Не знам да ти кажам кои да ги земеш,ама знам дека не треба да ги земеш тие што си наумила,оти проклетата портокалова не ти бега,подобро решение би било директно од каталог да ја избереш бојата која сакаш да ја добиеш,на првото фарбање може нема да ти излезе буквално иста,ама на второто,би требало.
Дали некој има користено тонер за руса коса? Функцијата му е да ги отстранува непосакуваните тонови (портокалови, жолти). Спојлер Повеќе инфo за тонерите има тукa и тука Спојлер
Џанеифер , што направи со косата. Само да ти кажам дека тешко од ваква боја да добиеш со едно фарбање посветла , само деколоратор/бланш , косата ти е темна за да ти фати вака. А портокалов ке добиеш секако , ама и да добиеш ништо со фарбање ке се изгуби пиши ни што направи
^ Пробав и не ми излезе баш посакуваната нијанса. Испадна нешто портокалова, сега бојата испадна бидејќи често ја мијам. Има кафеава боја со жолт сјај и не ми се допаѓа воопште. Сега во скоро време планирам да се фарбам пак, ама ќе си ја правам кафеава па после ја оставам така. Се зезнав, ама ајде, ако не пробав тогаш некогаш ќе пробав секако. На моменти ми се допаѓа косата и сакам да ја правам и посветла, а на моменти сакам да си ја вратам старата. Па ќе видам што ќе правам, секако ќе ве известам.
па добро , колку толку ти се осветлила , сега ако сакаш да ја осветлуваш земи ја истата нијанса што си ја ставила и претходно и подобро ке ти излезе за кафена можеш некоја светло чоколадна да ставиш и оваа 7,1 не ти е лоша сепак извести не што ќе направиш
Дали некој на своја коса има пробано плава боја измешана со капка црна? Ниту еден фризер до сега што сум прашала не препорачува и не се нафаќа да прави таков микс . Истражував и на интернет, фризери велат дека би се добила ужасна боја која удира на зелено..
Лин, пробај со или штом Гарниерот не ти одговара, мада што мислам оти по неколку фарбања континуирано со 111 ќе ја добиеш посакуваната нијанса Јас со таа фарба имам само позитивни искуства, откако сменав и почнав да правам експерименти ја заебав работата Значи за тенка и мека коса само Аурата и Гарниерот, се друго слама прави [/spoiler] И не плашете се де, во плавата фарба капнете капка црна, ете ви сивкасто бела нијанса, она баш сребренкасто сјајна И арно ви вели Секси бејби, плавата коса бара екстремна нега И, никогаш не ставајте шампон кој брзо ја измива бојата, камилица ви е одличен избор, или шампон наменет за светла коса, евентуално за фарбана, не агресивен [/quote] Дали некој на своја коса има пробано плава боја измешана со капка црна? Ниту еден фризер до сега што сум прашала не препорачува и не се нафаќа да прави таков микс . Истражував и на интернет, фризери велат дека би се добила ужасна боја која удира на зелено..[/quote] Јас мене на мојата коса излезе така баш сивкасто , немав проблем со зелена нијанса ама се става многу малку мала капка во фарбата. На мојата коса успеа сега дали зависи и од влакното тоа незнам
Русокоси , ај сега кажувајте чаре за мене ќе ставам коса да видите каква ми е сегА косата инаку , нема ни месец од кога ставив бланш на цела коса и ми излезе нешто вака бојата. Од тогаш двапати се фарбав последно ставив од Гарниер Колор сензејшн 8.0 и воопшто не ми фати. Утре ќе се мијам ама што да се осветли кога повеќе ми е портокалово кажете ми што фарба да ставам? палете? читав наназад дека биле јаки па да пробам најсветлата да ја ставам? или некоја од овие што се докупува хидроген? само не ми кажувајте на кене или еволушн зашто ги нема кај нас има некои loreal majirel , rilken cinemax , igora и Koleston дајте ми совет што да се прави
koritsaki, ако има во Грција Субрина, пробај со нијансата 80/8, јас со неа ја осветлив мојата. Фарбата доаѓа со 12 % хидроген но прилично е густа па добро е да додаде дополнителен хидроген (јас додавам 6%)
Kortisaki, ти сакаш русокоса да станеш? Од таа боја што ја имаш, најбрзо но и најштетно за косата ти е следна постапка: 1.Чист бланш со 9% хидроген и косата во фолија и прамени да ја завиткаш. 2.По два дена, сива фарба, бидејќи ќе ти биде многу жолта косата. Моја препорака за фарба која фаќа, но се разбира за исто така гори е Palette 219 од оние во зелено паковање. Друго не знам, освен ако сакаш да ја оставиш на сонце и море полека тоа црвенкавото да ти опаѓа. Морам да кажам, ова се испробани рецепти, јас многу многу често, менувам боја на коса,инаку природна ми е кафеава и не знам што се немам направено до сега...како на пример од црна до плава за три дена
Ste probale li od plava kosa da se farbate vo kafeavo portokalova, t.e. 'strawberry blonde'? Nesto kako ova Gledam od Loreal i Revlon ima nesto slicno, imate iskustvo so ovaa boja? Mi e strav da me ni ispadne mnogu svetlo portolalova... se izv za lat.
Nausica- нема субрина овде за жал. Единствено кога ќе дојдам во мк па ќе си купам инаку fighter, да, само незнам што плава би ми стоело зашто има повеќе нијанси на плава, не елоша и оваа што ми е на аватарот сликата нешто ко беж плаво. Инаку не напоменав , пред еден месец ставав 12 % хидроген со чист бланш зашто имав црна фарбана коса и затоа ми е портокалова на сликава,пред 2 дена ставав фарба од гарниер 8.0 ама не ми фати ептен горе кај коренот, дали фарбиве не се јаки ич незнам. Утре ако не ќе одам во некоја парфимерија па да ми предложат нешто, зашто стварно немам идеја а и да побарам некој шампон да се изгуби портокаловото
koritsaki мислам дека косата ти е веќе изморена. Влакното не може да прифати толкави промени за толку кратко време и затоа ја „одбива“ новата фарба. Знам дека си нестрплива но мој совет е да ја оставиш да одмори некое време. Во меѓувреме можеш да ја собираш, да ја виткаш за да не изгледа нерамномерно шарено. На крај модерни се шарените коси па сигурно нема да биде проблем на отстои таква каква што е. За портокаловиот сјај помага и јаболков оцет или лимон. Ќе го разредиш со многу малку млака вода, ќе го нанесеш по должина на косата, отстојува околу еден час со косата соберена под ќеса и ќе се надеваш дека помогнало бидејќи не е лесно да се отстрани тој потрокалов сјај.
Кортисаки,портокаловото многу тешко исчезнува. Моето влакно има многу црвени пигменти и прво ми се зацрвенува бојата на косата кога сум на одмор.Затоа се користат посебни фарби за коса што не даваат портокачова нијанса.И нормално е дека за рецептот што ти го предложив ти треба шампон за пред фарбање,многу маски за хранење на косата и што уште не.Како и да,за иделна руса платина коса ќе треба да почекаш да помине време и неколку фарбања...а после и шишање...и тоа многу. И да не заборавам НЕ СТАВАЈТЕ 12% хидроген,тоа многу ја пожолтува косата.
Утре ќе одам и ќе прашам , како и да е ќе ја одморам малку косата некоја недела зашто и сега пред 3 дена се фарбав нека се осветли малку бојата , денес се миев и многу повеќе е осветлено горе проблемот ми е кај врвовите светли се ама ајде со фарбање ќе се осветли утре ќе прашам каква фарба да ставам нареден пат и да си земам и некој шампон а меѓувреме ќе пробам и со оцетот инаку незнам да ти кажам се уште каква плава ќе сакам да бидам зашто незнам што ќе ми стои повеќе а и за шишање не е проблем , пред 2 ндели се шишав боб фризура а имав долга коса под раменици и ја шишав не дека ми беше оштетена туку оддамна не се имав шишано може се чудите ама мене дотолку не ми е важно ако се оштети косата па на крај краева ќе се потшишам и готово пак ќе порасне , додека ја добијам бојата што ја сакам така и ќе биде
Денес бев во една парфимерија , ми рекоа дека не ми е доволно светла косата од средина па надоле (имам уште црни прамени ) па ќе морам повторно да ставам бланш. Повторно ми даде бланш и 12% хидроген , ама другата недела ќе го направам тоа. Сега кога веќе се фатив за орото и ќе го играм Ми рече прво да ставам на деловите кај што се уште ми е црна/кафена косата и да го држам 5 минути а потоа и на горниот дел да нанесам. Ми дадоа и некои маски за коса да ги ставам по бланшот. Земав и една фарба на Sicura Professional 12.01 - платинесто руса боја , најсветлата беше во каталогот и ќе ја помешам со 9% хидроген. Се надевам конечно ќе се осветли а за оштетување знам дека ќе се оштети,но ќе ја скратам и така лето е Инаку фарбата ја земав околу 9,50 евра ама 120 мл е ќе има за двапати http://www.begins.it/sicura-professiona ... 69.uw.aspx ќе пишам како ќе испадне
Јас 7 години се фарбам и ставам црна капка во фарбата па до сега не се случило такво нешто,ми дава нијанса на сиво,и природно изгледа. еве ваква ми изгледа.
Еве ја мојата со Гарниер 111. Последно време се префрлив на АУРА и искрено сум задоволна. Никогаш не сум користела бланш, а коренот го фарбам на месец ипол затоа што сум природно плава. Виткана Пеглана
Женски,ај мала помош, ја бланширав косата се ми се осветли тоа ок но некои прамени не ми се офарбаа баш ми се потокалови а во горнипт дел на косата плав што да правам сега , да ода да земам некој силвер шампон утре или ? Буквално ко морков сум во долниот дел на косата а најсветлата фарба ја ставив
Можеш да пробаш со силвер шампон,но пак најсветлите прамени ќе ти удираат на сиво,а овие портокаловите за нијанса ако осветлат. Најдобро исфарбај се уште еднаш со најсветлата нијанса,но само на тие делови кои не ти фатиле од бланшот.