Идеална русокоса фарба Еве се спремам да излезам да купам keune,ама сега ме збунивте со бројчињата,една вика 15/17,друга 1032.И сега сум во недоумица која да земам,зашто плава сум,само малку имам жолтеникав сјај,а сакам да добијам бебешко плава и сега првпат ќе се фарбам со keune,да пробам.Ајде ако некој во моментов е вклучен нека даде совет. :geek:
Идеална русокоса фарба Еве ги двете.1517 е со графит , мене ми беше многу сива првата недела, ама со миењето си паѓа. А другата е беж плава.
Идеална русокоса фарба Јас ја користам Evolution 8.1 и иста ми е како на сликата. Сепак нијансата зависи и од самата коса, но сепак пробај, нема да згрешиш.
Идеална русокоса фарба А како тоа сте користеле бебе-пудра во смесата за фарбање а јас да не знам? Каква бебешка пудра, колкава количина и зошто би се користела???
Идеална русокоса фарба Мене ми е ваква бојата а се фарбам со Гарниер 9.0 http://images.okazje.info.pl/p/zdrowie- ... d-nr-9.jpg
Идеална русокоса фарба ^ Мене со секоја фарба после неколку миења ми е таква боја , а јас сакам посветла пепеласта боја и барем 3 недели да не се менува бојата. Планирам да земам некоја професионална фарба од фризерски салон, поскапи се ама ако се добри се исплати. А мене ме интересира дали вие што сте плави ја фарбате целата коса или само корените? Јас сакам само корени да фарбам да не ја општетувам целата, ама ми е страв да не сум шарена после, долу жолта, а горе сива.
Идеална русокоса фарба Jaс ги фарбам само корените и 1цм после корените што е тој дел (за да се изедначи бојата колку-толку). И бидејќи постојано ја користам истата фарба, корените за некоја нијанса ми се разликуваат од остатокот од косата (сепак не може со едно фарбање да се добие посакуваната боја). А целата коса ја фарбам на 6 месеци, па и повеќе. Ако на секое фарбање ја фарбаш целата коса, за брзо време ќе останеш без коса.
Идеална русокоса фарба Јас испробував нова фарба пред некој ден, па ја исфарбав цела. Инаку само корените, иако секогаш кога се фарбам, коренот жолт ми е. Ах грдосија. Инаку мене ми е долу побела, горе пожолта, пола - пола сум Ама не е којзнае колку забележливо. Тоа зашто ја имав шатирано за да ја направам цела плава.
Идеална русокоса фарба Јас постојано испробувам нови фарби ја барам идеалната затоа ја фарбам целата. Инаку ја кратам сега почесто негде до кај рамената ми е должината , ако не ја кратам многу ми е изгорен долниот дел, самата си се кини. Значи многу е тешко да се одржува плавата коса, на моменти ми доаѓа да се исфарбам во природната боја и да не се замарам повеќе, ама знам дека пак ќе сакам плава
Идеална русокоса фарба мислам дека Игора 11/1 беше најдобро нешто што можеше да се случи за плавите девојки ,иако веке одамна не можам да ја најдам фарбава, ако знае некој нека пише ке биде полезно
Идеална русокоса фарба Во КИМ парфимериите ја барав јас и ми дадоа New Classic Color Creme демек таа била, а нигде не и се сретнува тоа име. Па демек Шфарцкоф го продале брендот Игора Ројал на две други фирми, т.е. рецептот и сега се наоѓала под име Индола и оваа New Classic Color Creme. Прашав и во една парфимерија во К. Вода и ми ја покажаа истата фарба.
Идеална русокоса фарба А дали си ја пробала и дали дава таков резултат као и игората? Сигурно си користела игора нели? Ненадмашна беше , ако е тоа тоа ке си ја купам , да ја оправам малку бојата зашто постојано талкам, и се различни нијанси,а не чини да се мењаат фарбите.
Идеална русокоса фарба Ја пробав баш завчера, и пишав тука дека не сум нешто посебно задоволна, т.е. не гледам голема разлика од Гарниер 111. Ке видам понатака дали ке паѓа исто колку Гарниерот. Инаку прв пат ја пробувам, а претходната оригинална верзија не сум ја пробала. Која фарба ја користиш ти?
Идеална русокоса фарба И јас Гарниер ама не сум задоволна , а Игорчето беше врв од боја штета што не си ја пробала , зашто таа боја даваше прво посебен сјај и она баш плаво , не жуто , него плаво бебешеко да не речам. И затоа многу ми фали
Идеална русокоса фарба Пробај ја оваа, јас не би знаела да кажам зашто не сум ја користела. А од Гарниер не сум задоволна зашто одма ми паѓа и со жолта глава се шетам.
Идеална русокоса фарба Шфарцкоф да го продал брендот не верува, има кај една фризерка(вчера ја видов) баш таа во белата кутија Игора 11/1 порано ја користев кога бев плавичка,
Идеална русокоса фарба Ова би значело дека постои можност да ја нудат како професионална, само во фризерски салони? Зашто ете, во парфимериите под тоа име, оваа што ја спомнав ја продаваат.