Како до ваква боја на коса??? Епа не ни каа каква боја на коса имаш? Ако имаш темна боја тогаш ќе ти треба бланш. Објасни подетално
Некоја да не имала искуство со Субрина Professional фарбите за коса? Сакам бисерно плава боја, имаат убави нијанси, ама како се во однос на оштетување на косата, трае ли бојата, да не испаѓа одма по првото миење И 100мл се или ме излажале? И со колку постотен хидроген ги мешате овие? Се враќам во чисто плавуши , само сакам да сменам марка
девојки а оваа боја во која плава боја спаѓа? не сум многу искусна во боиве, па затоа прашувам Еве ја мојата природна боја - Ама сега сум фарбана црна - и решив веќе не се фарбам, а ако се решам некогаш дали би ми стоела плава боја, мене многу ми се свиѓа бојата на сликата прва што ја поставив
Леле мила, јас со таква природна боја на коса никогаш не би се фарбала темна. Јас ја оштетив немаш поима колку за да станам плава. Ти и да се офарбаш посветла плава нема да мораш често како мене зашто и да подникне нема да се познава многу.... мене дека темна кафена накај црна ми е. И сега еве се офарбав слична на мојата и не ја фарбам веќе, партал ја направив, слама.
Јас на времето се фарбав со оваа фарба и имам позитивни искуства.Ја сменив од причина што по парфимериите ми рекоа дека не ја дистрибуираат,туку само кај физери. Долго време ја користев,неколку пати ја сменија амбалажата,а бројчето го заборавив ,но беше најсветло пепеласто плаво и баш таква нијанса добивав со 9% хидроген.Во однос на трајноста е тука некаде со Еволушн,со таа предност што помалку ја оштетува косата. Баш ме интересира каде ја најде.
^^^Кај фризер Го начекав дистрибутерот додека се стрижев,и баш пријатно се изненадив зошто имав читано и слушано позитивни критики за фарбава И се договоривме со фризерката да ми чува две-три пакувања ама не се сеќавам што бројче беа, знам на нив пишуваше бисерно плава нешто така Треба да се фарбам наредната недела, па ќе пишам што ќе испадне на мене Фала на одговорот
Veki4ka плава ли сакаш да станеш јас како што те имам гледано на слики , црната многу убаво ти стои поготово зашто имаш зеленкасти очи мислам дека не грешам а црна коса на зелени очи прави убав контраст сега освен ако сакаш некоја промена незнам ама плава ќе ти биде ептен голема промена
Изводливо е но ќе ти треба повеќе труд и време. Најубаво е да направиш нијанси на смеѓа ( на фризер најдобро) и можеш да си купиш од синиот шампон што го вади портокаловиот сјај од косата. Потешко е да се извади црвената боја и затоа ти препорачувам шатирање, а не фарбање дома
Јас одвај се отарасив од црвената боја а црна се фарбав. Цела година и повеќе ми беше шарена косата некаде црна некаде црвена , и колку и да се фарбав ништо не се менуваше . Пред еден месец конечно се скратив ептен кратко заради црвената боја и конечно веќе не сум шарена во косата. Остани си подобро црвенокоса зашто после тешко од неа да се отарасиш
Девојки, дали мислите дека фарбата Evolution 9,13 може да излезе со нијанса на жолто? Во каталогот ја видов дека е епрен убаво темно руса боја и ја купив до дома видов дека на неа пишува golden blonde, па сега се размислувам. Сакам темно руса боја но ова "golden" ме загрижува. Несакам да имам нијанса на жолто/златно. Ве молам за мислење...
Јас користам Evolution 10NB, баш поради тоа што е темно руса и задоволна сум од неа, но сега зависи и од типот на влакно. Инаку ако не се лажам мислам дека 9,13 е посветла. А сега дали ќе ти излезе жолта, зависи од природната боја на коса и моменталната боја која ја имаш.
Моменталната боја ми е потемна, а корените посветли. Претходно ми беше црна, па ја шатирав, фарбав, и сега сакам конечно да ја изедначам. Затоа сакам да користам боја што ке ми биде баш каква што сакам.
Најарно иди си на фризер и мирна глава. Вака ко што кажуваш тешко дека ќе ја изедначиш сама, можно е да добиеш жолтеникава на корените надолу сосем друга нијанса, вака на фризер ќе знаат на корените да стават сивкаста колку да го убие жолтилото и да ти ја изедначат па натаму сама ќе се фарбаш барем ќе немаш ризици поздравче па пиши како ќе испадне
Плава коса Имам плава коса и ја фарам скори 2 год.Но во последно време ми е жолта во коренот.И кога ќе ја исфарбам повторно по неколку миења фарбата паѓа и пак е жолта.Помоош???????
Обиди се со Cycle Vital силвер шампонот да ја миеш повремено. Дискутирано е во темава за тоа повеќе пати. kosa/idealna-rusa-farba-t445/400.html?hilit=%D1%88%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%BE%D0%BD#p1547564
Бев во план да се фарбам но нешто се предомислив ама ете сега сум решена. Имам коса некаде до под раменици, не ми е многу долга но густа ми е. Решив да земам две фарби плави, најсветла нијанса и да се исфарбам. Не сакам плава коса, туку сакам само неколку нијанси посветла од мојата боја на коса. Мојата коса би дошла нешто како ова лево, а сакам како онаа десно. Вака нешто да ми излезе нијанса, може и малку потемна. Ќе дојдам ли до таа нијанса со две плави фарби? Не сакам косата да има некој портокалов сјај, од тоа се плашам. Кои фарби да ги земам? И не ми кажувајте да одам на фризер, бидејќи нема да одам, во тесно сум.