Ми излегуваат на инста како реклама..овај шампон и кондиционер за зачувување на русата боја и да нема несакани темни и жолти тонови.. Дали некоја ги има користено и дали се ефикасни?:
Можеби третман со силвер шампон би помогнал. Во dm има и крема за корекција на бојата од Balea, во мало пакување. Таа го намалува жолтилото и има навистина убав ефект, но мене ми траеше до првото миење... Најдобри резултати имам од силвер (виолетовиот) шампон.
На упатството пишува да се користи еднаш неделно и по потреба да се остави неколку минутки да делува. Но јас го користам при секое миење на косата, наместо обичен шампон.
Имам едно прашање.. пред две недели ја осветлив косата и нијансата ми е се супер погодена, имам волумен густа ми е..ама многу косата ми стана како сува..и сега не знам што е најдобро за омекнување на влакното, а притоа да не влијае врз менување на нијансата што би ми предложиле? После капење буквално не можам да се средам..како што е густа откако ќе се исуши е ужас..како безживотна..
Мораш да ставаш маски на косата и регенератор при миењето. Фарбана коса бара многу одржување. Јас користам прилично ефтин регенератор и маска, од дома ќе ти ги пишам кои се, преубава ми ја прават косата. Можеш да земеш и силиконски капки плус.
Ставам еден балсам од алверде и еден спреј за помека и полесно расчешлување..ама пак е таква сува :/ Во секој случај може да ми ги кажеш твоите препарати па можда ќе пробам
Јас имам фарбана сува и цврста коса, ако не ти е шишана одма извади го оштетеното, и ставај масла на врвовите. Јас кокосово или маслиново ставам пред миење или еден час или спијам со маслото и наутро ја мијам пред работа. И на крај ставам маска фарком фирма од фризерката ја земав супер е многу ми ја омекнува
Оваа маска за коса е одлична. Доволно е да ја почуваш 5 минути на косата после шампонирање и ќе видиш многу голема разлика. Јас ја користам долго време, ја купувам од dm. Пакувањето е од 1 литар, а не е многу скапa. Помага и за полесно расчешлување, а и' дава и сјај и живост на сувата коса.
Не сум сигурна... Нешто над 300 ден. мислам дека беше. Се' уште го користам првото шишенце, но има голема разлика и плус прекрасно мириса, на лаванда. Има и маска за коса, ако не се лажам и таа е над 300 ден.
Здраво пред 3 недели се шатирав на сиво и сега ми пожолте може да ми кажете што да користим? Не сакам ехотон зошто на мојата пријателка од сиво, виолетово и станаа..
Да пробаш со шампоните што се,и членките имаа пишувано,баш за задржување на сивата нијанса се користат,се употребуваат при миење на косата како обичен шампон.