормално измијте.
    Јас искрено не очекував ништо апсолутно, значи никаков ефект. Прво што на косата не и ставив ништо друго освен шампон колку беше мека од лимонот (а последен пат кога сум ја измила само со шампон било негде 5-6 оделение кога нити сум ја фарбала нити сум ја пеглала). Толку мека одамна не ми била, толку лесно ја расчешлав неверојатно ми беше. А бојата е бау, значи нема ни трага од сивото ни трага од кафеавиот корен, целата е осветлена и има златно жолта нијанса баш како што сакав. Ќе ставам слики (од нет) од прилика како изгледаше пред и потоа пошто немам убава слика баш каква беше сабајле.

    [​IMG]
    Вака изгледаше од прилика на почетокот значи вакви сиви и бели нијанси имаше со кафеавкас корен

    [​IMG]
    Моментално е ваква бојата, значи само од маскава со лимун еден саат и ништо друго(а вчера вечер ја фарбав значи тазе беше бојата ептен). Така да ако сакате да се ослободите од сиви нијанси или сакате да ја осветлите косата само маскав и ем не се оштетува косата ем е неверојатно мека после тоа :)
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Значи, кој вели дека плава коса лесно се отемнува? Е па не!

    Двапати и давам шанса на мојава да биде природно-златесто-плава, две, три фарбања со ред, ништо, првиот ден е нешто маалце потемно, па со секое наредно миење врска нема, се враќа на старо, светла како што си беше. И затоа сега сум во страшна недоумица каква фарба да ставам, се изморив веќе, не дека ми е оштетена, напротив, имам здрава негувана коса, цел труд што го вложувам во неа се исплати, само што не расте брзо, не сака да мрдни од 1 цм месечно, па што сака нека е :?: Сакав да променам малце, од што ми здосади, макар што првото гледање во огледало по фарбање речиси и да ми се плачи што сум ја подзатемнала, ама ај па, ко намерно да не сака боја да прими :wasntme: :D

    И сега, веројатно ќе се фарбам со Фадиам фарба, 9.1 нијанса, барем нема да е бела, туку шампањ, ама во меѓувреме дур не сум ја купила ако имате предлог за шампањ/бисерна плава боја, слободно пишете, не срамете се :D
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Кате каква нијанса сакаш да добиеш, постави слика со точната нијанса? Јас знаеш дека долго бев плава, ама не ептен светла, можда сум пробала некоја боја што ти сакаш да ја добиеш па ќе ти дадам некој предлог.
     
  17. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Двапати досега се фарбав со Гарниер Олиа. Првиот пат земав некоја темно руса и испадна супер, задоволна бев. И реков ај сега да ја посветлам уште малку повеќе и вториов пат земав посветла нијанса, светло руса, и што се случи? Косата наместо посветла, сега ми е потемна и со портокалов сјај. Значи претходната потемна беше ОК, а сега со посветлата излегов потемна???? Стварно не знам што да мислам.
     
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    artemis си ја оптоварила косата. Требало да ја одмориш малку и да не ја осветлуваш веднаш.
     
  19. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    29
    Што мислите која е подобра и дали има некоја голема разлика помеѓу фарбиве
    [​IMG]

    и

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  20. ChristinaBush

    ChristinaBush Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Како до ваква боја на коса???

    Дечки ај а литл хелп. значи ако се разбира некој поеќе од фарбиве за коса нека ми помогнее .. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • s-if100491.jpg
      s-if100491.jpg
      Големина на фајлот:
      11,1 KB
      Прегледи:
      281
    • kk.jpg
      kk.jpg
      Големина на фајлот:
      6,2 KB
      Прегледи:
      280
    • ho.jpg
      ho.jpg
      Големина на фајлот:
      15,8 KB
      Прегледи:
      280