за оваа фарба зборуваш? јас гледам доста се фалат ама ако мислиш дека може да е стара па да не ти направи проблем земи си еволушн. Ама еволушнот да знаеш дека е мн јака фарба мене лично ми ја гори кожата ептен
Женски не ми стигаше не сум ја надгледувала темата Јас ја земав во една прафимерија во Охрид См сеа се фарбам кафеава иначе и овааа ми е убава ама сакам да си ја вратам плаво си е плаво.,.
мене од оваа кога се фарбав ме чешаше многу главата ама не и беше после тоа црвена кожата или нешто така кога се миев
Мене фризерката ми става 3 различни фарби за да добие руса коса, многу светла, а плус и редовно се шатирам и ставам бои кои паѓаат. Ептен ми е тешко сама да се трудам за убава боја и затоа оставам на фризерките, оти не сакам жолчка глава или канаринец Основата ми е црвенушкава и ако не ја погодам можам лесно морков боја да добијам. И претходната фризерка ми мешаше различни фарби за да добие руса коса и викаше дека сите кои се различни и дека не може со една фарба на сите иста да им биде косата. Фарбањето ми е како уметност Не може секој да успее да направи совршена боја. Проблемот ми е што многу време се губи на фризер, па си носам книги со мене или таблет за да издржам таму
девојки ај хелп како од црна плава да се напраам ..за со бланж знам ама па пак ке шетам како морков хахха
браво, преубава коса и боја, и јас сакам да ја пробам фарбава ама ми е страв да не ми изгори кожата So Colourb4 имаме пишувано многу за ова претходно , јас така ја извадив црната боја од косата и сега сум плавуша. Тоа е деколоратор и го има во Космо околу 750 денари е. Ја вади бојата и косата е црвено портокалова. Потоа можеш да и ставаш најсветла плава еве можеш некоја од Кене да земеш , ќе јап омешаш со 12% хидроген додека да добиеш плава зашто 12% хидрогенот највеќе осветлува. Ама да знаеш ќе треба време да помине додека да добиеш плава. Јас се мачев 3 месеца а и ставив бланш еднаш дома и потоа ми скисна и отидов на фризер и таму ме офарбаа и добив убава сиво плава боја. Бланшот ја оштетува косата ама ако некој знае како да работи со него нема да имаш големо оштетување. Јас би ти советувала на фризер , црната боја тешко се вади ама еве ако сакаш можеш и со деколораторот да пробаш
една другарка беше црна исфарбана и никако да и падне бојава ама се направи со бланш и излезе нијанса карамел
може да се сликаш ? можеш само одзади или стави нешто на лицето како погоре што има навистина ме интересира како ти изгледа косата
офф знам дека ке биде морков лани си ја правев па бев со жолт корен и црвена надоле хахаха..ајде ке пробам со ова деолораторов па ке ви кажам што сум направила.а од коа ке ставам плава фарба ке се оправи тоа портокаловото? и дали ке ми треба само еден деколоратор бидејки имам прилично долга и густа коса? ке пробам и на фризер после домасното фарбање ама од прилика колку пари зимаат од дамна не сум била на фарбање на фризер хехехе.да подсоберам пари и ке почнам.ако побарам од дома ке ме обесат цел живот експерименти праам на косава богатство потрошив хахаха
Деколорантот ќе ти ја извади само бојата на косата , а колку ќе биде осветлена тоа зависи од твојот пигмент / влакно. Потоа ќе треба да се фарбаш додека ја добиеш плавата боја ама ќе треба да се изнадаваш пари за фарби..ти ако сакаш можеш да ја извадиш бојата со ова па да одиш на фризер и таму нека те средат. Инаку ќе ти требаат две кутии со сигурност
Да за таа зборувам. Инаку еве ке побарам мислење и предлог од вас. Косата ми е неколку пати бланширана до степен што е темно жолтичка светло портокалова. Сакам да добијам убава плава но да не е бела. Дали да земам 11.11 еволушн со 12% хидроген или некоја од стил фарбиве (предлог нијанса). Целта ми е да ми се осветли косава дополнително и плус нијансата да биде убава. Еве нешто ко на Малечка да испадне. Не сум уште навлезена во светов на плавушите )
Јас кога се избланширав ми беше ко жолчка од јајце бојата, а со фарбава дирекно на кафеава преубава светло плава боја оваа стил co9
Да , можеш да пробаш и со оваа Стил , гледам многу се задоволни од неа, дека не им пожолтува косата , дека бојата е долготрајна не паѓа одма. И мислам дека нема да ти биде баш бела оддеднаш туку сигурно ке се осветли. И ако земеш од Стил кажи ми од кај си ја земала. Еве имаш и др нијанса на плава
Си зедов за право да ставам уште една слика тука подобро се гледа...значи со кене 15 17 сум фарбана,и јас не сакав вештачки изглед и многу бела коса си ја сакам оваа нијанса
Девојки дали некоја од вас ја има користено 0SP најбелата фарба од еволутион.....Дали сте задоволни???Страв ми е да не ми ја спепели косата а веќе подолго време копнеам и се мислам за оваа боја....