Секоја коса - различна приказна. Во принцип сребрените и платинестите бои не би требало да даваат портокалов отсјај. Е сега, за жолтило... Јас немам премногу темна коса. Не дека ми е ептен светла, бринета сум, ама немам црвенкаст подтон.
Тоа е изгледа тајната на добрата боја што си ја имала Јас имам црвен подтон на мојата природна боја и коренот секогаш е жолтеникав, надоле накај врвовите фати убава боја ама коренот ме мачи.
Цел живот бев плава, кога се фарбав со гарниер 111 добивав таква боја што многу не можеа никогаш да ја добијат. И еден ден решив да се исфарбам црна кец. Се фарбав така две години се додека повторно не завршив плава. Но! Мојот корен што беше 10 смм подраснат без проблем ја примаше бојата на фарбата додека другиот дел од косата не сакаше да чуе. Имено, прво се деколорирав па се исфарбав некоја кафена медова боја. Така терав два месеци додека не се бланширав и не шетав еден месец буквално како канаринец. Се исфарбав меѓувреме со сите фарби што ги прочитав тука за сивкаста, ставив колор шампони, преливи, но одредени прамени што беа претходно црни не сакаа да чујат да излезат од жолтата нијанса. Се додека не останав без пари, а морав да се фарбам. Отидов у стокомак и ја најдов фарбава. Буквално 64 денари ми го неутрализираше целосно жолтенилото. Сега сум сива и конечно изедначена сегде. Бојата не ми се допаѓа ама е вистински неутрализатор на сите жути и портокалови прамени. Особено за оние што имаат темна коса а целат кон плава.
Ај те молам уште еднаш Upload на сликата да видам која фарба е таа. Имам портокалов пигмент се ми фаќа жолто. И морам да вадам нон стоп прамени.
Нешто до нетот е веројатно, имено фарбaта е miss magic 10.01.# Фарбава е буквално неутрализатор на делот од косата што ми беше црн, па кафеав па жолто никаков. Нијансата што ќе ја добиете е сива, мене ми е ладна нијанса многу и не ми се допаѓа ама е перфектна основа за да добиете убаво жолта или пак бела нијанса понатаму.
Не ја гори многу косата? Те прашувам зошто имам уплав од вакви фарби. По препорака на една жена во парфимерија земав некоја фарба што првпат ја гледам, пепел ми ја направи косата.
Па и ја се смеев ради истово. Мислев коа ми стана сива дека без коса останав готово дека е 64 денари. Нема врска, фарба ко фарба а ми заврши работа многу повеќе него што давав пари по 200 - 300 денари по други фарби, по преливи, по силвер шампони. Делот кај што беше црното некад тотално го неутрализираше жолтенилото па и некои портокалови прамени. Ќе бидам искрена сиво волку не ми се свиѓа ама за недела две коа ќе се префарбам со друга боја ќе биде изедначена конечно а не како расипан канаринец.
Да Ви препорачам нешто Левиот шампон (лила боја) е за фарбана руса коса. И самата боја на шампонот е лилакова (како што е графитот). После употреба и дава некоја сивкаста (ама ептен благо сивкаста боја) и жолтилото не се познава. Во ДМ на попуст во моментов е 95 денари
jas se dvoumev za samponive posebno go sakav liljaviot za da mi go pobie zoltiloto ama me popismanija lugje koi se somnevaat deka sampon moze da dade nijansa na kosata
Не ја осивува косата, да не се разбереме погрешно туку изгледа има како ехотон внатре. Жолтилото го ,,неутрализира,,
Здраво девојки! Сакам да ја потемнам малку, ептен ми е светла косава... Некоја убава фарбичка мед плава или златно плава, потемна да е битно? Тенкс.
Што е графит? Калва функција има? Како се одржува косата после негово користење? Како се корисѕи и колку кошта ,од каде го набавувате?
Сеа ве молам сите најмногу на свет. Фризерката ми е болна нема да фарба овој месец. Јас сум за фарбање. Ми треба плава фарба што не фаќа жолто на портокалов пигмент. Така викаат дека ми бил. Плс ве молам препорачајте некоја да си земам денес