Мојата фризерка во русата фарба капнува малку виолетова боја за да се созбие жолтилото и тоа е добро Но мојот проблем е мојот црвенишкав пигмент што ни бланш неможе убаво да го осветли во корените
Дали ја има колестон во ск и каде? Јас сакам да сменам, користам Keune 1517 или Evolution 11.11 во зависност што има во нашиот град по парфимериите.
Женска вака. Со оглед на тоа дека сум 10 години плавуша ќе ти дадам неколку совети. Прво, тоа што си ставила 12% хидроген само пожолта ти ја направило косата, треба време и ќе ја имаш најубавата руса коса . И јас на почетокот така, ми се брза да добијам убава боја и дома знаев да се фарбам со 12% хидроген, најчесто со Evolution 11.11 или Keune 1517, но фризерот мој примети и ми вика, џабе ставаш 12% само пожолта ја правиш, лекот е почесто (на 2-3 недели да не дозволиш премногу да подникне) само корен со 9% хидроген. Јас цела коса не сум исфарбала со години, само корен и перфектна плава ми е иако цела не ја фарбам ич. Само трпение, почесто фарбање само на корен со 9% хидроген и солидни фарби како Evolution, Keune, Koleston... еве сликичка од мојата коса.
Во фризерски салони ја има.. Јас би те советувала да престанеш со непрофесионалните фарби бидејки има премногу оштетување на косата.Јас користам колестон со 9ка хидроген постепено ми се осветлува и најважно нема оштетување
Да знам, дека професионалните фарби помалку ја оштетуваат косата, но во многу фризерски салони и Еволушн и Кене ги користат како ,,професионални" бар кај нас...
Фала ти многу на советите, но не можев да ја поднесам и се префарбав кафеава, мислам светла таква како што ми е и природната боја на косата
zenski mislenje za farbava aura velvet ton nijansa special light silver blonde 11S svetlo srebreno plava?
Имам веќе балајаж на главава, горе ми е смеѓо бронзена, доле плава. Но, сакам да добијам ваква. Па дали е изводливо?
Ја осветлив косата со араганово масло но не и коренот,сега сакам целата да е плава.Дали е можно да се изедначи со некоја фарба за да не го фарбам плавиот дел? Еве слика од косата
Дали некој има искуство со субрина профешионал бр. 10\6 lightest blond -intensiv purple И 11\3 special blond -cendre
Прелив ? Или како и да се вика Ехотон ? Погоре гледам сива си сакала да ја направиш ја правеше ли ? Оти имаш разни бои на сликите некаде е пожолта некаде сива. Каква ја направи, и да возможно е со бланш и прелив. @Blondie14 Каква сакаш цела да ти биде косата ?
Бланш НИКАКО.Влакно нема да ти остане на главата. Купи си во ДМ има тонери за коса, незнам дали Ехотон има баш таму, ама прашај. Колку и да ти е жолта, со Ехотонот ќе ти стане сребрена....на секое миење ќе ставаш на влажна коса се додека не дојде ред за фарбање.Остави малку простор до наредно фарбање, бар 10-тина дена. П.С. Уште кога те читав дека сакаш промена и дека ќе правиш нешто на главата, знаев дека беља ќе направиш
Рефке мене уште ми стои косата и јас бев најмногу против бланш, иако имав користено фарба со бланш и после 3 месеци ја направив пак со бланш. Колку време треба да стои тоа на глава? Одма се мие или барем 5 минути да постои ? Каква маска користите за сива коса, мене фризерката ми рече да купам една жолто шишенце 500 мл. со ќератин од тие што ги купуваат преку дистрибутери 800 денари ? Користи ли ваква некој ? Хелп А зш беља ќе направи мор Рефќе
Има некоја конкретна нијасна што ти е испробана или? Само за утната фарба е или може и за да се освежи после недела два сјајот на фарбата?
Многу од нас кога ќе ја утнеме фарбата прво што ни паѓа на памет е БЛАНШ. Бланш на фарбано е смрт за косата. Меѓу две фарбања се препорачува да помине време, за бланширање исто така Бланшот кога се употребува нели се меша со хидроген.Најчесто ставаме 6%, ама секое влакно и секој пигмент не е за 6%...некој е за повеќе, затоа и ни излага жолта боја. Конкретна нијанса незнам во моментов, не сум дома, ама и секоја боја не е за секоја нијанса. @Winter Lady ако се бланшираш два пати по ред за кратко време косата не што ќе ти се испокине, туку она што ќе остане на глава ќе се тегне како мастика. Испробано ми е