Има има, ако не најдеш вака во слободна продажба по фризерските салони ги има, околу 600денари мислам беа. И многу се густи убави исто знам дека не оштетуваат до тој степен како некои други. Одличен избор Корицаки Спојлер за оваа мака ќе ти пратам пп, гледам и ти си ко мене ама и за вакви ко нас "експерименташи" има решение и тоа проверено. п.с. не е реклама, само совет од лично искуство
Ќе видиме како ќе испадне со оваа фарба, се надевам малку накај сиво ќе испадне ова портокаловото да се изгуби ако не испадне ништо,следно на фризер
Порано Koleston ги имаше во Рубин - Кармин (сега Рубин) и штета што квалитетот е покриен со козметика која се продава на килограм. Во Рубин имаше стока која за таа цена беше далеку од просечен квалитет. А за парфемите и да не правиме муабет. Туку, за фарба беше муабетот: сега Koleston може да се најде низ дел од аптеките, само зависи како ќе погодиш зошто не ги носат секаде. Башка што се на половина цена за разлика од кога ќе ја купиш од фризер.
Уште поарно ко така, може да ми кажеш каде поточно низ кои аптеки ги имаш сретнато? Не мора тука може и во лп, чисто да знам за нареден пат. Анадер хјуџ фен оф колестон
Девојкии ми треба помош Користев палете бои (скандинавско плава и ash blonde) и 2-те пакетчиња бланш што идеа со нив и сега косата ми е ваква Прашањето ми е дали ако ставам ваква фарба портокаловото сеуште ќе ми стои или ќе стане уште полошо
^^ мислам дека е подобро да си купиш поскапа фарба овака само ке ја гориш за џабе , и нема да ти излезе портокаловиот пигмент. Мој совет е да си земеш на Кене фарба ке бараш од бисерните нијанси барем за да ти се среди пигментот а после користи што сакаш. Друга фарба е на лореал продеџи имаш многу нијанси. Барај на сиво да биде не како на сликата. А поефтина варјанта е Гарниер
Девојки ,да ве прашам дали на светол тен значи буквално сум бела дали ќе ми стои плава коса? Само не знам дали најсветла нијанса или најтемна за таа боја ?
Платине блонд ќе ти стои најубаво,и јас имам исто светол тен а моментално ми е жолта косата и никако не ми стои та нијанса ме прави некако бледа,болна ама се си зависи мислам дека и од тоа дали тенот ти е розевкаст или жолтеникав, значи нешто вака ти препорачувам или првата е побела а втората тера накај сиво
Ќе ти стои. Јас сум бела со плава (платинеста плава не жолта) и супер стои, а кога ќе се исончаш па... убавини
Да пишам дека се исфарбав со фарбата на Колестон 12/81 и сум презадоволна , кога ја нанесов фарбата на косата по 15 мин стана лилјакова и ми се изгубија тие жолти делови , ми остана уште сосема малку портокалово ама се си мислам дека тие делови ќе треба да се скратат зашто веројатно ми се оштетени од бланшот. Исто така и секое миење ќе се осветлува бојата и поубаво ќе изгледа навистина е добра фарбава , сега за сега не се фарбам кога ќе дојдам во Мк ќе ја земам фарбата на Еволушн 11 11 па ќе видиме. Мислам дека фризер не ќе ми е потребен освен фарбање не би ми требало повторно бланширање нелуи
Последните два пати се фарбав со гарниер и не ги добив посакуваните резултати,па денес повторно си се вратив на кене и една капка црна преубава ми излезе.Малку повеќе ја суши косата но и нема замена.Слушнав и дека субрината е добра па сакам следниот пат да пробам и од неа ама онаа професионалната што ја има во салоните.Дали некој има искуство со неа???
Денес ја земав оваа фарба , поминаа 3 недели па уште сега ќе се исфарбам па потоа ќе отидам на фризер Ја земав Колестон 12/96 , по бела и по сива е од Колестон 12/89 , се ндевам сега подобра ќе испадне
Си закажав на фризер на 3ти август , па се надевам дури тогаш ќе се пофалам со мојава коса инаку еве најново каква ми е , се фарбав пред една недела , ама на некои места се уште ми е портокалово ама готово наредно на фризер
Да не редактирам по 100ти пат бев на фризер и ми рекоа дека ке ми одговара оваа нијанса на плава,вака нешто
Епа еве јас да се пофалам. Вчера кооонечно бев на фризер , за шишање и фарбање (косата претходно ми беше жолто портокалова ко пченка ) , ми рече бланш нема да ми стави зашто косата ќе почне да се кине , исто ми рече дека не ми е косата толку катастрофална ко што мислела зашто нели двапати бланш ставав во еден месец Ме фарбаше со Еволушн 11.11 +12% хидроген чекав 30 минути и прилично добро ми фати бојата на косата , сега ми е на мали праменчиња се уште портокалова ама тоа е бидејќи претходно бев црна. Ама важно сум презадоволна и од фирзерката и од фарбата (ќе ја земам повторно ) и од фризурата , исто ми рече дека по две фарбања ќе ја добијам бојата што ја сакам и кога ќе ја добијам да го фарбам само коренот. Еве и слика
Мојава потрага по идеалната плава почна некаде април месец , прво отидов дадов 700 денари за бланш, ништо не беше таа што ја барав, бев на фризер се офарбав дадов 400 денари за фарбање жолта ко на кокошка ми излезе , ајде пак дадов 400 денари за фарбање некоја безвезе сиво жолта ми ја напраија-ужас уште подалеку од тоа што сакав , и така пак уште еднаш по две недели на фарбање и пак НЕ тоа што сакам Вчера ми пукна филмот решив ќе се фарбам сама, отидов ја зедов најефтината фарба што ја најдов во маркет 12.0 елеа и верувале или не токму тоа што сакав еј , фрлив толку пари на италијански фарби, квалитетен бланш, што ли не за решението да било толку лесно, баш ко на сликата ми излезе, ептен и се радувам
Мене идеална нијанса на руса коса ми е оваа - И сега ми текна да се исфарбам плава, ама немам храброст, прво од тоа како ќе ми стои, и да не ми се изгори цела коса. А инаку имам бел тен.