Зошто ми се здосади Веќе 5 години сум црвена, а претходно бев 5 плава. Сега ми се свиѓа балајажов, ама е напорен зошто брзо станува помаранџест
Темна фарба ти стаила затоа ти фаќа или ако не ти е исечена од црвеното. Еве ваква ми е моментално. Само види ги сликите зш ги бришам ради привтност. @CameliaMiller ти држам среќ д ти излезе какваншто сакаш сепак Бланш и све е возможно и прелив
Мене во месец дена ме бланшираа 3 пати (шатираа фактички) за од црвена да станам вака После на бланшот му ставаа преливи, а на коренот фарба. Сега долниов дел сакам уште повеќе да го осветлам, бел да ми стане или сив, а за тоа мора прво скроз плав да испадне без помаранџестиве прамени. АЈ нека ми е со среќа
Јас од црвена сакав да се вратам на кафеава и ми чукна дома да ме фарба тетка ми, и ми излезе црна. Ама многу убаво ми стоеше. Ама првите 2-3 дена додека се привикнам ми идеше да ја искорнам косата од глава. После ми беше мака пак кога си дојдов на слична на мојата. Епа тогаш почекај еден месец не ставај бланш, само фарби и преливи. Немој без коса да останеш. 3 пати е ептен многу фризерката како се согласи, тука да е нема да сакат да ти ја чепнат.
Умерено и полека, со пазење да не се фаќа ист прамен 2 пати Тоа беше во април, од тогаш ништо посебно немам правено, само корен фарбање и неуспешно тонирање со Балеа.
Ќе пробам со Гарниер 111 црвената за да не ми испадне многу на жолто само тоа подраснатото да го исфарбам ? Инаку дали е добар лилјаковиот шампон на еугене перма да го земам во случај многу жолта да ми испадне?
Да ве прашам јас нешто.. Keune 3000 или 3001 беше, ух не ми текнува, таа најбелата.. Фаќа на кафена? Или уште да ја осветлувам.. Мислам, знам дека нема таква да ми стане ама дали ќе ја осветли воопшто.. Решив да одам накај плаво, природно имам темно кафена накај црна коса, сега стигнав до светло кафена, лешникава..
@Dust еве како изгледа 3001 Јас се фарбав со 1517 на кене , мојава нешто по накај сиво беше.. како и да е , ако бојата ти е лешник , пробај постепено да ја осветлуваш стави 1-2 пати фарба плус 12% хидроген , на почетокот може жолтеникаво да ти излезе поради хидрогенот , но 12ката побрзо ја осветлува косата одколку 9% , е потоа кога ќе ја добиеш саканата боја почни да ставаш 9ка или 6ка хидроген и нема да биде жолта , плус земи некој од тие лилјаковите шампони што го убиваат жолтилото , јас го имав на Еугене перма и добар беше имаш знам и на Балеа. Сепак се си зависи и од пигментот на влакното колку побрзо ќе се осветли косата
Ајде плавуши, сакам баш ash silver боја на коса, знам дека тешко се добива па која од вас има баш таква нијанса Ве молам да ми кажете како да ја добијам. Јас пред едно 6-7 год. имав добиено таква нијанса со кене 1517 ама сега тешко, не знам до фарбата ли е, до моево влакно ли.
Прoбaј нa Кене 1517 или Евoлушн 11.11 сo 9 или 6 пoстoтен хидрoген , јaс бев презaдoвoлнa пoгoтoвo oд кене. Мoжеш дa си земеш и силвер шaмпoн имaш нa еугене пермa вo кoсмo
Тие 2 фарби најчесто ги користам, џабе е не ми излегуваат на сиво, на жолто повеќе не знам може после бременоста и хормонски нешто да е со пигментација .
Користите ли шампони против жолтило....мислам sikver reflex нешто така ги викаат. Препорачајте - јас кене купив и не сум мн.мн.задоволна