Не ми е кафена о.О. Океј не е баш како на сликава посветла е многу, смеѓа ми е. Летото дури и плави прамења имам. Само што пишав на интернет потемно blonde како мојата ама ваа најличеше затоа оваа а ставив за пример.
Мој совет немој со бланш... Штом ти е темно плава или најсветла кафена подобро постепено да ја осветлуваш со фарба отколку наеднаш пепел да ја направиш... После џабе убава боја ако косата личи на метла
Не отчекувај нешто Wow од прва...за неколку фарбања ке ја постигнеш саканата нијанса... Користи фарби за професионална употреба доколку сакаш резултати...немој некоја ШКЉ фарба...
@allaround Па добро тогаш , пробај и со фарбања , ама ако гледаш 2-3 фарбање не ти осветлува оди си на фризер нека ти ја направат косата и готово , зашто од искуство ти кажувам и мојата коса не е темна кафена ама се изнамачив додека дојдов до плава. Исто така сите го имаме тој црвен пигмент па мака мачев и со портокалови прамени , а користам само професионални бои Колестон , Игора итн
Затоа постои силвер шампонот за плавуши Која и да е боја со тек на време паѓа сивилото и станува жолта или портокалова...со бланш дури повеќе жолтее отколку со фарба. Со тој шампон ќе биде како постојано да е тазе фарбана...спас за косата.
Мене многу ми помага постојано го користам. Колку подолго го држам на косата толку по сива е нијансата.. Тоа си паѓа после за недела две исто како преливот...наместо тонер шампонот ми врши работа
Ако зборуваш за силвер шампонот од ДМ - мислам Балеа беше, и јас сум многу задоволна. Имам прамени вадено со блашн, скоро бели. Туку и колешките што го користеле се мн задоволни. А обично пожолтуваат мн брзо.
како да почнам да ја осветлувам косата во домашни услови сама, без бланж? Имам кафеава коса, сакам да добијам првин некоја посветла нијанса на кафеава, па потоа да поминам во плави? Предлог фарба? И да, ќе треба ли да ја фарбам првин со некоја посветла кафеава боја на фарба или веднаш со плава да ја исфарбам за да ја осветлам?
Значи дури уште бев во Македонија, се фарбав со Гарниер 111 незнам како и е името, паковањето беше некако со плаво зеленкасто. Океј беше фарбата, ама сакав посветла. Во меѓувреме се преселив во Париз, продолжив тука да се фарбам со Гарниер Belle Color 111 се вика фарбата. Летоска се вратив во Македонија, се исфарбав со колор сенсејшн 111 и конечно ја добив нијансата што ја сакав. Значи совршената фарба. И сега сум пак во Париз и никаде неможам да најдам колор сенсејшн ниту во маркет ниту на амазон ниту на ибеј, НИКАДЕ! Па сакав да прашам поискусните ако знаете, дали ако измешам од оваа другава гарниер 111 со хидроген ќе добијам нешто посветла нијанса? Пошто нормално не ми излегува баш ко на сликата туку нешто потемно. Хелп
Не ели...овој го земам преку фризерката моја...имам два различни користено Silver tone на farcom и silver reflex не памтам која фирма беше... 300мл-400 денари...ама ми трае долго
Без бланш нема да ти осветли косата , а ако ставиш фарба портокалова ќе ти стане , ако имаш некоја лешник боја можеш постепено да ја осветлуваш , но не ти препорачувам , вие што сакате да бидете плави не ја мачете косата , одете си правец на фризер нека ве избланшираат и потоа фарбајте се како сакате.
kortisaki јас сум природно плава, мора ли бланш да користам за да добијам нијанса слична на девојката од сликата од колор сенсејшн 111?
фала за коментарите ќе гледам да ги послушам само може ли да ми каже некој каде може да најдам четка за фарбање?
Сепак зависи и до косата твоја, јас имам сив пигмент, тенко влакно, и лесно прима боја, кога се фарбав порано со 9% хидроген и кеуне 1517 добивав многу убава боја (а природна ми е нешто како на твојата слика). Четки за фарбање има по маркети, аптеки, дм, космо...
Ако сакаш плава бебешка нијанса купи си сајос фарба вака изгледа 250 ден е,јас ја користам и да ти кажам воопшто не ја гори косата барем мене не.
Ќе побарам, на сајос тука само шампони и кондиционери има, фарби не сум сретнала ама ќе побарам. Оваа со сив подтон е нели? И ако може слика да ставиш како ти испаднала тебе? Фалаа